Дијаспора

Гордана Иваноска – ново ликовно лице во Грингила, Австралија

gordana-i-goce-ivanovski

Неодамна во Австралија допатува брачната двојка Гордана и Гоце Иваноски. Тие своето судбоносно „ДА“ го кажаа пред матичните служби во Охрид, а истото треба да го кажат и пред свештеник во февруари идната година во црквата „Св. Димитрија Солунски“ во Волонгонг. Сопружниците Гордана и Гоце моментално се вселија во домот на родителите од Гоце, кај Зорка и Никола Иваноски во најмакедонската населба во Австралија, во Грингила, населба која се наоѓа во околината на градот Волонгонг.

По честитката упатена до младите и домаќините неизбежни се погледите кон ѕидовите на кои висат повеќе ликовни експонати, дела на младата ликовна уметничка, со кои сака да си ја намали носталгијата кон оставените убавини на својата родна Македонија. Таквата глетка ме премами да и` побарам неколку цртежи и краток биографски запис за поблиско запознавање со нашите читатели во Австралија и пошироко.

Гордана Темелкоска – Иваноска е родена на 9-ти мај 1984 година во Охрид, Македонија. Во 2009 година таа дипломира на Факултетот за туризам и општествени науки „Св. Климент Охридски“ во Охрид отсек Мениџмент по осигурување. Уште во основното училиште таа ги започнува нејзините ликовни чекори со сликање портрети, класични теми, мртва природа и пејсажи во акварел. Со свои дела учествувала и на неколку изложби во средното економско училиште „Мите Богоевски“ во Охрид, каде експериметира со неколку сликарски техники, но повеќе се задржува на сликање со масло на платно. Нејзините сеќавања уште од најрана младост се нераскинливо поврзани за исконските убавини на својата земја. А подоцна во нејзините дела оставаат свој печат и поклоничките патувања, од кои посебно ќе ја нагласи посетата на Манастирот Острог во Црна Гора. Инспирирана од богатата духовност, минато и култура на својот крај, таа не престанува да ги пренесува своите впечатоци на платно и по доаѓањето во Австралија, каде ќе го продолжи своето усовршување.

Да и` посакаме успех во иднина како на приватен план, така и во културното творечко поле, со кое се надеваме дека и македонската заедница ќе ја израдува.

Да спомнеме и тоа дека покрај фолк пејачката Јованка Житарова, ликовнава уметничка Гордана Иваноска, на Волино ќе му биде втора снашка од културно творечки профил.

Иван ТРПОСКИ

gordana-i-goce-ivanovski
Гордана и Гоце Иваноски со гостите од Сиднеј Иван и Нада – Грингила 12.10.2013 год.

manastir-ostrog
Манастирот Острог – 2013 год.

manastir-sv-naum-ohrid
Манастирот Св. Наум, Охрид – 2013 год.

ohridska-arhitektura
Охридска архитектура – Охрид 2013 год.

ohrid-samoilova-tvrdina
Охрид со Самоиловите тврдини – 2013 год.


Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top