Дијаспора

ИВАН ТРПОСКИ НАЈЗАСЛУЖЕН ПОЕТ ОД ДИЈАСПОРАТА НА СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА

za_mail

za_mail

На интернационалниот поетски фестивал во Струга на нашиот поет Иван Трпоски му беше врачена наградата „Стојан Христов“ која традиционално се доделува на овој фестивал на најзаслужен поет од дијаспората.

Советот на СВП едногласно одлучи престижната награда „Стојан Христов“ оваа година на 52-та поетска манифестација да му ја додели на поетот Иван Трпоски за неговата книга избор поезија „Угрејсонце во мојот сон“ што влезе во конкуренција со уште десетина други книги од Македонци од дијаспората.

Наградата „Стојан Христов“ на Иван му беше врачена на завршната програма „Мостови“ на Дрим каде Иван настапи со своја поезија. Ова беше негов трет настап меѓу интернационални поети каде заслужено ги преставуваше сите поети од Австралија како преставник на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“.

Инаку Иван Трпоски е најобјавуван поет и писател од дијаспората. Зад него има голем број објавени дела кои биле наградувани во Австралија и Македонија. Во 1995 година ја доби наградата „Иселеничка грамота“.

Иван е автор на делата: „Површински корења“ (Сиднеј – 1985), „Големиот брод“ (Скопје – 1988), „Оковано море“ (Сиднеј – 1988), „Преселба на запад“ (Сиднеј – 1990), поемата „Тодорка“ (Скопје – 1995), „Свитило“ (Сиднеј – 1999), „Меѓу две огништа“ (Охрид – 1999), „Немирни ветрови“ (Сиднеј – 2004), „Љубовна имагинација“ (Сиднеј – 2004), „Зад синиот бран“ (Штип – 2008), „Угрејсонце во мојот сон“ (Сиднеј-Скопје 2013); на патописите: „По патот на сонцето во Македонија“ (Сиднеј – 2000), и „Македонија моја татковина“ (Сиднеј – 2002). Исто така тој е автор на книгата „Македонски демонстрации во Австралија“ (Струга – 2004) и на биографскиот запис „Спасе Трпоски – живот и дело“ (Струга – 2008).

Душан Ристевски

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top