Дијаспора

Македонците од Требиште, Голо Брдо добија асфалтен пат

trebiste

Заврши асфалтирање на патот од граничниот премин Џепиште-Требиште до центарот на с.Требиште во должина од 4 км.

trebisteМакедонците од општина Требиште се задоволни од асфалтирањето на овој пат, бидејќи велат им се подобруваат условите за живот.

„Реконструкцијата на овој пат е од голем интерес за нас, бидејќи поради лошата економска состојба и лошата инфраструктура, одиме на пазар, по работа, трговија и лекување во Дебар, додека најблизок град на албанска страна ни е Пешкопеја, оддалечен 80 километри и дотаму нема асфалтиран пат“, велат за весникот „Македониум“ Македоците од Требиште.

Претходно, фирмата добитник на тендерот за асфалтирање на патот, граничен премин Џепиште-Требиште – центар на село Требиште, наиде на проблеми поради лошата состојба на патната инфраструктура во областа Голо Брдо и не асфалтираните патишта, кои не дозволуваа транспорт на градежни машини, опрема и товарни возила со градежен материјал неопходен за реконструкција и асфалтирање на патот. Единствен излез од ова ситуација беше градежните машини и товарните возила преку Ќафасан да влезат на македонска територија и преку граничниот премин Џепиште – Требиште повторно да влезат на албанска територија за да го реализираат тендерот.

trebiste-pat

За да им помогне на Македонците во Голо Брдо, а по барање на Генералниот директорат на царини на Република Албанија до македонската Царина, Владата на Република Македонија во октомври 2013 година донесе одлука за привременa промена на режимот на работа на граничниот премин Џепиште-Требиште.

Царинската управа на Република Македонија ги презеде сите неопходни мерки за спроведување на царински надзор и контрола на Граничниот премин Џепиште-Требиште на машините, опремата, товарните возила и градежниот материјал неопходни за изградба на патот, сѐ додека траат градежните активности.

Инаку, граничниот премин, Џепиште-Требиште пуштен е во употреба во мај 2013 година, и е наменет за локален граничен сообраќај за луѓе и возила.

trebiste-pat-2

Во последните 20 години малку е инвестирано во регионот на Голо Брдо, патната инфраструктура е во многу лоша состојба, се уште нема асфалтирани патишта во внатрешноста на Голо Брдо која опфаќа три општини, Острени, Требиште и Стеблево населени претежно со македонско население.

Македониум

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top