Дијаспора

Мумба парада во Мелбурн

mumba-parada-240

mumba-parada-240Настапот на Македонците на Мумба парадата е иницијатива на Гордана Димовска во соработка со КУД Александар Македонски.

Стотина илјади посетители го проследија настапот на 35 етнички групи и над 1400 учесници на  Мумба парадата во Мелбурн. Ниту пеколните жештини не ги спречија учесниците и посетителите да докажат по којзнае кој пат дека знаат да го промовираат својот град, и да ја покажат својата креативност.  Под мотото Мелбурн е креативен, организаторите имаа за цел да го истакнат најдоброто од областа на уметноста, филмот, музиката, театарот, културата, архитектурата и образованието.

mumba-parada-1

Исто така на овој настан се поздравуваат делата на најзаслужните мелбурнчани и појава на популарни лица од спортот и телевизијата.Кралската круна овојпат ја заслужија единиците на противпожарните екипи, амбуланта и викториската полиција кои беа поздравени со бурни аплаузи и извици од публиката со “Благодариме, благодариме“.

Во креативноста не изостана ни претставникот на Македонската заедница КУД Александар III Македонски и членови на македонската играорна група Весели Македонки. Публиката се интересираше за традиционалната музика и преубавите носии на играорците.

Честитки за учесниците и организаторите на овој настан. Мумба парадата е последниот чин од четиридневниот Мумба фестивал кој опфаќа голем број активности, музички настани во самиот град. Уште една прилика да се покаже убавината на Мелбурн и мултиетничкиот соживот.  За наредната година заинтересираните треба да поднесат апликации во септември за да си обезбедат учество на најекстравагантната парада во светот.

mumba-parada-2

mumba-parada-3

mumba-parada-4

Македонска нација

Најново од: Дијаспора

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

To top