Дијаспора

За грчкото потекло

th

thИ додека соседите со децении му докажуваат на светот дека има само една Македонија (во Грција), упорно го монополизираат името, историјата, македонските симболи, сосема го занемаруваат фактот за нивното оригинално потекло. Германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ во една своја статија пишува:

Сегашните Грци не се ништо друго освен мешавина од племиња, кои периодично преминувале во земјата како агресори или како бегалци и емигранти. Всушност и генетски е докажано дека Грците имаат исти DRB1 гени со Етиопјаните. Тоа ја докажува цврстата поврзаност со суб-Сахарското (Етиопското) население.

Античките грчки историчари, Херодотус и Диодорус  Сицулус (Herodotus, Diodorus Siculus) го користеле  зборот Aethiopia ( Αιθιοπία ) и  кој главно се однесувал на граѓаните кои живееле веднаш на југот од древниот Египет , посебно од областа сега позната како античкото  кралство Куш. Во античко време името  Етиопија  главно се однесувало за Судан со седиште во горниот дел на реката Нил јужно од Египет но исто така и за цела Африка. Името Етиопија (Ethiopia) e од грчко потекло и значи “изгорени лица“.

Како што е познато, Етиопија е најстара независна земја во Африка и една од најстарите во светот. Исто така се верува дека најстарите остатоци од човечкиот предок се откриени во преплавена долина во Етиопија. Доказ за тоа е  откривањето  на “Луси”, 3.2 милиони години стар скелет, откопан во истата област во 1974 година. Фосилот Луси, го претставува најкомплетниот, дотогаш пронајден човеколик фосил.  И грчкиот историчар Херодотус, од петтиот век пред нашата ера, често пати пишувал за  Етиопија во неговите дела.

Денес во Етиопија, поточно во главниот град, Адис Абeба, живеат околу 3000 Грци. Тие имаат училиште во главниот град  и православна црква во градот Св. Фроумендиос. Училиштето брои околу  120 студенти , од кои многумина добиваат стипендии да ги продолжат своите студии во Грција. Сепак постои зголемена иницијатива од страна на Грците да ги искористат предностите  и можностите за инвестирање во Етиопија.

Последните генетски истражувања на популацијата на Балканот јасно покажаа дека популацијата во Македонија нема никаква сличност со грчките гени.  Македонската популација има генетска сличност со жителите на медитеранските острови  Крит, Корзика, Сицилија, Сардинија.

И јазикот е нешто кое никогаш немало врска со грчкиот. Современиот проучувач на древна Македонија Артур Вајгал ја докажува засебноста на древно-македонскиот јазик,  и пишува:

‘Грците  не можеле да го разберат маке­донскиот јазик, кој немал речиси никаква сличност со нивниот, а немало ни литера­тура од која би можел да се проучува.’ (Артур Вајгал: Александар Македонски, Скопје,1992, стр. 24).

Исто така тој тврди дека Македонците не знаеле ни­ту еден единствен збор од грчкиот јазик. Така, на пример, кога пишува за смртта на Филип Втори Македонски, Вајгал, повторно ја потенцира засебноста на македонскиот јазик. Оценувајќи  ја улогата на Филип Втори (цит. дело, стр. 128), Вајгал пишува:
„Неговата голема задача да изгради македонска нација, да ги присили грчките држави да дејствуваат едногласно со неа, како и меѓу себе, и да докажува дека Македонците се Хелени, иако дури многумина од нив не знаеле да зборуваат грчки, била извршена“.

Вајгал (цит. дело, стр. 267) пишувајќи за Александар Македонски издвојува:

“Александар, дури и на врвот на својата моќ никогаш не можел мла­дешки да не и се восхитува на атинската  интелектуалност, и да се осло­боди од непријатното  чувство дека неговите воинствени Македонци, од кои многумина не знаеле дури ниту еден единствен грчки збор, не се според грчкиот стандард за културата.”

Полесно им е да се служат со лаги отколку да ја прифатат вистината за себе, за она што всушност  се. Не постојат никакви  натписи на грчки јазик на територијата на Македонија за што и Грчкиот професор Пецас, во својата статија „Едно свинче патешественик“, пишу­ва дека не е пронајден ниту еден грчки натпис од раниот древен пе­риод во Македонија.

И  професорот  Даска­ла­кис пишува:
„Во Македонија и покрај толкуте ископувања до денес не се најдени натписи на грчки јазик од тој период“.

Во енциклопедијата  ЦД Гролиер 1995 се вели дека старогрчкиот јазик не е спомнат дури ни како говорен јазик во Македонија:
“Древниот грчки јазик бил говорен јазик во Грција, на Крит, во дело­ви од источниот Медитеран и во западна и северна Ана­долија, на Сици­лија и во јужна Италија, на севернниот брег на Црно Море и делумно на северноафриканскиот и францускиот брег”.

Значи, Македонија воопшто не се споменува како подрачје на кое се говорел древниот грчки јазик. Затоа се невозможни и неприфатливи грчките ставови кои ги шират во светот и со кои и даваат на Македонија грчки карактер. Земја во која никогаш не се зборувал грчки јазик, не може да биде грчка и не може да се нарекува ништо друго освен  Македонија.

Гордана Димовска

Најново од: Дијаспора

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Најнови вести

To top