Дијаспора

Конгресменот Марлин Статзман стана член на конгресната група за Македонија

meto-kolovski

meto-kolovski

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) со гордост го објавува најновиот член на конгресната група на пријатели на Македонија и Американците со македонско потекло – конгресменот Марлин Статзман (републиканец од Индијана). Тој го претставува третото гласачко тело на Индијана и е втор конгресмен од оваа соединета држава кој и се приклучил на македонската кауза.

Конресменот Статзман, избран за Конгресот во 2010, е член на финансискиот комитет на Конгрес и предводник на Републиканците од Индијана во Претставничкиот дом.  Конгресменот Статзмане член на поткомисијата за финансиски институции и потрошувачки кредити, како ина поткомисијата за монетарна политика и трговија. Пред да биде избран за Конгресот, Статзман служел во претставничкиот дом (2002-2008) и државниот сенат (2008-2010) на Индијана. Кога за првпат го избрале на 26 годишна возраст, тој, до 2006, бил најмладиот служебник во законодавството на соединетата држава Индијана.

“Ми преставуваше огромно задоволство да го запознаам конгресменот Статзман и лично му се заблагодарам за неговата поддршка на македонско-американска заедница во Форт Вејн, Индија, како и за потегот да стане член на македонската кауза,” изјави претседателот на ОМД, Методија А. Колоски.

Форт Венј, Индијана, е дом на една од најстарите македонско-американски заедници во САД која започнала да емигрира уште пред еден век. Претходната година, Форт Вејн беше домаќин на 91-та конвенција на Македонската патриотска организација, а во исто време е дом на најстариот континуирано печатен македонски весник во светот, Macedonian Tribune, основан во 1927, како и на македонски музеј.

Заедницата воглавно се собира во црквата Св. Никола која била основана од Американците со македонско потекло, по завршувањето на Првата светска војна. Во ноември оваа година, таа ќе биде домаќин на 43-от годишен македонски бал во чест на културното наследство од нејзините основачи.

“Марлин Статзман е човек со длабока верба, човек кој високо го почитува семејството и ја сака слободата. Семејството, вербата и слободата се преоритети кои го дефинираат,” рече Тимоти Гоеглин, горд Американец со македонско потекло, роден во Форт Вејн, специјален асистент на американскиот претседател Џорџ Буш и заменик директор на канцеларијата за врски во Белата куќа од 2001 до 2008.

“Форт Вејн се гордее со повеќе од 100 години богата македонска историја. Овде спаѓаат  советници на американските претседатели, градоначалници, доктори, професори, судии, бизнисмени, адвокати, како и други луѓе кои заедно ги претставуваат сите аспекти на нашето американско општество,” изјави претставникот на ОМД за Индијана, Арџи Н. Белио. “Зачленувањето на конгресменот Статзман во конгресната група за Македонија е само природно очекуван чекор кој го зацврстува нашето партнерство и покажува почит за придонесот на македонските Американци кон нашата заедница во целина.”

Конгресната група за Македонија функционира како орган за одржување и зацврстување на позитивната и обострано корисна врска помеѓу САД и Македонија.

Како глас на македонските Американци во Вашингтон, ОМД со нетрпение очекува да ја продолжи соработката со сите членови на конгресната група за Македонија, со цел понатамошно зацврстување на македонско- американските односи. ОМД ги охрабрува сите Американци со македонско потекло да ги контактираат своите претставници во Конгресот и да ги замолат да и се придружат на Конгресната група за Македонија.

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top