Дијаспора

Јубилејна прослава на Литературното друштво „Григор Прличев“ во Сиднеј

avstralija-35-jubilej

35 години заштитник на македонскиот јазик во Австралија

avstralija-35-jubilej

Минатиот петок, 12 април, во Сиднеј на свечен начин се одбележа 35 годишницата од постоењето на Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија. На свечаноста присуствуваа стотина членови како од Сиднеј така и од поближните градови кои имаа можност да се присетат за почетоците од формирањето и безбројните активности со кои Друштвото се постави на пиедестал како поборник за македонскиот јазик, литература и култура во Австралија.

Друштвото од самиот почеток превзеде водечка улога во негување на македонскиот јазик преку издавање на списанието „Повод“, организирање на наградни конкурси за „Прличева награда“, издавање книги од самите членови и формирање на библиотеката „Григор Прличев“. Од самиот почеток Друштвото ја превзеде улогата на организирање Денови на македонската култура, филмски фестивали, изложби, семинари и конференции, поетски средби, театарски вечери,  јавни протести, дебати и издавање писмени ноти во борбата за зачувување на македонскиот идентитет, барање човекови права за Македонците во поробениот дел на Македонија и апели за да се поддржи правото за самоопределување на Македонците во Австралија и да се запре дискриминаторската политика на Европската Заедница.

За јубилејот пристигнаа повеќе честитки од членови, соработници, почесни членови, асоцијации од Австралија, Америка, Канада, Европа и Македонија, како и од Агенцијата за иселеништво од Македонија и Друштвото на писателите на Македонија.

На своите најактивни членови, соработници и помагатели, Друштвото им додели благодарници за нивните напори во негување на македонскиот јазик. Исто така по изнесените претходни предлози на свечаноста се одлучи едни од најактивните членови да бидат прогласени за почесни-доживотни членови. Иван Трпоски беше прогласен за почесен член, а Душан Ристевски за почесен член-претседател. Исто така  на средбата едногласно се одлучи на најиздаваниот поет и писател Иван Трпоски да му се додели посебна Прличева награда за книгата „Угреј сонце во мојот сон“ што оваа година се издаде како избор од неговата поезија по повод неговата 35 годишна публистичка дејност.

Исто така им се додели посебна благодарница на Димче Џајкоски од Маседон Травел и на филантропистот Др. Васил Тулевски за нивното парично донирање кон издавањето на книги од Друштвото.

Честит јубилеј Прличевци!

P1130540

Душан Ристевски

Фото: Илија Вељаноски

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top