Дијаспора

Романија и Македонија ги продлабочуваат односите

romanija1

Мики Трајковски за Southeast European Times во Скопје

romanija1

Македонија е заинтересирана за поддршка од Романија во добивањето датум за почеток на преговорите со ЕУ, како и за искуството на Романија во пристапувањето во ЕУ и НАТО.

Македонија се обидува да добие поддржувачи за своите кандидатури за влез во ЕУ и НАТО од земјите-членки на Унијата и се свртува кон Романија за поддршка.

romanija2

„Односите меѓу двете земји се интензивираат и Романија дава поддршка за процесите на евроатланска интеграција на Македонија“, рече за SETimes Панде Лазаревски, амбасадорот на Македонија во Романија.

Официјалните претставници велат дека Романија силно ја поддржуваше интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО во минатото и искажа подготвеност за зголемена помош за Македонија во извршувањето на подготвителните работи во рамките на процесот на пристапување.

„Има расположение за одржување политички консултации на кои би се презентирале романските искуства и би се договорило воспоставување конкретна соработка меѓу двете земји“, се вели во соопштението за SETimes на министерството.

Двете земји во 2011 година потпишаа спогодба за поддршка од страна на Романија на интеграцијата на Македонија во ЕУ, што претставува основа за актуелните напори за проширување на размената на информации и соработката меѓу институциите на двете земји, рече Антонио Милошоски, поранешен македонски министер за надворешни работи, кој ја потпиша спогодбата.

„Тоа значи дека најмалку еднаш годишно министерствата за надворешни работи треба да одржуваат политички консултации за теми за кои ќе определат дека е најпотребно“, рече Милошоски за SETimes.

Милошоски рече дека можат да се приклучат и други институции, особено ако можат да се ангажираат во заеднички програми и твининг проекти за подобрување на искористувањето на средствата од ИПА на ЕУ.

Pоманија има традиционално добри односи со Македонија. Pоманија има политичка желба да ја помага Македонија и земјите од регионот на патот кон зачленување во ЕУ. Најголемата поддршка сега ни е потребна за отпочнување на преговорите. Препораката од Романија може да биде од помош за да се зголеми интересот на другите држави-членки своето внимание да го посветат на Македонијa“, рече Милошоски.

Романија е пред сè заинтересирана да ја поддржи интеграцијата на Македонија во ЕУ, рече Кристијан Гвинеа, директор на романскиот Центар за европски политики во Букурешт.

„Романија, исто така, има солидна експертиза во интеграцијата во ЕУ и Македонија може да има корист од мислењата на [романските] експерти во своите напори за усвојување на законодавството на Унијата и спроведувањето на потребните реформи“, рече Гвинеа за SETimes.

Гвинеа рече дека најдобар пример за ваквата соработка е ангажманот на Моника Маковеи, поранешен романски министер за правда, која даде голем придонес за консолидирањето на антикорупциските институции во Македонија.

Соработката меѓу двете земји е особено забележителна меѓу армиите, бидејќи Македонија вложува двојни напори за да осигури одржување на највисоките стандарди на НАТО.

Македонските војници сè повеќе присуствуваат на курсеви и семинари во романските образовни институции и двете земји се согласија македонските војници да се обучуваат во романскиот Универзитет за одбрана во Букурешт.

Покрај тоа, македонските војници учествуваат во вежби за обука во Романија, како дел од програмата на ротациските сили на Црното Море за регионална соработка во одбраната.

„Главниот бенефит за Македонија е подигнувањето и одржувањето на нивото на подготвеност на нејзиниот персонал одреден за учество во [меѓународните] мисии, како и реализацијата на неопходните обуки за подобра меѓусебна оперативност со другите партнерски армии“, се вели во изјавата за SETimes на македонското Министерство за одбрана.

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top