Дијаспора

Интелектуалното иселеништво во одбрана на македонскиот идентитет и суверенитет

makedonski-identitet

Пишува: Јанко ТОМОВ

makedonski-identitet

Поедини македонски интелектуалци, кои живеат во земјите на западната хемисфера со своите авторски дела јавно застануваат во одбрана на македонското битие и сувереноста на Република Македонија. Меѓу нив има автори и организатори во македонските организирани субјекти од национален, политички, културен и економски карактер, кои заслужуваат признанија и од претставниците на актуелната влада на Република Македонија и нејзините институции, за кои го вложуват своето драгоцено време, љубов и лојалност кон македонската кауза.

Оваа година и тоа неодамна, пред неколку недели, нашата Македонка, Лидија ДИМОВСКА која е жител на Словенија, го обели образот на сите Македонци од дијаспората, а посебно во Европа. Лидија е авторка на романот „Резервен живот“, кој роман доби награда за литература на Европската унија за 2013 година. Партиотскиот дух на Лидија, треба да биде поттик за пример на сите нас, особено нам кои сме автори на македонски дела, а кои дела добиваат признанија од интернационален карактер надвор од Република Македонија.

Активистите на македонското движење од дијаспората, кои го прочитавме следниот напис, публикуван во весникот „Нова Македонија“, кој во оригиналност го доставувам, го поздравуваат дипломатскиот акт на Македонката Лидија ДИМОВСКА и пожелуваат уште многу такви јавни бранења и достоинствени однесувања за афирмација на Македонизмот.

При откривање на повеќе такви случаи од страна на македонските интелектуалци од дијаспората, се молат сите да се јавуваат со написи и слични инфорнмации на уредништвото на интернет списанието „Македонска нација“ за нивно публикување, при што ќе се запознаат поголемиот дел на македонските интелектуални и организациони патриоти.

“Акцент – Лидија од Македонија!

Нашата писателка Лидија Димковска во Брисел буквално им одржа лекција на Европејците, храбро и достоинствено, како што ретко кој наш политичар би се осмелил да го направи тоа, а веројатно вака експлицитно никој не го сторил тоа. Потоа читаше фрагменти на македонски јазик од својот роман, а на прашањето од водителот на церемонијата како си поминала во Брисел, Димковска одржа краток политички говор за почит.

„Јас сум Лидија Димковска од Македонија, живеам во Словенија“, рече нашата писателка вчера на церемонијата на доделување на престижната награда за литература на Европската Унија, која ја освои за романот „Резервен живот“, сакајќи да им даде до знаење на организаторите и на присутните во салата дека името на нејзината земја не е ФИРОМ, туку Македонија. Таа буквално им одржа лекција на Европејците, храбро и достоинствено, како што ретко кој политичар би се осмелил да го направи тоа, а веројатно вака експлицитно никој не го сторил тоа. Потоа читаше фрагменти на македонски јазик од својот роман, а на прашањето од водителот на церемонијата како си поминала во Брисел, Димковска одржа краток политички говор за почит.

„Нешто чудно ми се случи кога дојдов во Брисел, го загубив гласот, се надевам дека не е нешто симболично, особено поради случајот со мојата земја, која треба да го загуби своето име само за да стане членка на Европската Унија“, рече нашата ценета писателка многу симпатично, со малку подзарипнат глас, но глас што сосема сигурно го слушнаа и оние од последните редови во салата. Потоа многу културно и` се заблагодари на Европската комисија за наградата, но не пропушти да каже дека благодарноста особено е насочена кон
Дорис Пак, која единствено ја нарекла нејзината земја Македонија.

Димковска вчера на својата страница на Фејсбук сподели реакција на третманот што го имала во Брисел, каде што цело време додека била таму го употребувале терминот ФИРОМ, па дури и на главната проба за церемонијата една од госпоѓите од администрацијата кога требало да ја повика извикала едноставно ФИРОМ! „И` реков дека нема да излезам ако рече така и на доделувањето“, бил коментарот на Димковска.

Во реакцијата Димковска, меѓу другото, истакна дека на доделувањето на наградата во Брисел не дошле ниту македонскиот амбасадор ниту нашиот дописник, што е уште една потврда за затајувањето на политиката, а особено на нашата дипломатија, која би требало да биде првата што ќе им даде поддршка на успесите на Македонците во европските земји и, се разбира, да застане во одбрана на нивниот личен, но и на националниот идентитет во случаите на неговото негирање, кои патем дури не се ни инцидентни кога станува збор за културни настани. Вака, по малку непријатно, и Димковска, како и низа други наши уметници претходно, беше ставена во ситуација самата да реагира. Така прават барем оние похрабрите, оние другите веројатно многупати досега морале само да го подголтнат горчливиот вкус во устата.

Со ваквиот настап во Брисел таа укажа на лицемерството на Европа и на ваквите европски награди чија цел, по се` изгледа само декларативно, е во центарот на вниманието да се стават креативноста и разновидното богатство на современата европска култура.

Нашата Лидија, Лидија од Македонија, како и истоимената славна хероина што дава верба, утеха, надеж, грижа и љубов, овој пат ја одбрани честа на сите Македонци што, пред или по неа, застанале или ќе застанат на некоја европска бина. Затоа, честитки Лидија, за прекрасниот роман, за наградата, но најмногу од се` за смелоста!”

Автор: Весна Дамчевска (Извор: Нова Македонија, 29 Ноември 2013)

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top