Дијаспора

Ние не можеме да бараме од другите нешто што самите не можеме да го исполниме за другите

vasil-sterijovski

vasil-sterijovski

Во Корча, Албанија, на прес-конференција генералниот секретар на Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски регираше на изјавите на поранешниот министер за надворешни работи на Република Албанија, Алдо Бумчи кој реагираше на изјавата на премиерот Рама при неговата средба со македонскиот претседател Ѓорге Иванов, оценувајќи ја како опасна и штетна за добрососедството.

Во реакција стои:

Партијата Македонска алијанса за европска интеграција, со реакција го искажува своето незадоволство кон некоректниот став на поранешниот министер за надворешни работи на Република Албанија во врска со мошне коректната изјава на Премиерот на Република Албанија, Еди Рама која се однесува на грижата за правата на малцинствата во Република Албанија.

Почитуван Г-дине Бумчи,

Како поранешен министер за надворешни работи на Република Албанија се чини дека не ја научивте лекцијата за европско однесување кога е во прашање примената на меѓународните конвенции.

Ве потсетуваме дека Албанија не може да стане полноправен член на големата европска заедница со идеи својствени на 19 век.

Доколку се точни наводите во вашата изјава, тогаш бараме од Вас, како искусен политичар, да и` објасните на албанската јавност, зошто ЕУ, уште кога во 2010 година на Албанија му постави услов исполнување на 12-те препораки за добивање на кандидатскиот статус, инсистира на исполнување на 11-та препорака што е поврзана со доследна примена на меѓународните стандарти за почитување на човековите права и правата на малцинствата.

Ве потсетуваме дека оваа препорака Ви беше доставена Вам, во време на Вашата Влада.

Г-дин Бумчи,

Правата на малцинствата се универзални и не зависат од бројот на населението на малцинствата.

Еден од главните условите на предизборниот договор помеѓу партијата Македонска алијанса за европска интеграција и Демократската партија, беше обврската на Демократската партија дека дека ќе ги подобреше правата на македонската заедница во Албанија.

Г-динот Еди Рама, како нов премиер има доблест да се фати во костец со решавање на сите вакви и слични проблеми, бидејќи има визија за тоа како треба да се развива нашата држава.

Ние сме лојални државјани на Република Албанија со целосно почитување на Уставот и законите на државата и во оваа пригода сакаме да знаете дека Г-динот Рама ја има нашата целосна поддршка не само за ова, туку и за сите негови напори што ќе ја носат земјата напред во големото европско семејство.

Г-дине Бумчи, време е да ја научите лекцијата дека народот е тој што ја дава и зема власта.

Ние како претставници на македонската заедница во Албанија поддржуваме потпишување на меѓусебен договор меѓу Република Албанија и Република Македонија за заемна заштита на македонската заедница во Албанија и на албанската заедница во Македонија.

Хармонизацијата на стандардите на третманот на македонската заедница во Албанија и албанската заедница во Македонија треба да е придружувач на заеднички иницијативи и соработка на двете земји на секое поле, особено во областа на јазикот на образованието на малцинствата, застапеноста во јавниот живот, употребата на јазикот и писмото или на топонимите, економски развој на областите каде живеат малцинствата итн.

Партијата Македонска алијанса за европска интеграција го повикува Г-дин Еди Рама, албанската влада, Парламентот и други креатори и надлежни во областа на малцинствата да направат реалност, политики во корист на малцинствата, што ќе овозможи целосна имплементација на 11-та препорака на Европската унија и ќе гарантира повисоко ниво на третманот на малцинствата во Албанија – изјави Васил Стерјовски.

Демократската партија на Албанија, преку нејзиниот пратеник Алдо Бумчи, реагираше на изјавата на премиерот Рама при неговата средба со македонскиот претседател Ѓорге Иванов, оценувајќи ја како опасна и штетна за добрососедството.

– Прво, Рама не го спомна на специфичен начин Охридскиот договор, кој стави крај на конфликтот во Македонија. Тоа е најважен документ, основа врз која треба да се развиваат меѓуетничките односи. Охридскиот договор секогаш бил клучен збор на сите албански дипломати, вклучен е во секој извештај на Европската унија и е услов за напредокот на Македонија кон Европа.

-Второ, во изјавата без преседан, Рама стави знак на равенство меѓу македонското малцинство во Албанија и Албанците во Македонија. Во прв ред, ова е дипломатско дивеење.

Не може да се постави знак на равенство меѓу македонското малцинство тука и Албанците во Македонија, кои сочинуваат над 25 отсто од населението. Второ, Рама изјави дека ние немаме право да бараме права за Албанците во Македонија се` додека не ги исполниме правата на македонското малцинство тука. Рама треба да им објасни на Албанците каква е таа нова политика што тој се стреми да ја следи, која ги уништува темелите на кои е заснована нашата надворешна политика – изјави пратеникот Алдо Бумчи од Демократската партија на поранешниот премиер Сали Бериша.

– Ние бевме и остануваме загрижени за имплементацијата на механизмите договорени со меѓународните партнери за добар соживот на Македонците и Албанците во Македонија. Исто така, и претседателот ја изрази неговата загриженост и побара да се покаже поголемо внимание за македонското малцинство во Албанија. Јас оваа порака ја примив не само како обврска на Владата да се грижи за сите малцинства, туку и поради фактот дека: ние не можеме да бараме од другите нешто што самите не можеме да го исполниме за другите – рече албанскиот премиер Еди Рама.

Васил Стерјовски – Генерален секретар на МАЕИ

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top