Дијаспора

Бугарскиот владика Кирил го стигна македонската клетва

goce-durtanovski

goce-durtanovski
Гоце Дуртановски

bugarija_mitropolit_kirilРеториката на митрополитот Кирил за изложбата MANUSCRIPTA GLAGOLITICA во Велехрад беше од типично познатата бугарска позиција околу македонските ракописи, бидејќи светот и понатаму не смее да знае дека постојат македонски  ракописи кои Бугарија насилно ги присвојувала и отуѓувала и во војните и во науката.

На едно такво свето место како Велехрад да се шири национализам или да се изнесуваат тези за непостоење на Македонците и нивното творештво и придонес низ вековите е христијански грев и невоспитаност, но очигледно и тука владиката Кирил од Бугарската православна црква целосно се оддаде на неговата паралелна улога која секогаш ја имал на земскиот свет – како соработник на комунистичкиот режим и службите за безбедност на Бугарија кои никако и никогаш поинаку не гледале на македонското културно наследство или на македонската нација или црква. Со уште поголем презир и фрустрации гледале на возобновената македонска држава.

Неговото Високопреосвештенство митрополитот Варнавско и Велико-преславски Кирил од Бугарската православна црква беше учесник на Меѓународната конференција на дијаконијата Pro Diaconia Christi која се одржа во Велехрад од 13 до 16 јуни, на која учество имаа претставници од 33 земји.

На изложбата MANUSCRIPTA GLAGOLITICA владиката Варнавско-преславски Кирил стигна со двајца германски учесници на конференцијата кои ми честитаа за изложбата, а владиката Кирил прво почна на лош германски, па после се оддаде и на бугарски да ми дообјасни со зборовите: „Таму стои старо-македонска азбука и старо македонско писмо. Тоа треба да биде старо-бугарска азбука и старо-бугарско писмо. Старо-македонско писмо не постои, нема такво нешто“.

Мислев во тој момент дека разговарам со Божидар Димитров…

Дуртаноски: Оче, ние кај нас во Македонија го викаме старо-македонско. Како вие во Бугарија го викате не знам, но со оглед на тоа што глаголицата е создадена на територијата на Македонија за нас најадекватен термин и научен и општоприфатен како таков е старо-македонски.

Што се однесува пак до одредбата на редакцијата на старите црковно-славјански ракописи таа терминологија во денешните научни критериуми има сосема друг пристап.

Бидејќи ракопис пишуван во Македонија како производ на Охридската книжевна школа, со насилство одземен и однесен во Бугарија во текот на Првата Светска Војна автоматски не може да се смета за бугарски ракопис само затоа што денес се наоѓа во Бугарија.

Митрополитот Кирил: И Охрид бил бугарски град!

Ако Охрид бил бугарски град зошто толку окупации од Бугарија со војски во двете севтски војни, па изнесување на вредни црковни богатства од Охрид на времено чување во Софија, вклучувајќи ја и круната/митрата на охридските патријарси кои со векови се крунисувале во Охрид и таму треба да останат!?

Е на крај излезе дека „американската политика била виновна за тоа“, таа ги создала тие проблеми, дека „Американците први почнале на големо да шират дека постои македонско писмо и ракописи и така настанала заблудата во целиот свет“ – рече митрополитот Кирил. Машала, што теза – си реков.

Дуртаноски: Изложбава во Велехрад ја претставува Македонија на ова меѓународно прославување од мисијата на браќата Кирил и Методиј, исто како вие што ја претставувате Бугарската црква на Pro Diaconia Christi и нормално оваа изложба, бидејќи е македонска мора да има македонски предзнак, а не бугарски. Заради тоа се избрани ракописите кои имаат македонска редакција или се пишувани во Македонија. Тоа што вие го зборувате Оче е сосема погрешно, и верувам дека Господ е голем тоа да го види.

Владиката Кирил живееше уште 23 дена после овој разговор токму во црквата Св. Богојавление – Кирилка каде беше поставена изложбата која ќе биде сведок пред Бога и неговата чиста христијанска мисија во редовите на Црквата.

Во прилог потписот на владиката Кирил како еден од 12.000 посетители на MANUSCRIPTA GLAGOLITICA во светиот христијански комплекс во Велехрад на 15 јуни 2013 година.

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top