Дијаспора

Во Тирана се промовира препечатеното издание на Македонско – Албанскиот речник на Никола Беровски

Во Националниот Историски Музеј во Тирана, синоќа, по повод 90 годишнината од раѓањето на Никола Беровски, истакнат учител, учебникар за македонското национално малциство во Република Албанија се одржа промоција на препечатенoто издание на речникот на Никола Беровски, Македонско-Албански речник од авторот Фоте Никола.

На промоцијата, покрај Македонците што живеат во Тирана и претставниците на Македонците во Албанија, учествуваа и амбасадорите на Република Македонија и Црна Гора во Тирана, Стојан Карајанов и Ферхат Диноша.

На промоцијата поздравија амбасадорот на Република Македонија во Тирана, Стојан Карајанов, Илинден Спасе, синот на познатиот писател со македонско потекло, Стерјо Спасе, Драгица Беровска ќерката на Никола Беровски како и Аријана Шутку секретар на фондацијата “Никола Беровски”.

Во своето излагање на промоцијата Фоте Никола, авторот на препечатеното издание на речникот Македонско-албански на Никола Беровски како што пренесува весник Македониум, истакна дека делото на Беровски вечно ќе трае и ќе се користи неговиот Македонско- албански речник со над 10 илјади зборови.

„Деновиве е испечатено второто издание после 30 години од првото издание кое е објавено во тешки услови од времето на минатиот режим. Многубројните учебници што Никола ги преводи или ги состави за основното училиште во Мала Преспа веќе се реновирани и деполитизирани, програмите веќе се променети, ќе се вршат други посовремени преводи на македонски јазик на делата на Стерјо Спасе, Дритеро Аголи, Исмаил Кадаре и др. Само Македонско-албанскиот речник ќе трае долго време не само во рацете на македонското малцинство но и на сите граѓани во Република Албанија“ – истакна Никола.

Тој, исто така, се осврна и на просветителското дело на Беровски во Албанија и тешкотиите во тоа време за да обезбеди училишна литература на македонски јазик.

„Никола Беровски, Борис Малевски и други ги положија темелите на наставата на мајчин јазик во Мала Преспа, преку конкретната настава, борбата против неграмотноста, обезбедувањето на учебници на мајчин јазик. Овде треба да се истакне и придонесот на познатиот писател, Стерјо Спасе, Македонец од Мала Преспа, кој беше редактор на сите учебници составени или преведени од Никола Беровски“- истакна Фоте Никола.

Овој речник е испечатен во 500 примероци, кој ќе се подарат на Македонците во Албанија и е подржан од министерството за надворешни работи на Република Македонија.

За ислкучителниот придонес за образовно воспитната дејност и за неговата макотрпна работа во заштита и ширење на македонскиот јазик, култура и писменост, Владата на Република Македонија во 1991 година на Никола Беровски му го додели високото признание – наградата “Климент Охридски”.

Никола Беровски (Битола, 1923 – Тирана, 1993) е македонски просветител кој  во 1945 година доаѓа во Мала Преспа како македонски учител и целиот работен век го минува меѓу Македонците во Албанија. Беровски долги години работел како учител во селата на Мала Преспа. Има големи заслуги како автор на бројни учебници на македонски јазик за Македонците во Албанија. Уште за време на животот станал легендарен заштитник на македонскиот национален идентитет во Албанија.

Во рамките на одбележувањето на 90-годишнината од раѓањето на Никола Беровски, промоција на овој речник ќе се одржи во Корча и во Пустец, Мала Преспа.

Македониум

Најново од: Дијаспора

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Најнови вести

To top