Дијаспора

И покрај сите притисоци, условувања и негирања, правдата и вистината за македонскиот народ излегуваат на видело

Janko_Tomov

Janko_Tomov
Јанко ТОМОВ

Македонците и граѓаните на Република Македонија, сесрдно сакаат членство во Европската Унија. Скоро сите, освен социјалистичката опозиција на актуелната Влада, работат совесно во воспоставување на реформи и закони што ги бара  ЕУ. За таа правна, административна и организациона активност, без помош од ЕУ во последните 5 години, а имајќи во предвид дека Република Македонија била под управа на комунистите и социјалистите, што се спротивни од демократскиот систем на државите членки на ЕУ. Очигледно  некој ги кочи интегративните процеси и создаваа дезориентации, напнатост и нестабилност во македонското општество.

Поголемиот дел од македонските медиуми ослободени од досегашното влијание од погрешната политика на СДСМ, редовно ја информираат македонската јавност за настаните од позначајните конференции или состаноци на претставнички тела на институциите на ЕУ, изнесувајќи ги клучните елементи, одлуки или решенија, поврзани со изгласаните закони на Собранието на Република Македонија и реформите кои се услов за прием во ЕУ, кои најчесто се негативна реакција на тие тела или комисии.

Во „Дневник“ од 05 јуни 2013 во статијата: „Две Европски диоптрии за ист закон“-„ОБСЕ и Советот на Европа различно ја советуваат Владата за исти законски членови“. Се работи за две најсуштински прашања како што се слободата на медиумите и правата на новинарите.

Во ЕУ има претставници на политички организации со лева политичка ориентација, како социјалисти-лабористи или социал-демократи, а од друга страна партии со десна политичка ориентација како што се современите демократи и републиканци. Овие две групи имаат и свои претставници во институциите  и нивните комисии и тела во ЕП и ЕУ. За нив е важно да ги штитат правата на своите членови на Влади и опозиции во ЕУ или пак кандидати за членство, без разлика дали таквите се придржуваат на изгласаните закони на ЕУ поврзани со основните закони на Обединетите нации (ОН).

Бидејќи важните одлуки ги предлага и изгласува бирократската администрација на ЕУ, под влијание на поедини членки на ЕУ и поедини претставници на големите сили, како што се Франција и Германија, со помош на САД и В. Британија, понекогаш не се соодветни со постојните правни законски начела, туку се од политички карактер. Бидејќи гласањата се “едногласни” или со карактер на консензус, тие одлуки и донесени решенија не се подвргнати на критики или вета и дополнителни разгледувања. Во врска со тоа, таквите одлуки и решенија многу пати се контрадикторни во однос на нивните правни закони, кои ги користат дволично.

Еден од повеќето примери во врска со новиот закон за медиуми, „Владата доби сосема различни препораки од Советот на Европа и од специјалниот претставник на ОБСЕ за медиуми, Дуња Мијатовиќ“, пишува Соња Казиовска во „Дневник“. Досега, сличен закон за медиуми беше мошне тешко да се постави, а уште потешко да се предложи и да се усвои во Собранието. Новинарите беа уценувани за своето работно место од работодавачите, сопствениците и уредниците на печатените и електронските медиуми или беа недоволно стручно подготвени за вложување на лична етика во новинарството, што ги принуди да изнесуваат антивладини, односно пристрасни и нереални написи, задоволувајќи ги опозиционите социалдемократи.

Влиднини патриоти, кои се автори на национално-политички статии и книги, се игнорирани и систематски спречувани за своите јавни публикувања, особено од про-социјалистичките медиумски изданија и поранешните партии на власт. Делата на тие публикации имаат за цел прогрес на републиката и запознавање светските дипломатии и македонското општество за компетентни и веродостојни фактори од македонскиот јазик, историја, култура, вера, традиција и сл.

Што се однесува за правата на Македонците во етничките делови на Македонија, под окупација на Грција, Бугарија и Албанија, за жал тие скоро се  заборавени од ЕУ. Со тоа, ЕУ станува суочесник на тамошните шовинистички Влади, при тортурата, асимилацијата и денационализацијата на македонскиот народ,

После долго време и неактивност, една од најголемите организации за заштита на човековите права и во светот „Амнест Интернешанал“, најпосле неофицијално преку свој член, самокритички се осврна на незаштитата на Македонците, барем во етничките делови на Македонија. Иако постојат македонски организации во тие окупаторски соседни земји на Република Македонија, АИ не беше поврзана со нив од политички и материјални причини. Но, вистината секогаш излегува на виделина, така и овој пат, АИ прозборе за своите пропусти.

Во „Дневник“ од 10 јуни 2013 во насловот: „Енди Гран, експерт на АИ за Македонија“ вели: „Би сакал „Амнест Интернешанал“ да се зафати со прашањето на Македонците во Грција. Лично можам да кажам  дека положбата на Македонците во Грција е проблем“. Значи дека таму Македонците ги викаат “Фиромјани” или “Скопјани”. Било како, не се само тие навредливи зборови, туку меѓу нив се крие негацијата за македонското битие и уставното име на Македонија, а и ред други морални и материјални прикривања од страна на владите на Грција и Бугарија. Енди Гранд нагласува дека еден од проблемите со кои се соочува АИ е од финансиски карактер, што само по себе објаснува дека дел од активноста на АИ е наменета за задоволување на шовинистичките апетити на окупаторите на македонскиот народ во етничките делови на Македонија. Со тоа, досега АИ  го губеа својот статус на бранители на основните човекови права, а со најновото изјаснување на Енди Гранд, изгледа доаѓа надеж за надминување на недоразбирањата кои траат 100 години од крајот на Балканските војни, кога Македонците беа поделени и кога врз нив се вршеа драстички културни и верски асимилации и ѕверски денационализации.

Ние Македонците од републиката и дијаспората, веруваме во правдата на законите на ЕУ, исто така веруваме во правичноста на поголем број лидери и членови на кабинети на комисии и тела на институциите на ЕП и ЕУ. Веруваме дека правдата за Македонците и Македонија ќе дојде наскоро.

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top