Дијаспора

Името е идентитет

Gordana_Dimovska_-_Kopie

Gordana_Dimovska_-_KopieГордана Димовска

Секогаш се зборува и пишува за потеклото на имињата на државите, градовите, селата,планините.

Тоа  пробудува интерес кај секоја генерација која сака да навлезе и подлабоко во потеклото и значењето на имињата. Секое име има потекло но и значење, па така и името Македонија е нешто свето и го сочинува идентитетот на македонскиот народ, проткаен низ вековите.

Не помалку важни се и имињата на луѓето кои ги здобиваат со самото раѓање за да може да се идентификуваaт.Вистина е дека имињата се дел од секоја култура и дека тие се од огромна важност за луѓето кои ги добиваат но и за општеството кое им ги дава.

И покрај нивната универзалност, постои голема разлика од една култура со друга за начинот на кој им се дадени. Меѓу повеќето прелитерарни народи, имињата се определуваат според многу дефинитивни и конкретни правила. Општо земено, во културите со големо чувство за потеклото, децата добиваат  имиња од тотеми и семејни стебла на нивните родители. Во некои култури, имиња се преземени од настани кои се случуваат за време на бременоста на мајката или кратко време по раѓањето на детето.

Без оглед на тоа кога, зошто, или колку често се случува, сепак давањето и примање на името е настан од големо значење. Некои култури имаат специфични ритуали со  длабоко религиозно значење.  Таков е примерот со крштевањето на Каси луѓето во Африка.

Овие луѓе, децата ги именуваат веднаш наредниот ден од раѓањето. Церемонијата започнува кога еден роднина на детето подготвува жртва. Фрлаат ориз во мали чинии и полнат тиква со оризов ликер. Почнува да тура од оризовиот пијалок и во исто време чита имиња. Она име кое е прочитано кога најбавно протекува оризовиот пијалок, е името со кое го крштеваат бебето.

Необично но вистинито. А за името Македонци грчкиот професор и арехеолог Фотис Пецас вели дека тие си го имале тоа име уште пред да дојдат на просторот Македонија. Со самото доаѓање на територијата и го дале своето народно име. Тој изјавил: “Македонија го зеде името од Македонците. До 700 п.н.е. Македонците биле ограничени западно од планината Каракамен или јужно од Халиакамби. Големото море меѓу планините беше уште непознато за Македонците. Македонците се проширија до Вардар малку подоцна како што учиме од Тукидид. Филип ја донесе Македонија до реката Места во 348 п.н.е. Она што не интересира нас денес е дека Македонците и го дадоа своето име на Македонија и ја проширија од планината Пинд и Олимп до места на исток и до Црна Река на север. Така Македонците го дадоа името на својата земја. Името Македонци беше најпрвин народно, а потоа стана и историографски поим Македонија”.

Да се навратиме на личните имиња.

Денес во Македонија и меѓу Македонците во иселеништво голем број на лични имиња воопшто не наликуваат на македонски. Во иселеништво Македонците ги променуваат своие традиционални македонски имиња со англиски цел да бидат лесно прифатливи и адаптирани на новата средина. А новите генерации “одат чекор понапред“ и им даваат англиски имиња на децата кои нивните баби и дедовци тешко можат и да ги изговорат. Ретко се сретнуваат имиња како: Божин, Трифун, Јана, Митра –  ова име значи „сонце на праведноста, Елисавета е име кое значи “на Бога ветена“, Ели значи Бог а Савета и исто што и “завет“, заветна. Името Донка значи бесценета и сакана .

Постои и речник со македонски имиња преку кој се согледуваат на некој начин врските на нашиот народ со другите народи низ историјата, нивните меѓусебни културни влијанија, обичаите и религијата,сфакањето за животот како и јазичниот развој на народите.Многу од македонските традиционални имиња ќе останат да се споменуваат само во песните и приказните. Доколку повеќе би го знаеле потеклото и значењето на имињата можеби ќе се зголеми и желбата за враќање на убавите македонски имиња назад наместо да се прибегнува кон ставање на англиски или двојни имиња од шпанските и турски серии.

Изоброт е личен но зачувувањето на оригиналните македонски имиња има големо значење во идентификувањето како посебен народ со долга историја и богата традиција. За македонското име Анте Поповски рекол: „Македонското име е едно од најгордите, најголемите, најхрабрите, но и најстрадалнички имиња низ историјата. (Тоа е) име од еден од најзаслужните народи кој својата судбина ја идентификувале со почвата на која се раѓале и умирале. Тој народ опстојувал со назначено етничко чуство низ вековите: и во епохата на неговите звездени мигови, кога своето кралство со силата на сопствената крв и со меч го проширил се до Индија и Северна Африка, но и во миговите кога таа огромна империја била сведена на зависна римска провинција и тема.“

Во прилог и дел од имињата  во македонскиот ономастикон, речник на лични имиња.

А

АВРАМ е библиско име. кај евреите од абрахам, кој бил татко на многу потомци.

АГНА е женско име. доаѓа од јагне (кротка како јагне) со испаѓање на ј.

АДАМ е машко библиско име, на еврејски значи човек.

АЛЕКСАНДАР е машко име и значи заштитник на мажите, АЛЕКСАНДРА е женска форма од Александар, САНДРА, скратено од Александра или од Хрисанда, САША е руска измена на името Александра.

АЛТАНА е име со турско потекло и доаѓа од зборот altin, што значи златна.

АНАСТАС е машко име сто на грчки значи воскреснат. Женската форма е Анастасија. а скратено од женската варијанта е Ната, Таса, Натка.

АНГЕЛ е машко име, на грчки значи известувач. Варијанти на ова име се Евангелина, Ангеле, Ангела, Ангелка, Анѓелко, Анѓа, Ангелина, Рангел, Ѓеле и други.

АНДРЕЈ И АНДРЕЈА, машки имиња, од грчкимажествен, име на евангелиски апостол.

Б

БИСЕР, машко име, женска форма е БИСЕРА.

БЛАГОЈ, машко име од благ. Други варјанти на ова име се Благое, Благоја, Благојка, Блага, Благун, Блаже, Благица.

БЛАГОМИР, машко име, сложенка од благ и мир.

БОГДАН, машко име сто значи даден од бога.

БОГОЉУБ, машко име сто значи некој кој го сака бога.

М

МАГДАЛЕНА, според името на гратчето магдала во палестина, евангелиско име.

МАКЕДОН, според името на земјата Македонија.

МАЛИНА, од малина, вид на растение.

МАРГАРИТА, од старогрчки со значење бисер или по ново толкување од маргаритка, вид на цвеќе.

МАРИЈА, од еврејски мариам-тврда, постојана, исто така евангелиско име.

МАРИНА, со латинско потекло и знаценје морска, исто и име на календарска светица.

МАРКО, од латински маркус, што значи војник.

РАДИО ИЛИНДЕН- Мелбурн

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top