Дијаспора

Лекарите – Македонци од дијаспората да се вратат во Македонија

todorov

todorovЛекари од Република Македонија кои повеќе од пет години континуирано работат во странство, во земјите-членки на ОЕЦД, ќе можат да склучат договор со Министерството за здравство и да работат во јавните здравствени установи во државата. За таа цел, Министерството објави оглас во медиумите и на веб-страницата.

Никола Тодоров рече дека станува збор за уште една значајна новина што Министерството за Здравство ја презема и е продолжување на мерката со која досега 80 лекари од приватни здравствени установи се вратиле во јавните здравствени установи. Посочи дека ќе биде формирана Комисија составена од експерти, лекари во повеќе области што потоа ќе треба да извршат селекција на кадрите.

– Покрај лекари-специјалисти со ова се опфатени и Македонци кои се на раководни позиции во болници во земјите-членки на ОЕЦД. Сега имаме што да им понудиме. Системот е слично структуриран и организиран како системот во кој работат. Имаме нова опрема и можност за многу брзо лично професионално напредување и едукација во многу современи центри во светот – истакна Тодоров.

Платата на лекарите кои повеќе од пет години континуирано работат во странство, во земјите-членки на ОЕЦД, и сакаат да се вратат во Македонија и да работат во јавните здравствени установи, би била предмет на договор.

Тодоров потенцира дека веројатно би била поголема нивната плата и тоа зависи од нивната дејност, стручност и од она што ќе го оцени Стручната комисија.

Основната намена на огласот е тие барем една година да работат во Македонија, но ако има определени пречки, би разговарале.

Тие практично не се вработуваат на истиот начин и во истата процедура како што се вработуваат лекари од Македонија.

Затоа има посебен услов да имаат минимум пет години континуирано работно искуство во земја-членка на ОЕЦД. Следна процедура е склучувањето договор на Министерството со нив врз основа на кој почнуваат да работат во јавните здравствени установи – додаде Никола Тодоров Минестер за Здравство.

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top