Дијаспора

Без масовно и демонстративно претставување на македонското единство, светот нема да ни помогне

janko-tomov

janko-tomov
Јанко ТОМОВ

Секое фактичко прикажување на лојалноста на актуелната власт на РМ и одбрана на своите македонски карактеристики и уставното име на Македонија, согласно со  изворите од  вистинската македонска историја, привлекува пријатели на Македонците и на Република Македонија. Посебно пријателство кое доаѓа од страна на светската интелигенција, а мирните протести и масовни мирни културни јавни појави на поголеми групи македонски иселеници и граѓани на Република Македонија, ќе влијае за позитивно претставување и со тоа усвојување на јавното мислење за вистината на  Македонците и Македонија.

Во последните 20-ина години од нашето осмостојување, нашите македонски медиумски изданија, се полни со книги, статии и сл., од национални, политички, историски, културни, верски и слични македонски  карактеристики, од автори од македонската интелигенција, од Република Македонија и од дијаспората. Потоа следат и автори и активисти од етничките делови на Античка Македонија, кои се`уште се геогравски, национално, духовно, верски, “културно” и политички подвргнати на денационализација, шовинистичка и античовекова асимилација од страна на поранешна отоманска провинција Пелопонес-Атика, ооранешна тракиска античка држава (денешна Бугарија) и новосоздадената албанска држава.

Од осамостојувањето до денес, сите сме сведоци и за македонското национално и посебно политичко активирање, не само на обичниот страдан македонски народ, кој се` уште ги чувствува последиците од минатите војни во Македонија, туку и од дел на национално и политички ослободена македонска интелигенција. Оваа наша интелигенција која е образована во околните комшиски држави, како и  во поедини Европски и светски држави, а секако и по осамостојувањето и во Република Македонија, има поддршка и од голем дел на објективната светска интелигенција, со која има и извесни корисни контакти и демократски влијанија.

Морам да спомнам дека поголемиот дел на написи и статии, а подоцна билтени и списанија, како и книги од македонското патриотско организирање во дијаспората, за обновување на самостојна македонска држава, одвоена од СФРЈ со своја национална, политичка и демократска поставеност, се од автори Македонци од иселеништвото во државите на западната хемисфера: Австралија, Америка и Европа. Овие Македонски иселеници, како противници на асимилаторските режими на окупаторите на Македонија и комунистичко-социјалистичките режими на Титова Југославија, кои на секој начин ја оспоруваа заштитата на македонската националност, особено во однос на осамостојување и ослободување на останатите етнички делови на Македонија. Во првите години на осамостојувањето, со тешкотии од бившите комунисти, кои ги сменија имињата на своите политички партии во социјалистички или “демократски”, а всушност ја продолжуваат старата комунистичка политика. Тие “Македонски болшевисти”, погрешно продолжија да ги воспитуваат и образуваат младите Македонски генерации, со што не може да се забележат некои вредни и вистински авторски дела, од нив, од национален, политички и историски карактер, пред се`, што е потребно за опстанокот и просперитетот на Македонизмот во целина.

Се` уште постојат погрешни национални мислења, во врска со потеклото на современите Македонци и Република Македонија. Тоа е лошо наследство од комунизмот и посебно од поранешниот претседател на републиката Киро Глигоров, кој како претседател на Република Македонија, на Генералното Собрание во Обеденетите Нации во Њујорк, 1993 година, при приемот на републиката за членство во ОН, изјави дека ние Македонците сме биле дојдени во Македонија од зади Карпатите во 5-6 век по Христа!? Тоа е еден од главните аргументи на грчката антимакедонска политика и непризнавање на македонската националност и државност.

Но, со време, новите македонски автори на национални и политички дела, почнуваат помасовно да ги увидуваат своите национални и политички заблуди, пренесени од  своите родители и влијателни политичари од денешната македонска политичка опозиција. Тоа може да се почувствува и денес. Имено имаме и званични многу значајни изјави од лидерот на СДСМ, кој ја напушти идејата за “Свиткана кичма пред непријателот”, туку се декларира за прав Македонец и со тоа станува и поборник и истомисленик со ВМРО-ДПМНЕ за сочувување и неменување на македонската националност и на уставното име на Македонија!?

Да резимираме дека актуелната власт на Република Македонија, со своите институци, досега, а и одсега, што е очигледно, по никоја цена нема да го смени уставното име и македонската националност, со сите свои потребни атрибути, кои содржат и се дел од  придавката “македонски”. Со оглед на комплицираноста на наметнатиот проблем од јужниот сосед и ценкањето со источниот сосед, потребна е масовна поддршка од сите Македонци и сограѓани на Република Македонија, како и поголема активност и агилност пред своите политичари од македонската емиграција во дијаспората. За пример ќе ги спомнам државните и федералните избори на светските демократски држави. Нели поедини политички партии во светот, изборите ги добиваат со минимална предност на добиени гласови од своите гласачи? Тоа е одраз на современата демократија, која се огледа во добивање на власта. Ако пак соодветната политичка партија добие голем број на гласови во изборите, тогаш светската јавност ќе добие сознанија дека со видно поголем број на гласови, партијата ја докажала својата вредност и лојалност кон своите гласачи.

Нашите Македонски политичари и диполомати се образовни, но им треба малку повеќе време и персонал за кореспондирање, рамноправна соработка и заеднички организациони активности со колегите од другите држави, а посебно со големиот број на лидери од ЕП, ЕУ, НАТО, Обединетите Нации и сите нивни бирократски институции и службеници.

Сите тие интернационални Европски и светски тела, ако немаат доволен број свои службеници и раководства, нема да имаат полн успех. Еве уште еден пример: најдобрите Американски филмови кои добиваат „Оскар“ награди имаат стотици соработници и стручњаци од сите опфатени полиња во кинематографијата за да го прикажат својот филм пред светот и да ги освојат потребните симпатии, затоа имаат и успех.

Да се вратиме на акцентот на ова пишување. Ќе поставам само неколку прашања кои се однесуваат на поддршката на сите Македонци кон актуелната власт на Република Македонија, во зачувување на македонскиот идентитет и уставното име, како рамноправна основа со сите нации и народи, во рамноправно членство во светските институции. Дали Македонците од РМ и дијаспората, во последно време, додека е на власт ВМРО-ДПМНЕ, организирале и спровеле мирни дефилеа, мирни протести, мирни демонстрации и тоа масовно, пред институциите на дипломатските претставништва на светските држави, во Република Македонија, пред претставничките меѓународни институции и тела, по поголемите градови-метрополи на западната хемисфера и пред своите институции, како министерства за мултикултура, парламенти и сл., каде живее македонската емиграција?

За одговор, ќе речам дека невладини организации, како Светскиот Македонски Конгрес (СМК) во РМ, има повеќе пати организирано мирни протести, но скоро никогаш на нив не учествувале поголем број Македонци и нивни пријатели, за да ги забележи јавноста и со тоа да имаат потребен ефект.

Во Австралија, пред неколку години се одржа мирна демонстрација во Мелбурн, пред парламентот на Викторија, на која учествуваа 20.000 демонстранти, за зачувување на уставното име на Македонија. Слично се повтори и оваа година во Мелбурн, пред парламентот на Викторија. На овој мирен протестен марш, наречен „Марш за Единство“ (March for Unity), кој беше одржан во чест на одбележување на 100 годишнината од поделбата на Македонија, со Букурешкиот договор од 1913 година. Овој протестен Марш го организираше и спроведе Македонско-Австралиската Заедница за Викторија, Австралија, во соработка со претставници на Задграничниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ за Викторија, Австралија.

Денес сите филозофираме преку написи, книги и меѓусебно, на пазари, но никој не организирал јавен договор или трибина за договарање за одржување на дипломатски или за мирни настапи со Македонски традиционални културни програми, како со фолклорни настапи и сл. Нема патриотска организација во дијаспората, која е способна да организира мирна и масовна демонстрација, со кутурни и дипломатски бранења на уставното и националното име на Македонија и Македонците. Никој јавно не ги брани основните македонски човекови права, националните, верските, јазичните и правата за користење на македонските карактеристични обележја, загарантирани со Општата деклареација за човекови права на Обединетите нации.

Западниот свет нема поголеми потребни сознанија за македонското постоење. Како пример за тоа, тие своите студенти досега погрешно ги образуваа, давајќи преоритет преку историските учебници во образовните институции за наводна “Грчка Македонија” и на “Грчки Македонци”, правејќи ја Македонија грчка и Македонците Грци!?

Добро организирани трибини, собиралишта со културни манифестации, мирни протести и поголеми мирни демонстрации во Македонија, етничките делови на Македонија и дијаспората, ќе донесат драгоцени промени, со симпатии и поддршки од нашите пријатели во дијаспората, во корист на сите нас Македонци и Република Македонија, а посебно на актуелната власт, која ги застапува сите Македонци и сувереноста на Република Македонија.

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top