Дијаспора

ОМД го поздравува отварањето на канцеларија за верски слободи во Канада

omd

5ти март 2013 година – Торонто

omdОбединетата македонска дијаспора (ОМД) ја поздравува иницијативата од страна на конзервативната влада на премиерот Харпер да ја основа првата канцеларија за верски слободи во Канада.  Ова е втора институција од ваков вид во светот чија работа ќе биде да ја промовира верската слобода во светот, првиот е во Стејт Департментот на САД.  Меѓунадодната верска слобода во светот е клучен приоритет на Канадската надворешна политика.\

Огранокот на ОМД во Канада заедно со други етнички медиуми пред извесно време учествуваше во телефонски повик со канадскиот Министер за државјанство, имиграција и мултикултурализампочесниот Џејсон Кени, кој од неговата канцеларијиа во Калгари одговори на сите поставени прашањата.  Во телефонскиот повик тој изјави: “Ширум светот забележуваме се поголеми бранови на религиозни судења.  Ние веруваме дека верската слобода е основно право на сите луѓе во светот.  Ако една држава се обидува да ги контролира или ограничува верувањата на нејзините граѓани, тогаш тоа влијае и на сите други права што граѓанините ги имаат, и таа земја станува тоталитарна држава.”

Министерот Кени издвои бројни примери на државна репресија против религиозните малцинства во целиот свет, и го пофали изборот на д-р Ендрју П.В. Бенет како “заслужен јавен службеник и научник.”  Со годишен буџет од околу пет милиони канадски долари, канцеларијата ќе се фокусира на застапување на религиозните малцинства, анализа, развој на политика и програмирање, се во име на заштита на религиозните малцинства од верска омраза, како и промовирање на канадските вредности како што се плурализмот и разновидноста ширум светот.

“Одлуката на Канада да посветат ресурси за заштита на се поголемиот број на луѓе на кои им е одземено правото на верска слобода доаѓа во вистински момент”, изјави директорот за канадски операции на ОМД Џим Даикос. “ОМД со години се бори во првите редови за верската слобода на македонските православни христијани во Грција, кои не можат спокојно да веруваат во својата религија, ниту пак можат да го користат својот мајчин македонски јазик во религиозни церемонии без последици од државата.”

Во октомври минатата година, ОМД беше домаќин на делегација составена од реномираниот активист за човекови права архимандритот Никодим Царкњас и регионалениот претставник на ОМД за Грција, Евгенија Нацилиду. Делегацијата одржа средби на високо ниво во Вашингтон и Отава, во кои се потенцираше систематцкото угнетување од страна на грчката влада на автохтоната македонска заедница во Егејска Македонија (северна Грција).

За повеќе информации, Ве молиме прочитајте ги следниве статии:

http://umdiaspora.org/index.php/en/civil-rights-contents/689-umd-human-rights-delegation-visits-ottawa

http://umdiaspora.org/index.php/en/archimandrite-tsarknias-meets-u-s-ambassador-at-large-for-international-religious-freedom-slider-en

http://umdiaspora.org/index.php/en/civil-rights-contents/411-umd-calls-on-greek-orthodox-church-to-condemn-priests-anti-macedonian-statements

http://umdiaspora.org/index.php/en/civil-rights-contents/410-umd-calls-for-greek-metropolitans-excommunication

http://umdiaspora.org/index.php/en/civil-rights-contents/748-umd-rep-receives-death-threats-files-lawsuit-against-greek-media

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top