Дијаспора

Во Сиднеј драмата БОРЕЊЕ СО МЕЧКА – WRESTLING THE BEAR се прикажа на англиски јазик

borenje-so-mecka-1

Минатиот вторник, 21 мај, бев сведок на прикажувањето на англиски јазик на драмата „Борење со мечка“ од Душан Ристевски во режија на Стефо Нанцу. Да бидам искрен бев возбуден не само од самиот настан, туку и од извонредната драмска престава која ги воодушеви присутните Австралијанци, повеќето здравствени работници.

borenje-so-mecka-1

Во прекрасниот Civic Theatre во Хрствил, градско предградие на Сиднеј, екипата на австралјанско македонскиот театар од Сиднеј покажа дека нивната актерска и артистичка способност блесна на англиски јазик и ме направи да се чувствувам горд Македонец што на културно – театарско поле им покажуваме на Австралјанците дека сме нација со богата театарска култура од антикот и дека социјално – здравствените пораки ефективно можеме креативно да ги пренесеме до публиката. Публиката беше воодушевена од настапот на целата екипа која динамично презентира една реална слика на две семејства растргнати меѓу стравот и желбата да се победи најлошата болест. Покрај комичните моменти преовладуваше трагедијата – реалноста со која се соочуваат семејствата кога се борат со „мечка“.

Прикажувањето на драмата беше официјално отворена од професор David Currow, директор на Институтот за рак на Нов Јужен Велс. Потоа следеше професор Liauw, клинички директор на Одделот за рак во Јужно-источниот дел на Сиднеј кој нагласи дека здравствениот систем претставува како лавиринт низ кој многу тешко луѓето се снаоѓаат. Генералниот менаџер на Здравствениот оддел од Јужно-источниот дел на Сиднеј, Terry Clout, нагласи дека театарот како културен пристап е многу културно ефективен начин во пренесување на здравствените пораки и ваквите иновативни проекти се единствени во Австралија. Со тоа се започна кампањата наречена ‘Alive and out there – Живеам и понатаму’ наменета за македонската, арапската и грчката заедница. Драмата „Борење со мечка“ е дел од оваа кампања и ќе има водечка улога во припремање на материјал за обучување на здравствените работници во Австралија.

borenje-so-mecka-2

Да се надеваме дека и оваа драма ќе постигне интернационално признавање како драмата „Страв и срам“ за која се јави интерес да биде применета како драмски приод за намалување на стигмата во Индија и Катар.

Меѓу присутните убаво е да напоменеме дека беше и Д-р Маја Цветковска, претставник од Австралиско-македонската Докторска Асоцијација за НЈВ.


Иван Трпоски

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top