Дијаспора

Денови на Македонската култура во Лондон

denovi-na-makedonskata-kultura-vo-london-1

denovi-na-makedonskata-kultura-vo-london-1Од 9-ти до 15-ти октомври 2013 година во организација на Асоцијацијата на Македонците во Обединетото Кралство (АМУК), за прв пат се организираше манифестацијата “Денови на Македонската Култура во Лондон”.

Целта на оваа манифестација беше:

–       Зајакнување на македонската заедница во Обединетото Кралство преку културни настани;

–       Запознавање и приближување на помладите генерации до државата од каде потекнуваат нивните родители;

–       Претставување на македонската фолклорна традиција преку песни, ора, носии и инструменти пред британската јавност и другите националности кој живеат во Лондон;

–       Дегустација на македонското вино и храна.

За постигнување на овие цели беа организирани работилници и часови по фолклор  за деца и возрасни од Македонија кои долго време се надвор од родната земја и живеат во Лондон се’ со цел барем за момент да се доближат до своето македоснко културно наследство како и часови за странци (односно Workshops (работилници)) кои со особено задоволство се јавија на огласот за учење македонски фолклор.

Исто така во рамките на деновите на макеоднската култура беше  организиран пазар на македонска храна и вино, а главниот настан на манифестација беше  Гала концертот на кој со целовечерен концерт настапи  Културно Уметничкото Друштво „ДРИМКОЛ“ од Вевчани.

Главниот настан во рамките на „Деновите на Македонската култура во Лондон“ на кој со целовечерен концерт настапи Културно Уметничкото Друштво „Дримкол“ од Вевчани се одржа на 12-ти октомври 2013 во отмениот хотел на Royal Over-Seas League – Princess Alexandra Hall.

Оваа манифестација во Лондон беше поддржана од Министерството за Култура на Р. Македонија, преку реализирање на проектот од меѓународна размена за 2013 година и амбасадорот на Р. Македонија во Лондон, г-динот Јован Донев.

Бона Петроска

Е-маил:
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

denovi-na-makedonskata-kultura-vo-london-2

denovi-na-makedonskata-kultura-vo-london-3

denovi-na-makedonskata-kultura-vo-london-4

Најново од: Дијаспора

Гордана Димовска: Клучни информации за гласањето во Викторија

Денес, сабота, 28 ноември 2026 година, се одржуваат редовните  шеесет и први државни избори во сојузната држава, Викторија. Се одржуваат континуирано од 1856 година, кога Викторија воспоставила дводомен парламент со одговорна влада. Тие доаѓаат по изборите во ноември 2022 година (60-ти парламент), а новоизбраните 88 пратеници во Долниот дом и 40 членови во Горниот дом […]

Македонскиот фестивал на културата во Williamstown ги обедини Македонците во Викторија

Како што е познато во Австралија секоја година се одржуваат фестивали на храната и масовно се прифатени од Македонската заедница во било кој град да се одржуваат. Во Викторија, Фестивалот на македонската култура во Вилиамстеон е секогаш со радост дочекуван затоа што е место каде се слави нашата култура, традиција, јазик, оро и песна. Токму […]

Друштва и асоцијации на македонските иселеници во САД од 2000 година до денес

Македонците во Соединетите Американски Држави се организирани во македонските православни цркви и во различни друштва и асоцијации. Така, според делото „Македонците во САД и во Канада“ од авторот на овие редови, во период од 2000 –та година до денес се формирани голем број македонски друштва и друг вид асоцијации во САД. Овие значајни македонски асоцијации […]

Илјадници наши иселеници летово во Македонија

Фиданка Танаскова Посети и дружење за незаборав Д-р Ицо Најдовски Перин од Мелбурн помина два месеца во родната земја, исполнети со средби, патувања и дружење. Летово, во своја Македонија, на балканската крстосница во јужниот дел на Европа, допатуваа илјадници наши сонародници од различни генерации, кои низ годините заминале на разни страни од светот. Оживеаја многу […]

Градот Мелбурн им се извини на Македонците

Градскиот совет ги покани македонските играорци повторно да настапат на парадата Мумба во 2027 година, со дозвола да го истакнат знамето со Ѕвездата од Кутлеш.   Градот Мелбурн на 16 ноември 2026 година официјално ѝ се извини на македонско-австралиската заедница поради одлуката со која во март на македонските учесници на парадата Мумба им беше забрането […]

Мито Алексовски од Полска во 2010 година: Името Македонија му припаѓа на македонскиот народ

Името и другите државни вредности на Македонија не се приватни сопствености на политичарите а, ни на било која партија. Тоа се сопствености на целиот македонски народ. Исто така тоа не е стока за продавање и не постои  начин не можат да бидат тема на политички разговори или дипломатски трговии. Кој го прави тоа е предавник […]

Се одржа Јубилејна „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип

Јубилејната „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип ги собраа Македонците од Грција, Бугарија и Албанија, како и Македонците од Егејска Македонија кои денес живеат во Република Македонија. Од средбата беше упатена порака за зачувување на македонскиот идентитет, поцврсти врски меѓу заедниците и поголемо внимание од институциите кон нивните права. Едмонд Темелко, поранешен градоначалник на […]

Апел на Друштвото на Македонците во Полска од 28 мај 1994 година

Друштво на Македонците во Полска Гдањск, 28 мај 1994 година До Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија АПЕЛ Ние, Македонци – бегалци од егејскиот дел на Македонија, здружени во Друштвото на Македонците во Полска, апелираме до Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија да не се откажуваат од името „Република Македонија“, знамето, сонцето – […]

To top