Дијаспора

Ќе се одржи 4-тата Глобална Конференција на ОМД

umdgloballogo2013

umdgloballogo2013После свечената вечера во Сиднеј на 5 јули годинава, во Република Македонија од 24 јули до 2 август 2013 година, ќе се одржи 4-тата Глобална Конференција на ОМД, во Скопје и Охрид врз основа на 100 годишнината од Букурешкот договор од 1913 година, кога Македонија е поделена помеѓу Грција, Србија, Бугарија и Албанија за време на Балканските војни. Исто така, патувањето на учесниците ќе продолжи и низ Егејска и Пиринска Македонија.

На 4-тата Глобална конференција на ОМД ќе има извесни теми околу македонските работи, околу грчката граѓанска војна на ДАГ од 1946-1949 година во Егејска Македонија, поврзано со „Децата бегалци“ – млади деца Македонци кои беа протерани од своите родни огништа и друго.

Им посакуваме успех на свечената вечера во Сиднеј на 5 јули, каде ќе присуствува и министерот за надворешни работи на Австралија, пријателот на Македонците и Република Македонија, Боб Кар и претставниците (парламентарци) на Либералите, Лук Скимсон и Лабуристот Стивен Џонс, кои ќе примат награди од ОМД за успешно бранење на уставното уме на Македонија, меѓу своите парламентарци Австралијци. Исто така им посакувам успех и во 4-тата Глобална Конференција на ОМД во Република Македонијуа од 24 јули до 2 август 2013 година, каде ќе имаат можност да се сретнат и запознаат со лидерите на Владата на Република Македонија, Собранието и Претседателот на републиката, како и да посетат дел од преубавите предели на родна Македонија.

Македонските патриоти кои се` уште не се пријавиле за свечената вечера во Сиднеј и за патување во Република Македонија за 4-тата Глобална Конференција, имаат шанса веднаш да се пријават во ОМД.

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top