Дијаспора

Замерки, напади и притисоци од страна на ЕУ, НАТО, САД и опозицијата со цел менување на името

janko-tomov

janko-tomov
Јанко ТОМОВ

Европската народна партија е најсилна групација во Европскиот Парламент. Нејзиното влијание е од одлучувачки карактер на повеќе нивоа во кои се вклучуваат раководните функции на трите најзначајни европски институции.

Нели сето тоа  е креирано да се создаде една јака и просперитетна Европска Заедница, која меѓусебе ќе се помага, а и ќе ги помага и сите прогресивни народи и нации кои се наоѓаат во нејзина близина?! Секако таква организациона група, на народи и нации со политички, економски и што е најважно хуманитарни принципи, со темек на време, се стекнува со скоро сите потребни атрибути за водство и развој на современиот демократски –капиталистички систем на владеењето. Но, за жал поинаку стојат работите. Поради влијанија од поранешните окупаторски империи кои и ден денешен ги узурпираат правата на угнетените непризнаени народи и нации, како што е македонскиот народ и Суверена Република Македонија.

Мое согледување можеби не им оди во прилог, иако сите нивни активности се застапени врз усвоени закони на демократскиот живот, во кои спаѓаат усвоени декларации, правни регулации, програми, планови, одлуки, решенија и слично, со кои треба да се регулираат сите обврски и потреби на сето членство, на пример на ЕУ, НАТО, ОН и нивните безброј институци.

Изгледа се` е само на хартија, а ако испадне потреба да се задоволи правдата, првенствено се застапуваат своите лични интереси, кои ги потиснуваат или заобиколуваат нивните сопствени изгласани правни норми и демократски принципи.

Порано во добата на едноумието, а и пред него, како во мировниот договор  во Лозана, во 1922 година, Грција земала обврска на Македонците во Егејска Македонија да им даде право да го изучуваат мајчиниот јазик, што до денес се` уште не реализирано. Денес и во добата на демократијата, сведоци сме дека раководствата на ЕУ, НАТО, САД и други големи сили, не ги признаваат одлуките на своите сопствени врвни правни – институции, како што е Судот на ОН во Хаг, а да не зборуваме за Општата Декларација за човекови права изгласана во 1948 година на Генералното собрание на ОН. Тие одлуки како и поранешните одлуки и решенија од минатите војни, во однос на заштита на Македонците и нивните основни човекови права, кое не се применува ниту во Егејска Македонија (Северна Грција), ниту во Пиринска Македонија (Република Бугарија), а и донекаде во Албанија, до ден денешен .

Како еден пример од многуте е исклучување на македонското население на пописите во тие земји, недавање на право на глас во парламентарни и локални избори, недавање на право на користење на својот мајчин македонски јазик, да отворат училишта, медиумски куќи, да се изградат верски објекти или да се даде право за одржување на македонски верски обреди со македонски свештеници на македонски јазик и што е најважно да се спречи асимилацијата и денационализацијата, барем на тие Македонци кои се` уште постојат таму!

Дел од антимакедонските медиуми (извесни групи на ЗНМ, новинари поткрепени од приватни уредници и сопственици на медиуми и опозиционата партија) како што е „Утрински весник“, во насловот од 13 јуни 2013 година: „Либералите бараат реакција на Ештон за Центар“. Во текстот пишува: „Претседателот на Либералната Интернационала, Ханс ван Бален испратил писмо до шефицата на дипломатијата на ЕУ, Кетрин Ештон, со кое ја запознава  со случувањата во скопската општина Центар и дали презема нешто“. Тука се работи за неодамнешната демонстрација на група македонски граѓани и црковни претставници пред општината во која грдоначалник е г-дин Жерновски, кои бараа Советот на Центар да не ја укине дозволата за градење на црквата Св. Константин и Елена во центарот на Скопје срушената од земјотресот во 1962 година.

На регионалната конференција во Охрид, „Дневник“на 15 јуни 2013 известува под наслов: „Ротацијанците ќе го помируваат Балканот“. На оваа регионална конференција, учествувале и познати личности, како што се: бившиот амбасадор на САД во Скопје, Кристофер Хил, бившиот шеф на Пактот за стабилност , Едвард Бусек и бившиот претседател на 62 –то Генерално Собрание на ОН, Д-р Срѓан Керим и други претставници од балканските земји, без преставник од Грција. „Турскиот бизнисмен Балкан ја лансираше балканската мировна  иницијатива со која треба  да се надминат предрасудите во регионот, додека пак Д-р Срѓан Керим повика на регионална соработка според Скандинавскиот модел“.

Но дали е тоа така во праксата која треба да биде врз база на постојните правила? Еве уште еден пример, кој докажува непринципиелност во користење на постоечите ставови и правни норми на интернационален план. Се работи за изјава на судии во Хашкиот трибунал. Имено данскиот судија во Хашкиот трибунал, Фредерик Хархоф рекол: „ Хаг ослободува по наредба, а ние по политички притисок ги ослободивме Готовина и Маркич“.

Согледувајки ги пропустите на лидерите на ЕУ и нивните колеги од нивните институции, во врска со прием на држави од Европа во ЕУи НАТО, како што е Бугарија, која ги нема исполнето повеќето норми за прием во ЕУ. Потоа Грција која има нестабилна економија и прекумерно трошење на позајмени средства од финансиските институции на ЕУ, за луксузи, нерационално трошење и за вооружување на нивната војска, постоење на фашистичка оргранизација, попречување на Република Македонија за пристапни преговори со ЕУ и слично, нели е редно и демократски, лидерите на ЕУ да си дадат оставка на нивните функции, за да на нивно место дојдат, пообразовни и похумани стручњаци и правници кои ќе ги спречат сите неправилности и ќе придонесат поголем просперитет на сите полиња, како во ЕУ и НАТО, така и во Светот.

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top