Дијаспора

Никола Поповски со бројната македонска комуна во Торонто

Во рамките на својата официјална работна посетна на Канада, министерот Никола Поповски се сретна и со бројната македонска комуна во Торонто. Во вторникот, во негова чест, беше организиран свечена средба во македонската православна  катедрална црква Св.Климент Охридски каде што министерот Поповски беше пречекан од 250 сонародници и претставници на бројни македонски организации во Канада.

Во своето обраќање, министерот Поповски информира за најновите збиднувања во меѓународната политика на Република Македонија и ги повика макeдонските иселеници што повеќе да се вклучат во економијата на Република Македонија со свои инвестиции и со помагање на меѓусебната економска соработка меѓу Канада и Македонија.

На крајот, министерот Поповски им посвети посебно лично внимание на сите присутни во салата, разменувајќи со нив мислења и давајќи одговори на сите поставени прашања.

Зоран Карапанчев

Најново од: Дијаспора

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

ОМД ги претстави своите нови соработници за меѓународна политика и дипломатија

Алесандра Андраде, Картер Бакли и Стојан Трајаноски ќе ѝ се приклучат на Обединетата македонска дијаспора во текот на есенскиот семестар 2026 година и ќе придонесуваат во областа на меѓународната политика, дипломатијата, истражувањето, комуникациите и соработката со македонската дијаспора. Обединетата македонска дијаспора (ОМД) со задоволство ги претстави тројцата нови практиканти што ќе бидат дел од нејзиниот […]

8 Септември денот на самостојноста на Република Македонија одбележан во Берлин

БЕРЛИН, 8 септември 2026 година На свечен прием во Берлин, организиран од македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија, а со поддршка од македонски и германски стопанственици, беше одбележан 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија. Свеченоста се одржа во репрезентативните простории на Претставништвото на германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија. Настанот го […]

Најнови вести

To top