Дијаспора

Власите од Македонија остро реагираат поради непризнавањето како малцинство во Романија

vlasi

vlasiУнијата за култура на Власите од Македонија со индигнација и револт реагира и ја осудува одлуката на романскиот Парламент, донесена на 8 мај годинава, со која се направија измени и дополненија на Законот 299/2007, со кои измени Романија ги прогласува за Романци сите тие кои живеат на Балканот, надвор од границите на Романија и зборуваат јазик кој е произлезен од латинскиот јазик. Ова значи дека Ароманците или Власите како што се нарекуваат во Македонија, Меглено-Власите и  Истро-Власите ги прогласуваат за Романци и со тоа си го присвојуваат и правото да вршат романска пропаганда.

За жал ваквата одлука на романскиот Парламент е донесена на само еден ден пред 9 мај, Денот на Европа или Денот на победата над фашизмот, како што се нарекуваше и сe` уште се нарекува во Руската Федерација, каде и се прослави вчера со голема парада. Ова значи дека на самиот ден пред Денот на Европа, каде што е полноправен член и Романија, во Романија со одлука на Парламентот воскресна фашизмот и таа веќе станува втора земја, покрај Грција, каде што не се признаваат Власите како малцинство, а фашизмот им станува национална стратегија и определба. Романските парламентарци уште еднаш потврдија дека не е случајно што во 1913 година, или рамно пред 100 години, беа домаќини на проклетиот и злосторнички таканаречен мировен Букурешки договор со кој на Македонците и на Власите, без да бидат прашани, им беа одземени териториите и подарени на тацна на Грција, Бугарија и Србија. Романците и овојпат како и тогаш, во 1913 година се покажаа дека се фанариоти и лигуши кои работеа и работат и денес само за исполнување на пустите мегаломански апетити на Грција и за само два окрузи, Силистра и Калиакра, како петпариче ги злоупотребија националните интереси на Власите. Меѓутоа, за среќа, таа неправда донекаде беше исправена и во 1940 година тие територии, со Договорот од Крајова и` беа вратени на Бугарија. Бараме Претседателот на Македонија, Владата, Собранието, МАНУ, Институтот за фолклор „Марко Цепенков”, Институтот за Национална Историја и Ректорот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј”, посебно Филолошкиот факултет „Блаже Конески”, каде се уште се чувствуваат последиците од делувањето на еден романофил, да не наседнуваат на активностите кои ќе бидат преземани од романската политика за ширењето на својата пропаганда во Македонија. Годинава сигурно ќе бидат организирани било научни или други собири/трибини на кои ќе се зборува за ништавоста на Букурешкиот договор, па затоа бараме да бидат земени предвид и барањата на Власите и да се каже насекаде дека и териториите на Власите, Тесалија, Пинд и Епир се неправедно окупирани од Грција и тие еднаш треба да им се вратат на Власите за истите да станат национална територија на Власите. Исто така, ги молиме сите претставништва на европските земји во Скопје, оваа наша реакција и осуда на фашистичките аспирации кон Власите од страна на Романија да ја пренесат во министерствата на своите земји и во рамките на своите можности да делуваат за спречување на дејствувањето на Романија на просторите на Балканот и посебно во Република Македонија, каде што ние Власите сме признати за малцинство и ги уживаме некои од културните права и македонскиот модел треба да им послужи на Романија, Грција, Албанија, Бугарија и Србија за признавањето и на Власите како малцинство и да ги уживаат правата кои им припаѓаат според прописите донесени од европските институции.

Димо Н. Димчев

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top