Дијаспора

На Празникот на липите во ДПМ

Врачена наградата „Иселеничка грамота“

Наградата „Иселеничка грамота“ за најдобра поетска збирка на поет иселеник, што традиционално ја доделува Матицата на иселениците од Македонија, денеска свечено им беше врачена на Жаклина Михајлова од Сиднеј, Австралија за поетската збирка „Од^ по жица“ и на Лилјана Стоилковска Андовска од Малме, Шведска за стихозбирката „Аксиос“ на меѓународната поетска манифестација „Празник на липите“ во Друштвото на писателите на Македонија.

-Матицата на иселениците од Македонија оваа година за прв пат додели две награди „Иселеничка грамота“. Жири комисијата едногласно отцени дека и двете изданија покажуваат јасни книжевни и поетски вредности, со естетски дострели кои ги одбележуваат и двете поетеси како индивидуални творци, истакна д-р Вера Стојчевска Антиќ.

-Задоволство но и обврска е да се добие оваа награда. И благодарам на Матицата на иселениците што со доделувањето на оваа награда го одржува огнот на животот во македонските поетски иселенички души низ светот. Наша должност е да пишуваме на македонски јазик затоа што изворот на писменоста, мудроста, изворот на креативноста на убавината е од Македонија. Кој друг може да ја почувствува македонската традиција и да ја преточи во зборови, за да остане запишан сведок за историјата, кој друг ако не македонските поети и писатели. Затоа доделувањето на оваа награда е обврска да твориме и во иднина, истакна Жаклина Михајлова.

Лилјана Стоилковска рече, дека е среќна што Матицата на иселениците сите овие години истраја и продолжи и понатаму да ја доделува „Иселеничка грамота“, најпрестижната поетска награда за поетите од дијаспората. „Ваквите награди побудуваат интерес кај иселениците да творат на својот мајчин јазик, да го негуваат македонскиот збор и да го пренесуваат на идните генерации“, Истакна Стоилковска.

Лилјана Стоилковска – Андовскае родена во Скопје каде што завршила Учителска школа и Педагошка академија, за потоа да дипломира педагогија на Филозофскиот факултет. Сега живее во Малме, Шведска, каде твори и не престанува да работи на полето на културно-уметничкото презентирање на Македонија на тие простори. Првата стихозбирка „Разбудена биднина“ ја најавува нејзината определба како поетеса. Втората стихозбирка е насловена „Животот е фантастичен, но…“, а третата „Аксиос“ го носи митолошкото име на реката Вардар.

Жаклина Михајлова е родена во Кочани. Завршила Педагошка академија во Скопје, а потоа и Филолошки факултет – група национална литература и македонски јазик, на Универзитетот Св. Кирил и Методиј. Објавувала поезија и проза во најразлични литературни списанија и весници. „Од^ по жица“ е нејзина прва самостојна книга поезија.

Најново од: Дијаспора

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Најнови вести

To top