Дијаспора

Со дефиле во дијаспората за одбрана на името и идентитетот

janko-tomov

janko-tomov
Пишува: Јанко ТОМОВ

Македонското иселеништво кое вистински тешко и болно ги чувствува последиците од непризнавањето на македонскиот идентитет и уставното име на Македонија, имаат право достојно да реагираат во своите средини. Особено кога е во прашање македонскиот идентитет и промена на уставното име на Македонија, предизвикано од страна на ЕУ и НАТО, непризнаено од Австралија и од дволичната политика на САД, во која предничи нивната поддршка на шовинистичката и донекаде фашистичка влада на Грција.

Во законите на тие демократски држави каде живее македонската емиграција, дозволено е и може секој јавно да го искаже своето мислење и да учествува на мирни културни дефилеа, претходно писмено побарани, а и усвоени од локалните власти.

Дали конечно нашето иселеништвото ќе собере храброст во своите локални средини да организира со пароли и транспаренти да продефелираат низ улиците каде што се движат Mакедонците?

Дали сме заинтересирани за својот национален опстанок?

Одговорот едноставно ќе го покажеме ако се организираме, со цел да ја ублажиме нашата болка за непризнавањето на македонското битие и со тоа да се подготвиме за нови предизвици!

Што е дефиле?

Дефиле е всушност мирен марш или поворка на група луѓе, кои сакаат да ја искажат својата поддршка или несогласување со политиките кон државата во која живеат во однос на својата матична држава од која потекнуваат, пред своите сограѓани, политичари, дипломати и членови на Парламентите за кого и го даваат својот глас на изборите.

Уште од втората половина на 1980-те години од минатиот век, пред осамостојувањето на Република Македонија, храбрите и лојални Македонци од иселеништвото одржаа десетина големи демонстрации пред грчките, бугарските и југословенските амбасади и конзулати во Австралија (беа опфатени сите метрополи на државите на Австралиската федерација). Една од демонстранциите беше првото дефиле на македонската емиграција од Перт и Западна Австралија во Кингс Парк, кое стана традиционално. На овие дефилеа се полагаа венци и свежо цвеќе во чест на паднатите борци Македонци од Првиот Илинден во 1903 година и Вториот Илинден во 1944 година. Дефилеата беа пропратени со пригодна програма и со учество на државна воена гарда на владата на Западна Австралија. Дефилеата се одржуваа од Парламентот на Западна Австралија кој е на почетокот на Кингс Парк, по улицата долга неколку стотина метри се’ до споменикот на паднатите борци на Австралија во минатите регионални и светски војни.

defile
Македонско дефиле-
поворка од 1986 година во Кингс Парк, Перт, поставување на свежо цвеќе и венец од пртеставник на Макединците и претставник на владата на Западна Австралија.

vojna-garda
Во
ената Гарда на Западна Австралија, оддава почит на паднатите борци Македонци во Првиот и Вториот Илинден за време на дефилето во 1986 година, пред Монументалниот споменик во Кингс Парк.

Дефилета  треба да бидат поедноставни за да може да успее идејата, за да бидат помасовни и почести на сите континенти, каде живее патриотското македонско иселеништво.

Во групата за Дефиле, треба да има учесници, пароли и евентуално транспаренти, со куси и содржајни натписи за интересите на Македонците и на Македонија, за признавање на уставното име на Македонија и дозвола за пристапни преговори за членство во ЕУ и НАТО.

Да се прикаже приврзаноста на Американскиот, Канадскиот, Австралискиот и народите од Европа, првенствено како браќа и пријатели, а и со роднински врски преку мешани бракови на Македонци и припадници на тие демократски народи.

Да се прикаже и приврзаноста кон добрите политички партии на тие земји, кои ја признаваат Република Македонија со нејзиниот устав, а со тоа и македонскиот идентитет и придавката “Македонски” и сл. Понатаму, да се прикаже извесна одвратност со цел неприфаќање на навреди во блага форма, кон сите тие кои не не’ признаваат и тие кои водат дволична и недемократска политика према Македонците и Македонија. Особено тие држави кои се прават глуви на провокациите на шовинистичките и фашистички групи и политички партии во нивните сојузници Грција и Бугарија, наменети кон македонскиот народ,

Поедини сугестивни потреби за оргацизирање на дефилеата.

Првенствено да се одржи состанок на групата на која да се избере раководство со задолженија во кои би спаѓале: Претставник за контакт со медијата или со други информативни средства. Потоа, да се одреди одговорен за изготвување на неколку пароли или транспаренти. Да се одредат носители на тие пароли. Да се изберат неколку членови  за безбедност, кои треба да поднесат и писмено барање до локалната полициска станица, каде ќе се одржува дефилето.

Дефилето треба да биде одржано таму каде има повеќе минувачи, а препорачано е да биде и до мало паркче или поголемо место за паркирање. Одговорниот за дефилето да одржи кус говор пред насобраниот народ или народ кој поминува во нивна близина. Сето тоа одење по улицата или местото каде нема сообраќај, треба да трае 20-40 минути.

Учесници на дефилето можат да користат и македонска национална облека, музика, државното знаме на Р.М., актуелните знамиња на Австралија (САД, Канада или на државата во Европа, каде се одржува дефилето) и секако античкото знаме на Македонија (шеснаесеткракото македонско сонце од Кутлеш) и по некој портрет, ако има, од Александар Трети Македонски, Гоце Делчев, Ченто и други видни македонски легендарни Македонци.

Еден од одговорните да биде поврзан со управата на својата Македонска заедница или национална политичка организација за поддршка и агитирање кај останатите мали организирани македонски субјекти или групи во истата држава каде отпочнува дефилето.

Секој македонски патриот, македонски иселеник и пријател на Македонците, може организирано, без провокации и без погрдни зборови да учествува на дефилето, за истото да се одржи како што е предвидено. По одржувањето на дефилето, треба да се поднесе писмен извештај, евентуално со фотографии од дефилето до најблиската Македонска заедница или до е-маилот на предлагачот на овие редови, со цел да се публикува во медиумите и сл. информативни средства.

Владата или нејзините институции на републиката, немаат никаква улога во организирање и учествување на дефилета од политички причини, како и досега. Но, не значи дека тие нема да го ценат овој драгоцен глас на македонското иселеништво, напротив тоа ќе биде адут во нивните раце, кој ќе служи успешно во одбрана на Македонското битие и сувереност.

Закажувањето на Дефилето треба да биде најмалку една недела (7 дена) или повеќе денови порано, поради, како што реков, пријавување во полиција, разгласување преку македонските радио програми и договарања при социјални средби, спортски натпревари, при посета на цркви и манастири и сл.

Ако ние од дијаспората не се појавиме на дефилеа, тоа за нашите противниците значи дека не постоиме и дека немаме свој глас, а тоа би бил доказ за нашата кукавичност и неспособност да го браниме нашиот македонски идентитет. Така и нашите Македонци од етничките делови на Македонија, каде се следи секој нивни чекор и каде владите на Бугарија и Грција вршат закани и малтретирање врз нив, кои реплесалии посебно се наменети за барање македонски човекови и национални права. Исто така во Република Македонија нема доволно услови за дефилеа, бидејќи има и анимакедонски невладини организации, поддржувани материјално и духовно од видни поединци и држави, со цел менување на македонскиот идентитет и уставното име на Македонија. Од друга страна тие неколку невладини организации на републиката, немаат меѓусебна соработка и со тоа авторитет за организирање на поефикасни дефилеа, пред странските претставништва и таму каде треба. Тоа пак не оди во прилог на актуелната влада на Република Македонија и со тоа на македонскиот народ и сувереност, бидејќи и внатре во републиката има безевредни Македонци кои не заслужуваат да бидат Македонци. Таквите ги има по македонски политички партии од повеќе националности, кои се во опозиција на актуелната власт, на кои им е сеедно дали ќе ги нарекуваат Бугари, Срби, Албанци или Грци! Со таквите политички партии, актуелната влада на Премиерот Груевски и претседателот Иванов имаат големи потешкотии и препки на секој чекор, при што сите негативности се одраз и на одлуките на лидерите на ЕУ, НАТО и големите сили, било за полноправно членство или поволна соработка на сите полиња. Познато ни е дека тие големи сили вршат притисок со нефер методи, кои удираат по и така кревкиот животен стандард на Македонците и на граѓаните на Република Македонија.

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top