Дијаспора

Без масовно гласање на иселеништвото нема стабилност за Република Македонија

janko-tomov

janko-tomov
Пишува: Јанко ТОМОВ

Деновиве сме сведоци на предизвици за сериозни одлуки. Едните се за редовните Претседателски избори во Република Македонија и вторите предизвици се за предвремени Парламентарни избори заедно со претседателските.

Државната изборна Комисија (ДИК), дава оглас дека и дијаспората ќе гласа во изборните единици 7, 8 и 9, еден ден пред одржувањето на изборите во Македонија, на 12-ти април. Во избирачкиот список со ѕвездичка се означени  68.000 македонски граѓани кои би требало да гласаат од странство.

ДИК известува дека сите други иселеници, кои не се означени со ѕвездичка, во изборните списоци и кои се иселиле од Република Македонија, а сакаат да гласаат ќе треба да достават ЗАКОНСКА ДОЗВОЛА ЗА ПРЕСТОЈ, ДОЗВОЛА ЗА РАБОТА И ПРИЈАВА СО ЛИЧЕН ПОТПИС. ДИК, наскоро доплонително ќе донесе упатство за гласање на иселеништвото.

ВМРО-ДПМНЕ најави дека на 1 март ќе го избере кандидатот за претседателските избори. Неизвесно е и дали актуелниот шеф на државата Ѓорге Иванов ќе побара доверба од граѓаните за втор мандат. Досега својата кандидатура за претседателските избори ја најавија Стојанче Ангелов и професорот Јове Кекеновски.

Овој пат албанскиот блок бара Претседател на републиката да биде избран консензуален кандидат со меѓусебен договор на коалицијата на РМ, а не со посебни кандидати од секоја политичка партија на РМ, та народот на гласање,  кој ке го избере  тој да биде Претседател. Бидејки, по се игледа нее постигнат таков договор, ке се оди на Претседателски и воедно на Предвремени Парламентарни избори. Првите ке се одржат на 13 април, додека вторите ќе се одржат на 27 април.

Според Македонска Информативна Агенција (МИА), висок политички претставник на ДУИ, Абдулаќим Адеми, министер за животна средина и просторно планирање во владата на РМ кој на 30 јануари 2014 година , за “Нова Македонија” изјавил: “Доколку нема консензуален кандидат, можни се предвремени избори”. Со таа изјава, се создаде голема шанса за иселеништвото, да излезе на масовно гласање на Претседателски  и Предвремените Парламентарни избори во кус временски период.

Коалиционта влада на РМ секако треба да мисли и за македонското иселеништво, кое има свое демократско право да го даде својот глас за Претседател и посебно за Премиер на родната Македонија, земја од која поради национални, политички и економски причини емигрирале по Втората Светска Војна. За таа цел потребно е масовното излегување на изборите, со најпрактични начини, преку современите електронски пошти и слично од страна на иселеништвото, кое ги исполнува предвидените услови, а тоа е да се државјани на Република Македонија.

За таа потребна масовна излезност на иселеништвото за да се оствари демократски, потребно е веднаш Собранието на Република Македонија, како законодавно тело, да изгласа потребни дополнувања на закони за излезност каде емиграцијата живее распрскано во изборните единици на државите на федерациите на САД, Австралија и Канада. Местата на живеалишта во дијаспората, не се во иселенички колонии како што се замислува во републиката, кои за разлика од живеалиштата во Република Македонија, немаат услови да го дадат својот помасовен доприност во предизборните активности на своите претставници и правилно да гласаат за нив.

Во македонските медиуми се истакнува дека останало затворено прашањето за гласање на дијаспората. Постои објективно мислење дека и тоа пршање може позитивно да се реши на седница на македонскиот Парламент, пред евентуалното самораспуштање во втората половина на февруари о.г. Во врска со тоа потребно е и организираните македонски субјекти во дијаспората, како што се ОМД, македонските заедници по државите и  македонските национални, спортски, рекреативни, верски, културни и сл. здрауженија, асоцијации и општини, како и сличните македонски невладини организирани субјекти во републиката да се вклучат помасовно во барањата од Собранието на РМ и од Државната Изборна Комисија (ДИК), да се оствари дополнување на изборниот закон за дијаспората.

Првенствено во законот да не се ограничува правото на глас на македонските државјани во дијаспората со дополнителни услови на излезност, кои со таа дополнителна излезност опозицијата и други субјекти го кочат македонското иселеништво за демократски да се изјасни за своите кандидати, било за Претседател на републиката или за Премиер на владата на Република Македонија.

Со донесување на правилни и прифатливи закони и нивни дополнувања, македонската дијаспора повеќе ќе се ангажира пред своите политички  претставници на парламентите и нивни политички колеги во земјите каде што живеат, за поголем и целосен просперитет на своите македонски зедници во дијаспората и за жителите на суверена Република Македонија. Со едн збор што е најважно: би ги побиле тезите на групите во Македонија (пред се` на опозицијата и на некои други антимакедонски елементи) дека правото на глас треба да се укине поради слабиот интерес за гласање!

Тоа е услов за да победи мнозинството на македонскиот народ во републиката или во дијаспората, а ги има сите прва подеднакво што ќе допринесе  заедно со своите сонародници, жители на РМ од други националности и етнички групи, да го зголемат соживотот и да се чувствуваат рамноправни жители на Република Македонија.

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top