Дијаспора

Славјаните од Европа и Средоземниот базен се пријатели на европските и азиските народи

janko-tomov

janko-tomov
Јанко ТОМОВ

Православието-Христијанството од античко време, од балкански, североисточни  европски и земји и народи од Блискиот Исток, е основа на современата религија и европска цивилизација. Но тоа поедини политичари на европски и американски држави не го ценат и неаргументирано го навредуваат, со што ја заоструваат и онака кризната ситуација во Украина.

Според Тодор Петров, претседател на СМК, што ја објави навредливата изјава на Карл Билдт, Шведски министер за надворешни работи и бивш висок функционер на ЕУ и ООН, откри дел од “картите” на ЕУ. Карл Билдт неодамна изјави: „православието е поопасно од исламскиот фундаментализам и претставува најголема опасност за западната цивилизација“, што претставува неукост од страна на еден шведски политичар, кажува за  историски и национални сфаќања, без основни познавања на историјата на народите во Европа. Такви како него, произведуваат лични неточни и навредливи информации и напади, кои слични на него во ЕУ и САД, му веруваат и ги користат истите за национални–етнички и политички напади, недоверба и загрозување на економски и политички соработки и меѓусебна почит на народите во Европа. Со еден збор, во актуелната криза во Украина, со такви неосновани напади против Славјанските и православни народи, кои ги има скоро половина милијарда, поттикнуваат Третата Светска Војна!? Тоа го прават со нас Славјаните, а што останува со муслиманските народи кои не ја сакаат нивната доминација врз нив, кои се сметани за вечни непријатели на Америка, Израел и на Европа. Со една забелешка, дека поопасни и поекстремни исламски држави во блиското минато и поедини сегашни, кои го загрозуваат човештвото, а се покорени пред нив, ги толерираат на штета на своите сојузници и пријателски народи на САД и ЕУ!

Што ЕУ, САД и нивните сојузници можат да изгубат од Славјанските мирни народи на Европа, ако се соединат со заедничка одбрана? Дали тоа нема да се одрази и на светската емиграција која живее во Америка, Европа и Австралија?

Ве молам погледнете ги информациите за бројот на жителите на Европа и Азија, кои милиони се со славјански корени со исти и слични говорни јазици и писменост, кои меѓусебно се разбираат, со исти и слички култури, истории, национални и традиционални карактеристики, стари илјадници години, со иста Православна религија и слично;

Според Колинс, Светски Атлас-Фактопедија (the Collins) од 1994 година, ИСБН: 0-7322 5049 8, има 18 држави во Европа кои се Славјански и претежно православни-христијански народи, чиј број изнесува 347.200.000 луѓе. За ваша евиденција, иако оваа фактопедија е стара 20 години, сепак и денешните атласи веројатно ја прикажуваат сличната бројка на Славјански-христијански-православни народи во Европа.

Во Република Македонија има 1.9 милиони (20% биле Албанци) 67% Македонци; Полска 38.4; Казакстан 17 милиони од кои Руси 38% и Козаци 40%; Чешка 10.3, 50% Римокатолици; Молдавија 4.4 од кои 13% Руси, Украинци 14%, Молдавци 65%; Белорусија 10.3 милиони од кои Руси 13%, Украинци 3%, Пољаци 3%, Белоруси 78%; Руска Федерација 148.7 милиони од кои 75% се Руси; Украина има 51.9 милиони од кои 22% се Руси, а 73% Украинци; Словенија има 1.9 милиони од кои 91% се Словенци со Римокатоличка религија, а врз база на славјански корени; Словачка има 5.3 од кои Римокатолици 50% исто така со славјански корени; Хрватска 4.8 милиони со славјански корени и со Римокатоличка религија; Србија (Југославија и Црна Гора) 10.4 милиони; Босна и Херцеговина 4.2 милиони Славјани и муслимани со славјански корени 40%, Римокатолици 15%, Протестани 4%, православни и католици 31%; Бугарија 9 милиони, Бугари (поранешни Тракијци) 85%, муслимани 13% и Македонци 3%?; Романија 23.3 милиони – Романци православни 70%; Естонија 1,6 милиони од кои Естонци 62% и Руси 30%; Литванија 3.8 милиони од кои 9% Руси, 8% Пољаци и останатите Литванци и на крај Латвија со 2.7 милиони од кои Руси 34%, Украинци 4%, Белоруси 5% и Латвијци 52%.

Како што се прикажани народите на 18-те славјански земји во Европа кои ги има вкупно 347 милиони и 200 илјади  жители, не сметајќи ги Македонците во денешна Грција-Егејска Македонија кои се повеќе од 2 милиони Славјани, потоа во земјите на Блискиот Исток и Јужните делови на Западна Азија, како што се Либан, кој има христијани 25%, Турција во која според историски показатели имало голем број на Славјани-Македонци, Ерменија од кои 9 милиони живееле во Америка. Исто така и во други држави во светот има славјански народи, за кои не се знае точна бројка.

Што може да се случи ако САД и ЕУ со НАТО, одлучат и ја нападнат Руската федерација? За кусо време ќе се растури целата европска економија, бидејќи не само Германија, која користи Гас од Русија 30% за својата индустрија и актуелната одлична соработка на индустриските претпријатија и фабрики со Русија. Не само Германија туку и други европски членки и нечленки на ЕУ ќе претрпат огромни економски загуби, било да имаат индустиска и трговска соработка со Русија или не, со години чекајќи Американците да им воспостават гас и потребни енергетски поволности, каде ќе ги чини европјаните поскапо  отколку што сега тоа го добиваат од Русија.

Постојано,  германската канцеларка Ангелина Меркел, изјавува дека само со дијалози треба да се реши украниската криза, без војна, бидејќи илјадници фирми имаат одлична соработка со Русија. Спротивно ќе има голема безработница на многу милиони емигранти од сиромашните Балкански држави и од Блискиот Исток.

Според германски извори на Дојче Веле (DW), во статијата: „Без Русите нема летање во вселената“, стои: „Евентуален руски бојкот на вселенската соработка како реакција на санкциите на Западот поради украинската криза би имал драстични последици за Европа и САД. Зашто без руска техника западните земји ќе останат на земја“.

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top