Дијаспора

Координација на активностите на македонските здруженија од САД и од Канада

sad-i-kanada

sad-i-kanadaВо Вашингтон вчера (13 април)  заврши македонската лидерска конференција на која учествуваа водечки претставници на македонската заедница во САД и Канада.

Следната конференција е планирана за јули, во Македонија.

Гостин на конференцијата на македонската дијаспора беше митрополит Методиј од Американско-канадската епархија, кој во изминатите денови имаше средби со членови на американскиот Конгрес и функционери на Стејт департментот.

„Се разбира, на овие средби го отворивме секогаш актуелното прашање – признавањето на Македонската православна црква и повторно дојдовме до поентата дека всушност прашањето за признавањето на македонската црква е поврзано со прашањето на името на државата. Во САД се прилично добро запознати со историјата на тој проблем. Тоа се клучни и за нас многу важни прашања, прашањето на признавањето на македонската православна црква и особено нејзина егзистенција како призната црква тука, меѓу религиозните организации во САД и, се разбира, и на стариот континент“, изјави митрополит Методиј.

Амбасадорот на Македонија во САД, Зоран Јолевски зборуваше за приоритетите на Македонија во контактите со САД, како што се продлабочувањето на трговските врски и подобрување на можностите за патување во САД. Јолевски ги претстави и можностите за инвестирање во Македонија, како и слободните трговски зони. Амбасадорот истакна дека придонесот на дијаспората кон економијата на Македонија се проценува на околу милијарда долари годишно.

Меѓу поголемите македонски организации присутни на конференцијата, покрај Обединетата македонска дијаспора, беа Обединетите Македонци од Детроит и Македонската православна филантропска заедница од Колумбус, во сојузната држава Охајо.

„Ги поминавме изминатите два дена во Вашингтон, зборувајќи со македонски лидери од организации низ земјата, за заедничките интереси и цели и мислам дека развивме разбирање за нашата крајна цел, која е поткрепување на интегритетот и успехот на Република Македонија. Ќе имаме редовни годишни средби на овие раководства во САД и во Канада. Една од главните цели не е само работата на спорот за името со Грција, туку и носењето инвестиции во Македонија. Мислам дека успеваме да го промовираме ова во македонските заедници за да поттикнеме инвестиции во земјата и отворање на работни места“, изјави Џорџ Питерс, корпоративен правник од Детроит.

Претставници на Американскиот еврејски комитет, како и на заедницата на Турците во САД, имаа предавања на кои споделија искуства и совети за тоа како подобро активистите на македонската дијаспора во Вашингтон да можат да ги градат своите контакти со американските власти.

Превземено од DW

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top