Дијаспора

Локална самоуправа во Србија го прогласи македонскиот јазик за официјален јазик

makedonsko-srpsko-zname

makedonsko-srpsko-znameОпштината Пландиште во Србија, која е дом на голема македонска заедница, го прогласи македонскиот јазик за службен јазик на општината. Локалното население во Пландиште ја поздрави иницијативата со надеж за подобрување на односите помеѓу Македонија и Србија. Оваа иницијатива е охрабрувачки пример за другите општини со големо македонско население во Србија, како и во Албанија, Грција и Бугарија.

“По распаѓањето на Југославија, јазичните и малцинските права кои Македонците во Србија ги уживаа во голема мера беа укинати. Драго ми е да видам дека работите може да се променат на подобро за нашата македонска заедница во Србија. Прогласувањето на македонскиот јазик за официјален укажува на фактот дека локалните власти имаат капацитет да вратат некои од укинатите права”, рече претседавачот на одборот на ОМД Стојан Николов. “ОМД се надева дека и другите општини во Србија со големи македонски заедници, како на пример Јабука и Панчево, ќе го следат примерот на општина Пландиште. Ќе биде потребна многу добра волја за да се решат и преостанатите билатерални проблеми меѓу Србија и Македонија, како што е континуираното непризнавање на Македонската православна црква од страна на Српската православна црква. “

Регионалениот претставник на ОМД за Грција Евгенија Нацилиду додаде: “Теритиријата на нашите предци денеска и припаѓа на земји членки на НАТО и ЕУ, и во овие земји различните култури и јазик се подложени на секојдневни напади од страна на ултра-националистичките политики на асимилација од страна на Тирана, Софија и Атина. Но, бидејќи забележуваме мали напредоци на правата на Македонците во Србија, се надеваме дека состојбата на Македонските заедници во земјите членки на НАТО и ЕУ исто така ќе се подобри. Можеби општинските власти ќе бидат иницијатиорите на потребните социјални промени, а не националните парламенти на овие држави.”

Според извештаите во медиумите, српскиот закон укажува дека малцински јазик може да стане официјален ако малцинската група претставува 15 отсто од населението. Во општината Пландиште Македонците сочинуваат 11 отсто од населението, но тоа беше сметано за доволен број за да се се прогласи македонскиот јазик за официјален.

Унгарскиот, словачкиот, романскиот, хрватскиот, рутеријанскиот, чешкиот, бугарскиот и црногорскиот јазик беа претходно прогласени за официјалени јазици во различни српски општини. Во Македонија, албанскиот, турскиот, ромскиот, влашкиот, српскиот и босанскиот јазик делат сличн статус во општините каде тие јазични малцинства сочинуваат 20 проценти од популацијата.

ОМД смета дека е иронично што земјите кои не се членки на ЕУ како на пример Србија ја имаат имплементирано Европската повелба за регионални и малцински јазици, додека членките на ЕУ, како Бугарија и Грција ја немаат имплементирано оваа повелба. Европскиот парламент официјално и целосно го призна македонскиот јазик во февруари 1994 година. Сепак, Бугарија и Грција, и Албанија ги контролираат териториите кои им припаднаа на нив по распоаѓањето Отоманската Империја по 1913 година, каде Македонците и денеска преставуваат мнозинство. Во секоја од овие територии, националните влади целосно негираат признавање на македонското малцинство и нивните основни човечки права.

Во прилог на бројни други злоупотреби, македонска самоидентификација не е дозволена на националните пописи, а се применуваат и строги контроли на употребата на македонскиот јазик. Исто така, екстремистички групи – како што се нео-нацистичката Златна Зора во Грција, Атака во Бугарија, и црвено-црната алијанса во Албанија – редовно користат тактики на заплашување против своите македонски заедници, а истите соработуваат и со радикалните елементи вградени и финансирани од страна на државните институции, како што е Грчката Православна Црква.

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top