Дијаспора

Општина Пустец ќе ја снема зашто Македонците не чуваат пушки во амбари

Пишува: Никола Ставрески – Мелбурн.

Албанската влада реши да ја укине општина Пустец, во која доминира македонското население.

Со новиот закон за територијална поделба тоа треба да се случи до локалните избори во 2015 година.

Општина Пустец потоа ќе се припои кон неколку албански општини.

Новата општина ќе се вика Полени (Појан) и ќе ги опфаќа општините Пустец, Полени и Врештас како и селата Шамол, Малавец, Белорта, Куч и Зи и Невечишт од општина Булгарец. Новата општина ќе има население од 41.396 илјади жители.

Ова секако дека не е во интерес на Македонците кои живеат во Република Албанија.

Во новата општина Македонците би немале никакво влијание и она од што најмногу се стравува е дека новата општина ќе биде раководена од градоначалник Албанец, а советот на општината ќе биде сочинет од Албанци.

Тие, барем според Македонците кои живеат таму, ќе го раздадат општинското земјиште кое се наоѓа на брегот на Преспанското езеро на Албанци, со што со текот на годините би се менувала етничката структура на Мала Преспа, која сега е населена со чисто македонско население.

Ова општина и не би била функционална за Македонците во општина Пустец, затоа што за секаква услуга треба да патуваат 40 километри до седиштето на новата општина.

Ќе биде трагедија со назначувањето на новиот Градоначалник на таа општина во 2015 кога најверојатно ќе се започнат со експерименти и како прво ке ги менат и имињата на: селата, планините, улиците каде што живеат Македонците.

Нема да ги заборавам зборовите на бабами кога бев мал ми викаше никогаш да не веруваш љочка и пес посебно кога ги бакнуваш во уста секогаш внимавај како ке ти возвратат.

Ова за Македнците дојде како шок затоа што во сите досегашни иницијативи изминативе години за реформа на територијалната поделба, никогаш не беше предвидено укинување на општина Пустец.

Како и да е Албанија се чини дека е решена да го превземе овој чекор. Но зошто сега? Зошто албанските власти повторно ги изиграа Македонците?

Тие на средбите со високи претставници од Република Македонија ветуваа дека со новата територијална поделба нема да бидат укинати општините каде живее мнозинско македонско население.

И зошто Албанците во Македонија збор не проговоруваат за ова? А кога во Македонија сакаат нешто веднаш ги отвораат пушките од амбарите.

Сепак Македонците се уште се надеваат дека нешто може да се спречи со предупредувањата од меѓународната заедница и опомените за начинот на кој се однесува Албанија кон малцинствата. 

За разлика од албанската влада, пак, властите во Македонија постапија обратно.

Тие со територијалната поделба припојуваа села населени со етнички Албанци кон градови населени со мнозинство Македонци.

Со тоа вештачки ја менуваа етничката структура во новите општини со што Албанците станаа мнозинство и добија свои градоначалници.

Мој предлог да го погледните следниот линк :

http://www.gimprilep.edu.mk/istorija/albanija_megju_dvete_svetski_vojni.html

Но Македонија секогаш сакала да ги задоволи сите. Затоа што знае со кого си има работа.

Македонците, пак, во Албанија се мирен народ и немаат пушки по амбарите.

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top