Дијаспора

Од патувањата низ Бугарија (1)

slave-katin

ДЕЛ ОД КНИГАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА” ОД СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ-КАТИН

ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО БУГАРИЈА

slave-katinВо историјата за Пиринска Македонија се вели дека таа е дел од етничката територија на Македонија, кој дел по Букурешкиот „мировен” договор во 1913 година припаднал на Бугарија. Во антиката Пиринска Македонија најпрвин била дел од Панонија и Тракија, а подоцна станала дел од Царството Античка Македонија. Во римскиот период Пиринска Македонија доживува своевиден процут, за што сведочат повеќето археолошки ископини на антички градови во близината на денешните градови Благоевград, Сандански, село Рупите и др. Во средновековниот период Пиринска Македонија била под власта на царот Самуил, Византија и балканските феудалци. Со доаѓањето на Турците, Пиринска Македонија бележи одредена стагнација, но сепак не го напушта својот непокорлив македонски дух. За време на Руско – турската војна во 1877-78 година, северниот дел на Пиринска Македонија ќе потпадне под руската окупациска зона, но по Берлинскиот конгрес ќе ѝ биде вратен на Турција. На подрачјето на Пиринска Македонија е кренато Кресненското (Македонското) востание против османлиската власт во 1878/79 година со центар во Кресна, кое имало силен македонски национален карактер и цел да создаде независна автономна македонска држава. Кон крајот на XIX век на територијата на Пирин со својата чета ќе царува големиот македонски револуционер и великан Јане Сандански, кој бил близок соработник на Гоце Делчев и најголем борец против врховизмот. Тој е познат под прекарот „Пирински цар” кој ќе го изврши познатото грабнување на протестантската мисионерка Мис Стоун. По Втората Светска Војна во времето на владеењето на Георги Димитров, Македонците од Пиринска Македонија ќе добијат целосна културна автономија која требала преку законска рамка да прерасне во територијална и Пиринска Македонија да се обедини кон тогашната НР Македонија како кон матична држава во рамките на Балканската федерација.

Македонците во Бугарија, или како Пиринци или бугарски Македонци, се староседелско население кое, главно, живее во Пиринска Македонија, во југозападниот дел на денешната Република Бугарија. Во определени периоди постоело и иселување од политички и економски причини, од другите делови на македонската регија. Иселувањето се одвивало во неколку поголемибранови: средниот век, во ренесансата, по ослободувањето на Бугарија од турската власт, по Илинденското востание, по Балканските војни и Првата Светска Војна. Македонската емиграција од сите делови на етничка Македонија во Бугарија е најголема македонска емиграција во светот, со огромен интелектуален потенцијал и големо културно наследство.

Невозможно е да се каже колкав е точниот број на етничките Македонци во Бугарија, особено поради фактот што различни извори даваат спротивставени податоци. Сепак, сите се согласуваат дека голем број (над два милиона, вклучувајќи и од мешани бракови) од граѓаните на Република Бугарија се потомци на доселеници од Македонија, кои како емигранти или бегалци својот дом го нашле во Бугарија.

Според пописот на населението во декември 1946 година, во Народна Република Бугарија од вкупно 252.908 жители во Пиринска Македонија 160.541 лице, односно 70% се изјасниле како етнички Македонци. Изнесените факти ја потврдуваат вистината за Македонците во Бугарија, кои Бугарија вешто се обидува да ги изманипулира. За жал, и за голем демократски срам, според пописот на населението во Република Бугарија од 2011 година таму живеат само 1.654 Македонци, од нив: 561 се населени во Благоевградска област, а 1.163 се со мајчин македонски јазик, додека 1.091 се државјани на Република Македонија кои живеат во Бугарија.

Исто така, во 1947 година биле создадени печатени медиуми, „Пирински весник” и Печатницата „Македонска книга”. Тие биле дел од остварените ветувања за правата на Македонците во Бугарија, кои би го зајакнале македонскиот јазик и култура. Медиумите биле укинати и затворени во 1958 година, поради политички причини и менување на власта.

Меѓутоа, во 1990 година, бил создаден нов весник за македонското малцинство во Бугарија, со име „Народна волја”. Весникот се уредува и печати во Горна Џумаја.

Исто така, во Благоевград е формирана Обединетата македонска организација „Илинден” – Пирин е партија за економски развој и интеграција на населението во Република Бугарија. Таа е демократска партија која ги штити правата на малцинствата и се залага за децентрализација на земјата. Тоа е единствената политичка партија која се бори за правата на македонското малцинство во Бугарија. Партијата работи главно во југозападниот регион на земјата, исто така познат како Пиринска Македонија. Таа беше регистрирана како политичка партија во 1999 година и учествуваше во општинските избори. Меѓутоа, на 29 февруари 2000 година, Уставниот суд во Бугарија прогласи дека таа е неуставна, повредувајќи го правото на слобода на здружување и правото на слобода од дискриминација.

Најново од: Дијаспора

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top