Дијаспора

Анализа на систематската злоупотреба на правото на верска слобода во Грција

omd

omdОбединетата македонска дијаспора (ОМД) го објави издавањето на својот нов извештај со наслов: Злоупотреба на правото на верската слобода во Грција – со акцент на случајот на македонската православна црква.  Во извештајот се истакнуваат примери на севкупната култура на злоупотреба на правото на верска слобода во грчкиот правен систем, искуството на имигрантите, турското малцинство во Тракија, како и случајот на македонската православна заедница во Егејска Македонија (северна Грција).

Во Грција не постои поделба на црква и држава, и член 3 од Уставот ја дефинира грчката православна црква како “главна религија” во целата држава. Според оваа дефиниција, членовите на грчкото православно свештенството се сметаат за државни службеници, а чинот на прозелитизам или кремирање е забранет. Самиот правен систем во Грција не дозволува верска слобода за други религии освен за припадниците на грчката православна црква. За ова сведочат големиот број на обвиненија против турските муфтии од Ксанти, кои обвиненија беа  ослободени пред Европскиот суд за човекови права.

Судбината на верниците на македонската православна црква во Грција е уште поочајна. Грчката влада веќе дваесет години го одбива барањето за дозвола да се изгради македонска православна црква во Аридеа (Соботско), а македонското малцинство во Грција секојдневно се соочува со комплексни процедурални казни. На пример, грчките свештеници одбиваат да крштеваат деца со македонски имиња, а лидерите на грчката православна црква, како што е Митрополитот Антимос од Солун јавно поттикнуваат насилство врз Македонците.  Свештениците, кои се вработени во јавниот сектор создаваат мрежа на информатори да координираат со државната полиција за да се потиснат сите човекови права на Македонците во земјата.

“Во согласност со меѓународното право, ОМД се надева дека Атина конечно ќе воспостави еднакви верски слободи за сите грчки државјани и жители. Членови на американскиот Конгрес, на Стејт департментот, како и членови на австралискиот, канадскиот и бројни европски парламенти ќе добијат копија од нашиот последен извештај, и ние ќе продолжиме гласно да зборуваме во име на безгласните вески малцинства во Грција”, изјави претседателот на ОМД, Методија А. Колоски.

Претставникот на ОМД во Грција, Евгенија Нацилиду, додаде: “Додека грчката влада е зафатена со решавање на економската криза, во исто време во Грција има и социјална криза. За ова сведочи подемот на агресивната фашистичка политика во грчкиот Парламент, како и подемот на тактиките на заплашување. Некои од новосоздадените фашистички елементи тесно соработуваат со грчката православна црква. На грчкото општество му се заканува ксенофобија и нетолеранција, а ние во ОМД напорно работиме за подигање на свеста во Европа и во светот за социјалната ситуацијата во Грција.”

За да го прочитате целиот извештај, кликнете ТУКА.

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top