Дијаспора

Звонко Танески – македонски претставник на книжевниот фестивал Барски летопис во Црна Гора

zvonsko-taneski

zvonsko-taneskiМакедонскиот поет, книжевен критичар, есеист, преведувач и универезитетски професор Звонко Танески ќе биде македонски претставник на овогодинешното издание на реномираниот меѓународен книжевен фестивал Барски летопис, кој се одржува во градот Бар, Црна Гора.

Танески ќе учествува во книжевниот сегмент на традиционалната културна манифестација Барски летопис, која се одржува од 15 јули до 23 август 2013 година во организација на Културниот центар на Бар. Авторската вечер на Звонко Танески ќе се одржи во недела, 18. 8. 2013 година, на платото пред Дворецот на кралот Никола, со почеток во 21 часот. Модератор на програмата е познатиот поет и есеист од Бар – Мирослав Јовановиќ Тимотијев, кој е задолжен за организацијата на целата книжевна вечер, посветена исклучиво на творештвото на Танески.

Звонко Танески е роден на 12 март 1980 година. Доктор е по филолошки науки (Филозофски факултет при Универзитетот „Коменски“ во Братислава), универзитетски професор (Факултет за странски јазици при Универзитетот ФОН во Скопје). Автор е на пет поетски збирки, на три научни монографии и на голем број лингвистички, литературни и културолошки студии. Објавуван е на англиски, италијански, словенечки, српски, хрватски, албански, бугарски, украински, есперанто и словачки јазик. Дел од неговото творештво е публикувано или претставено на повеќе јазици во Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија, Црна Гора, Словенија, Италија, Шпанија, Р. Ирска, Чешка, Полска, Русија, Словачка, Филипини, Индија и САД. Добитник е на повеќе книжевни и научни награди во Македонија и во странство. Редовен член е на Клубот на независни писатели на Словачка (од 2006 година) и на Независните писатели на Македонија и на Здружението на преведувачи на Македонија (од 2012 година). Исто така, тој е и почесен член на словачкиот ПЕН центар (од 2013 година). Автор е и на повеќе книжевни преводи.

Најново од: Дијаспора

Гордана Димовска: Клучни информации за гласањето во Викторија

Денес, сабота, 28 ноември 2026 година, се одржуваат редовните  шеесет и први државни избори во сојузната држава, Викторија. Се одржуваат континуирано од 1856 година, кога Викторија воспоставила дводомен парламент со одговорна влада. Тие доаѓаат по изборите во ноември 2022 година (60-ти парламент), а новоизбраните 88 пратеници во Долниот дом и 40 членови во Горниот дом […]

Македонскиот фестивал на културата во Williamstown ги обедини Македонците во Викторија

Како што е познато во Австралија секоја година се одржуваат фестивали на храната и масовно се прифатени од Македонската заедница во било кој град да се одржуваат. Во Викторија, Фестивалот на македонската култура во Вилиамстеон е секогаш со радост дочекуван затоа што е место каде се слави нашата култура, традиција, јазик, оро и песна. Токму […]

Друштва и асоцијации на македонските иселеници во САД од 2000 година до денес

Македонците во Соединетите Американски Држави се организирани во македонските православни цркви и во различни друштва и асоцијации. Така, според делото „Македонците во САД и во Канада“ од авторот на овие редови, во период од 2000 –та година до денес се формирани голем број македонски друштва и друг вид асоцијации во САД. Овие значајни македонски асоцијации […]

Илјадници наши иселеници летово во Македонија

Фиданка Танаскова Посети и дружење за незаборав Д-р Ицо Најдовски Перин од Мелбурн помина два месеца во родната земја, исполнети со средби, патувања и дружење. Летово, во своја Македонија, на балканската крстосница во јужниот дел на Европа, допатуваа илјадници наши сонародници од различни генерации, кои низ годините заминале на разни страни од светот. Оживеаја многу […]

Градот Мелбурн им се извини на Македонците

Градскиот совет ги покани македонските играорци повторно да настапат на парадата Мумба во 2027 година, со дозвола да го истакнат знамето со Ѕвездата од Кутлеш.   Градот Мелбурн на 16 ноември 2026 година официјално ѝ се извини на македонско-австралиската заедница поради одлуката со која во март на македонските учесници на парадата Мумба им беше забрането […]

Мито Алексовски од Полска во 2010 година: Името Македонија му припаѓа на македонскиот народ

Името и другите државни вредности на Македонија не се приватни сопствености на политичарите а, ни на било која партија. Тоа се сопствености на целиот македонски народ. Исто така тоа не е стока за продавање и не постои  начин не можат да бидат тема на политички разговори или дипломатски трговии. Кој го прави тоа е предавник […]

Се одржа Јубилејна „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип

Јубилејната „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип ги собраа Македонците од Грција, Бугарија и Албанија, како и Македонците од Егејска Македонија кои денес живеат во Република Македонија. Од средбата беше упатена порака за зачувување на македонскиот идентитет, поцврсти врски меѓу заедниците и поголемо внимание од институциите кон нивните права. Едмонд Темелко, поранешен градоначалник на […]

Апел на Друштвото на Македонците во Полска од 28 мај 1994 година

Друштво на Македонците во Полска Гдањск, 28 мај 1994 година До Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија АПЕЛ Ние, Македонци – бегалци од егејскиот дел на Македонија, здружени во Друштвото на Македонците во Полска, апелираме до Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија да не се откажуваат од името „Република Македонија“, знамето, сонцето – […]

To top