Дијаспора

Македонците во Албанија во текот на 100 години од албанската држава

debata1

debata1

Македонско-бугарски дуел на дебата за малцинствата во Албанија.

Правниот факултет при Универзитетот „Марлин Барлети”, во соработка со албанскиот Институт за односи со јавноста при овој Универзитет, на 13-ти и 14-ти февруари организираа Меѓународна научна конференција „Албанија и националните и културните малцинства”.

На ова конференција  земаа учество бројни домашни и странски автори од повеќе области.

На Конференцијата се разгледа положбата на националните малцинства кој живеат во Албанија, се разговараше, анализираше како и се дебатираше за разни прашања поврзани со малцинствата во Албанија.

Најмногу дебата и реакција имаше на секцијата „Социо-економскиот статус на малцинствата во Албанија”. Имено во ова секција од Бугарија учествуваше Веселка Тончева од Институтот за фолклор при Бугарската Академија на Науките и Васил Стерјовски, македонски активист во Албанија.

Веселка Тончева во својот реферат „Традиционални песни и Идентитетот: Заедницата од Голо Брдо (Албанија) помеѓу Бугарија и Албанија” на Конференцијата истакна дека со формирањето на албанската држава 1912 година на Албанија и се дадени чисти бугарски делови, како Мала Преспа, Голо Брдо и Поле или Долни Дебар.

Статусот на бугарското населени во Голо Брдо не е како бугарско малцинство затоа што Албанија официјално не признава такво малцинство. Според историските податоци кон крајот на 19 и почетокот на 20 век Голо Брдо се сметаше за бугарско, како составен дел на регионот Македонија. Според бугарските истражувачи јазикот кој што се збори од овие луѓе е познат како бугарски и припаѓа на групата од најзападниот бугарски – македонски дијалект. Според бугарски поглед, песните на ова заедница се бугарски.-истакна Тончева во својот реферат.

Овие нејзини тврдења наидоа на реакција од страна на Васил Стерјовски, македонски активист во Албанија, кој реплицираше дека ова е чиста бугарска пропаганда.

debata2

„Ова што госпоѓата Тончева го кажа е чиста бугарска пропаганда. Да се разбереме. Во Голо Брдо, Гора и Мала Преспа не постои бугарско малцинство кој тука дошле за време на некоја војна и тука останале. Во овие региони има чисто македонско население кое по јазик, култура, традиција па и фолклор ништо не го врзува со Бугарија или поконкретно со градот Плевен од каде што доаѓа госпоѓата Тончева. Ова население има ист јазик, фолклор и обичаи со Македонците од другата страна на границата, на пример Македонците од Мала Преспа имаат ист јазик обичаи со Македонците од Ресен од Македонија и Преспа под Грција, Македонците од Голо Брдо има ист јазик и фолклор со Македонците од Дебар. Пред сто години овие региони беа дел од етничката територија на Македонија, но со поделбата на Македонија од 1912 и со формирањето на албанската држава овие делови подпаднале под Албанија.

Госпоѓа Тончева е само емисар на бугарскиот проект за воскреснување на “Голема Бугарија”. Овој проект воскреснат е после 90-те години на минатиот век, каде Македонија е една од главните претензии на бугарските националисти. Бугарија вештачки се обидува да направи бугарско малцинство во Албанија, Косово и Грција, за да ја огради Македонија и да докажи дека неможи да постојат Македонци во Република Македонија, затоа што самата Република Македонија е оградена од Бугари”,  истакна Стерјовски.

Васил Стерјовски во својот реферат насловен “Македонците во Албанија во текот на 100 години од албанската држава” истакна:

“Македонците во Албанија ја делеле судбината на Македонија и македонскиот народ кој со поделбата од 1913 година била поделена помеѓу Србија, Бугарија и Грција а подоцна со формирањето на албанската држава делови од етничката територија на Македонија подпаднале под Албанија.

Македонците во Албанија ги населуваат областите Мала Преспа, Голо Брдо, Гора, Поле и Долни Дебар и неколку села во околијата на Корча, Поградец и Билишта.

Освен селата Mакедонците се сконцентрирани во градовите Тирана, Драч, Елбасан, Кукс, Корча, Поградец, Билишта, Либражд и други.

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top