Дијаспора

Македонците во Џилонг малобројни но највредни во Австралија

dzilong

Душан Ристевски

Ми причинуваше големо задоволство што имав можност на поминување низ Џилонг, индустриски град блиску до Мелбурн, да го посетам Македонскиот центар и црквата „Св. Јован Крстител“ кои се наоѓаат во населбата Bell Post Hill. На секој минувач на патот за градот Баларат му го свртува вниманието македонскотонационално знаме кое гордо се вее и ни дава до знаење дека се наоѓаме на едно парче македонска земја на еден простор каде што се организираат пикници, средби и веселби, крштевки и венчавки и секако закопи и помени.

dzilong

Се надевам дека нема да ми се лутат управите на другите цркви но морам да бидам искрен дека црквата „Св Јован Крстител“ е една од најубавите македонски цркви во Австралија. Убаво уредената црква, во која притропот Владо Босеоски не дозволува ни мала прашинка да падне.

Ми го сврте вниманието оргиналните икони и иконостасот кои беа направени во Македонија и донесени, ете во Св. Јован Крстител да можеме ние и генерациите што доаѓаат по нас да се воодушевуваме од вештите раце на длаборесците и иконописците.

Притропот Владо Босеоски повеќе години го раководел КУД „Стале Попов“ во Мелбурн, а негови песни се интерпретирани од познати македонски интерпретатори во Австралија.

Во вкусно  уредениот центар се почувствува топлиот амбиент што нашите од длабочината на срцето му го нудат на секој добронамерен човек. Македонските сениори ја имаа својата неделна средба и по повод Митровден се нудеа колачина и освежителни пијалоци и секако со голема воодушевеност ми пренесуваа што нивната Општина има постигнато и како сите сложно работаат да се зачува македонскиот идентитет.

Сребре Шобевски кој е координатор на културниот живот на Општината гордо раскажа дека и неговиот внук ќе почне да игра во КУД „Бисер“ кое е дел од Општината.

Крушевчанецот Ристо Оџаклиев, заменик претседател на Општината, забележа дека под раководство на претседателот Митко Николовски сите сложно работаат како браќа и единството ги прави да ги истраат притисоците на времето.

Цветко Пачоски како секретар, Димче благајник и неуморната Антика се грижат на македонските сениори да им го направат живототпоубав и поинтересен.

Цветко Пачоски од славното Вевчани со својата сопруга Вента од Раслајца се активни во Општината и социајлниот живот на заедницата не само во Џилонг туку и во Мелбурн. Веќе 25 години ја раководат Македонската радио програма на Радиото The Pulse 94.7 mhz  кое се емитува секоја среда. Инаку двајцата со години во Мелбурн го раководат Струшкиот социјален клуб „Браќа Миладиновци“ кој неодамна наврши 30 години од своето постоење. Во далечната 1983 год. со Стојче Јолдески и Спасе Нелкоски, сега двајцата починати општественици, го формираа овој клуб кој е носител на социјалниот живот на Стружаните во Мелбурн.

По средбата многу лесно можеше да се заклучи дека македонската заедница во Џилонг, која брои приближно 2000 луѓе, е жедна за културни настани преку кои се негува македонската култура за да се почувствуваат дека постојат и ќе постојат во овој град.

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top