Дијаспора

ОМД се сретна со Брендан О’Конор-новиот австралиски Министер за имиграција и државјанство

omd

19 февруари 2013 – Мелбурн (Австралија)

omd

– Делегацијата на огранокот на ОМД во Австралија предводена од страна на Ордан Андреевски и заменик претседателот на советот на македонската заедница во Викторија, Александар Мојсовски, се сретна со Брендан О’Конор, австралискиот Министер за имиграција и државјанство.  Средбата се одржа во канцеларијата на министерот во изборната единица Каролин Сптингс која се наоѓа во западните предградија на Мелбурн, каде живеат значителен број на Македонци.

Андреевски појаснува “Министерот е пријател на македонската заедница и е почитуван од страна на Македонците. Нам ни треба повеќе функционери да ги следат неговите стапки, и да ги негуваат односите со Македонија и македонската дијаспора”.

Министерот О’Конор вели: “Имам зборувано во јавноста и во австралискиот парламент барајќи Австралија конечно да го признае легитимното право на самоопределување на Македонија како суверена нација и сите права загарантирании со Повелбата на ОН, и до ден денес стојам зад моите изјави. Овие суштински прашања повторно ќе ги пренесам до Премиерот Гиллард и Министерот за Надворешни работи, Боб Кар”.

Ордан Андреевски појасни дека имале две цели на оваа средбата. “Прво, да му честитаме на почесниот Брендан О’Конор на унапредувањето како Министер за имиграција и државјанство во владата на Премиерот Гилард, како и да му се заблагодариме за неговата поддршка за Обединетата македоснка дијаспора и целата македонска заедница во Австралија.  Второ, да разговараме за начините на кои министерот О’Конор може да ги зајакне и продлабочи односите помеѓу Австралија и Македонија, како и помеѓу австралиската влада и македонската заедница во Австралија”.

Следниве прашања беа дискутирани за време на состанокот:

  • Австралија конечно да ја признае Република Македонија под нејзиното уставно име пред австралиските избори во 2013 година, во согласност со планот за унапредување на  австралиско-македонските односи кој беше напишан преку австралискиот истражувачки советодавен проект наречен “македонската дијаспора во Австралија: тековни и потенцијални врски со татковината.”
  • Потребата да се отвори австралиска амбасада во Македонија, како што огранокот на ОМД побара во барањето доставено до австралиската канцеларија за дипломатски мисии, а ова барање во моментов интензивно се разгледува од страна на министерот за надворешни работи, сенаторот Боб Кар.
  • Потребата да се воведе безвизен режим за македонските граѓани да патуваат во Австралија, како што е случајот со земјите од ЕУ, а САД ја разгледуваат оваа можност;
  • Потребата да се олесни процесот на имиграција за квалификувани Македонци во Австралија, а со тоа да се задоволи недостатокот на квалификувани работници во Австралија;
  • Можност да се сретнат со македонскиот Министер за надворешни работи Никола Попоски, кој може да биде во официјална посета на Австралија во Март 2013 година. По примерот на договорот за културна размена помеѓу Австралија и Турција, препорачале, оваа прилика да се искористи за да започне процесот на потпишување на договор за културна размена помеѓу Австралија и Македонија, која ќе им овозможи на граѓаните од секоја земја да работат и учат една година во Австралија и Македонија.
  • Можност за организирање на Гала вечера или коктел прием во Мелбурн пред изборите во 2013 година, а специјални гости да бидат Премиерот Јулија Гилард и нејзиниот кабинет на министри од Викторија. Темата на вечерата ќе биде “Унапредување на австралиско-македонските односи и зајакнување на врските со македонската заедница во Австралија.

Исто така, Министерот О’Конор беше поканет да ја посети Македонија во најскоро време со цел да ги посети клучните институции и лидери во Македонија, како и да добие подобро разбирање за напредокот што Македонија го има направено од своето осамостојување во 1991 година.

Обединетата македонска дијаспора работи со сите сегашни и потенцијални членови на австралискиот Парламент, кои припаѓаат на целиот политички спектар врз основа на нивната заложба за негување на поблиски врски со Република Македонија и македонската заедница во Австралија.

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top