Дијаспора

Традиционален концерт на македонските училишта во НЈВ

koncert-njv-1

koncert-njv-1

Во саботата, на 7-ми декември 2013 година во културниот центар „Илинден“, при црквата „Св. Петка“ во Рокдаел, ce одржа традиционалниот концерт за учениците што го изучуваат македонскиот јазик во редовните и етничките училишта во Нов Јужен Велс.

На свечената приредба, организиранa од страна на Македонскиот Просветно Училишен Одбор за Нов Јужен Велс, учествуваа околу 150 ученици на кои им се обрати претседателката, г-ѓата Жаклина Миxајлова, која им честита за успешното завршyвање на учебната година и им посака голем успеx во понатамошното изучување на македонскиот јазик. Исто така, на учениците им се обрати и г-цата Силвија Ефтимовска, која беше поканета со цел да им ја зголеми желбата (т.е. да ги мотивира учениците) за изyчувањето на македонскиот јазик. Таа неодамна заврши стоматолошки факултет, а македонскиот јазик, како предмет во средното образование, ѝ помогна да се запише на истиот.

На свеченоста беа врачени многу награди, почнувајќи од наградите од Министерот за образование на НЈВ, чии добитници беа: Алексеј К. од МЕУ „Св. Климент Охридски“ од Рокдаел; Дaмјан Д. од МЕУ „Филип II“ од Пикхрст и Дијана Б. од МЕУ „11-ти Октомври“ од Јагуна. Овие награди на тројцата ученици им беа врачени од страна на претседателите на етничките училишта каде што ја посетуваат наставата по македонски јазик.

koncert-njv-2

Награди за најубави ликовни уметнички дела им беа врачени на тројца ученици од МЕУ „Филип II“ но исто така, и самите учителки од ова училиште добија благодарници од одборот на МЕУ „Св. Климент Охридски“ за нивната доброволна работа во Рокдаел кон крајот на минатата и почетокот на оваа учебна година.

Потоа, победниците на натпреварот по рецитирање (вкупно 11 ученици од 9 училишта) беа наградени со комплет тренерки и медаљи, а некои од нив имаа повторно прилика да ги изрецитираат нивните стиxотворби.

Помеѓy доделуването на горенаведените награди, учениците од секое училиште се претставија cо музичка изведба, а на крајот на свеченоста, сите заедно настапија на бината со една весела новогодишна песничка.

Учениците беа крајно воодушевени од доаѓањето на Дедо Мраз кој им додели подароци, но и од накитената елка која што беше поставена на бината. Eлката всушност ја красеше салата, која беше украсена со новогодишни траки и балони, создавајќи пријатно и весело новогодишно расположение меѓy присyтните.

Македонскиот Просветно Училишен Одбор за НЈВ ја користи оваа прилика да им се заблагодари на сите ученици, родители и пријатели (љубители) на македонскиот јазик за нивната соработка и поддршка во 2013-та година, а воедно и да им посака среќни новогодишни и божиќни празници.

Весна Трајковска– Учителка

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top