Дијаспора

Античката историја на Македонија и Балканот во делата на западните автори

anticka-istorija-janko-tomov

(од фалсификати до коректно презентирање)

Пишува: Јанко ТОМОВ

anticka-istorija-janko-tomovОваа историска книга е прва од ваков карактер, објавена во 2005 година во Бризбен, Австралија, на македонски и англиски јазик во проширено издание, во која консултант е Маргарет Морсе (моја сопруга), а осврт и лектура се на Александар Донски. Книгата е печатена во „2-ри Август-С“ Штип, Република Македонија.

Во продолжетоци во списанието „Македонска нација“, ќе изнесам цитати од кигата, по насловите: Пишувања во врска со историјата; Пишувања во врска со јазикот; Пишувања во врска со културата; Пишувања во врска со религијата; и Презентирање на античко – македонските симболи.

Ги користив книгите на Западните историски автори, кои едни ја кажуваат вистината за Македонците, македонските кралеви и цареви, правејќи битни разлики помеѓу Македонците и Грците, додека другите без историски аргументи или истите ги фалсификуваат и прикажуваат нереално, пристрасно наклонето кон грцизмот-еленизмот.

Вовед

Со обновувањето на македонската независна држа­ва во 1991 година под името Република Македонија, Македонија повторно ја врати својата слава како држава. Тоа наиде на силен отпор од страна на Грција и мнозинството Грци, кои се обидоа да ја искриват македонс­ката историја, што впрочем го прават веќе со децении пред тоа. Така се јавија странски автори, кои ја пишуваа антич­ката историја под грчко влијание. За разлика од нив, во Македонија, с# повеќе се јавуваат историчари кои чесно ги презентираат историските факти, ослободени до стегите на едноумието, кое владеше додека Македонија беше под власта на кому­нистите. Со тоа овие историчари дадоа свој голем прилог во полза на презентирањето на нашата маке­донска самобитност и на нашиот удел во светската цивилизација и братство меѓу народите.

Една од задачите на македонската исто­рио­графија, што јас за првпат ја презентирам во оваа книга, е и откривањето на досега објавените грешки и фалси­фикати во странската историска литература  во однос на македонската историја. Овие грешки и фалсификати упорно се повторуваат и препишуваат заради недостиг на вистинките аргументи, но и заради субјективни причини (влијание на грчката историографија и пропаганда).  Со ваквите артикулации, се негира посеб­носта на Македонија и Македонците (или се запоставува нивниот придонес во цивилизацијата), а без никакво оправдување се глорифи­цира грцизмот и грчката историја.

Материјалот за оваа книга го собирав во одлично организираните библиотеки  во Квинсленд и Бризбејн (Австралија). Притоа наидов на многу книги во кои се споменува Македонија и македонската историја. Тоа главно се квалитетно отпечатени наслови, со бројни илустрации во боја. Забележав и дека ваквите книги не беа секогаш со голем број страници, но насловите им беа “бомбастични”. Во значителен дел од нив античката македонска исто­рија беше погрешно прикажана како “грчка”, Александар Македонски како “Грк”, а неговата војска како “грчка војска”. Сето ова може да значи тендеци­оз­ност во смисла дека намерно се печателе книги со помал број страници, за да бидат поефтини и секому достапни, т.е. за да бидат наменети за пошироката публика со цел фалсификуваните податоци да дојдат до што поголем број луѓе од западниот свет. Посебно ваквите книги се атрактивни за студентите, средношколците и учениците, како идни носители на интелигенцијата во  своите земји.

Да го кажеме и тоа дека западните автори, кои пишуваат вакви книги  во кои погрешно е прикажана македонската историја, не мора секогаш да значи дека се под грчко влијание (било да биле платени од Грците било да биле под емотивно влијание на грчката култура). Дел од овие автори честопати само некритички ги прифаќаат и препишуваат податоците, кои пред нив ги оставила грчката пропаганда. Оваа пропаганда, пак, својот зародиш го има во втората половина на 19 век. По создавањето на грчката држава во дваесеттите години на 19 век, првите грчки раководни политичари дури ниту Епир не го сметале за грчка територија, а камо ли Македонија. Но, подоцна, поради ослабнувањето на Османлиското Царство грчката држава почнала да се проширува територијално и за да ги оправда ваквите освојувања, морала да создаде своја пропаганда, која тврдела дека овие територии (Епир, Македонија, Крит и други) порано биле “грчки” и дека затоа современата грчка држава има право на нивно завојување. Во недостиг на македонска држава во тоа време (19 век, но и подоцна), немало кој органи­зирано да се спротивстави на грчката пропаганда, па затоа нејзините артикулации останале како единствен “извор” за меѓуна­родната јавност во врска со маке­донската и балканска историја. Подоцна, западните (и останатите странски) историчари само го препишувале она што го тврдела грчката пропаганда, а ваквата сос­тојба трае и денес. Поради тоа, не можам да ги обвинам сите западни истори­чари кои погрешно ја интерпретираат нашата историја. Едноставно, треба време и трпение ние да им ги понудиме вистинските аргументи, по што добар дел од нив, сами ќе ги сфатат своите грешки. Ова веќе и почнува да се случува затоа што на Запад има с# повеќе историчари кои објективно ја прикажуваат македонската историја. Секако дека во оваа книга ќе направиме осврт и на дел од овие објективни историчари.

Продолжува

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top