Дијаспора

Aктивност за промоција на културата на малцинствата во Албанија под мотото „Покажи ја твојата култура“

pokazi-ja-tvojata-kultura-1

Васил Штерјовски

По повод 21 мај Светскиот ден на културната различност, министерството за култура на Албанија во соработка со Националниот историски музеј,  под мотото “Покажи ја твојата култура” во просториите на Националниот историски музеј организираа активност посветенa на различните заедници и малцинствата кои живеат и работат во Албанија.

pokazi-ja-tvojata-kultura-1

Министерката Мирела Кумбарао се заблагодарува на учесниците за посветеното внимание и истакна дека оваа активност не се организира само формално или има врска со конвенциите со кои албанската држава со време е интегрирана, но дека е многу важно да ја чуваш различоста или културната различост на сите заедници во нашата земја, прво и основно е знак на еманципација како поединец или институција на Министерството за култура и имаме должност да ја поддржиме и промовираме вредноста и важноста што ја има.

Активноста продолжи со емитување на видео инсерти подготвени од страна на здруженијата на малцинствата, кои преку кои ги изразија нивните обичаи, ритуали, традиции, различни култури, професии и уметнички вредности кои тие ги претставуваат, пренесува весник Македониум.

Од страна на Македонската заедница во Албанија на ова активност учествуваше Македонскиот културен центар “СОНЦЕ” од Корча, кој со видео инсерти ја претстави богатата духовна култура од Мала Преспа, пред се` народните песни, обредите и обичаите и “женско обредно пеење”, создадено во далечното минато, кое се сочувало по пат на усно пренесување од генерација на генерација.

pokazi-ja-tvojata-kultura-2

На активноста се обратија и претставниците на мацинствата. Во своето обраќање претставникот на Македонците во Албанија, Васил Стерјовски се заблагодари на министерката за култура за организирањето на оваа активност, која е прва ваква активност организирана од страна на некоја албанска институција и која има за цел промовирање на културата на малцинствата и побара од министерката Мирела Кумбаро, министерството за култура да одреди посебен фонд за поддршка на културата на малцинствата.

Оваа активност имаше за цел истакнување и унапредување на нематеријалното културно наследство на малцинствата, што е исто така еден од приоритетите на Министерството за култура за оваа област.

Македониум

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top