Дијаспора

Античката историја на Македонија и Балканот во делата на западните автори (2 дел)

anticka-istorija-janko-tomov

(од фалсификати до коректно презентирање)

Пишува: Јанко ТОМОВ

anticka-istorija-janko-tomov

Има и такви кои, иако ја знаат вистината, за да не влегуваат во судир и спор со грчката државна пропа­ганда, и натаму погрешно ја прикажуваат античката историја, при што го глорифицираат грчкиот удел во  цивилизацијата.

Откривањето на нивните грешки и фалсификати може да се искористи и во сегашната борба со грчката пропаганда, која е пренесена и во меѓународните институции (ЕУ, НАТО, ООН и други).

На ваквата пропаганда треба да се спротивстави македонската историографија, но во неа, за жал, малку се пишува за најславниот период на македонската историја, а тоа е античкот период. Исто така и во Македонија с# уште се глорифицира грцизмот во античката историја на Балканот, иако се јавуваат и поинакви примери, кои објективно ја прикажуваат историјата.

По доселувањето на Грците (Хелените) од територијата на Африка, тие отпрвин окупирале само дел од денешните јужни грчки острови. Со текот на времето тие почнале да го наметнуваат својот говорен јазик на домородното население. Уште тогаш Хелените наишле на отпор од страна на староседелците. Познати се судирите помеѓу Хелените и Пелазгите, за кои пишува и Херодот. Во античкиот грчки јазик биле инкорпорирани зборови од домородните јазици. На повеќето од нив вештачки им биле додавани грчките суфикси: ос, ес и ис, со што тие биле грцизирани.

Треба да се знае и тоа дека во античкиот период не постоела единствена држава под името Грција, но наспроти тоа денес мнозина во светот го користат погрешниот термин “античка Грција”.

Исто е и со Византија, кои мнозина денес ја сметаат за “Грчко царство”, иако тоа била етнички хетерогена држава, а нејзините граѓани главно себеси се декларирале како “Ромеи” (жители на Источното Римско царство).

Се знае и дека Грците (Хелените) го користеле феникиското писмо, па сепак, мнозина денес тоа писмо го нарекуваат како “грчко”.

Од друга страна нема сомнение дека денешните Македонци во најголема мера се потомци на античките Македонци. Ова е потврдено не само со најновите генетски истражувања, туку и со низа други сегменти (идентичост во обичаите помеѓу античките и денешните Македонци, идентичност во фолклорот, материјалната култура и сл.). Сепак, малку кој во светот денес пишува за оваа вистина, а виновни за тоа се и македонските историчари, кои заради дневно-политички потреби на поранешните југословенски комунисти, го форсираа “словенството” како теорија за настанокот на маке­донската нација. Меѓутоа, со текот на времето, работите ќе си го најдат своето место, најмногу од с# благо­дарение на вистината, која е на македонска страна.

Што се однесува до самите грешки и фалси­фикати, како што спомнавме, тие главно се однесуваат на прикажување на многу вредности во антиката како “грчки”, иако тоа не било така. Овие вредности биле создавани не само од Грците, туку и од Македонците, Тракијците, Илирите, Пелазгите и други антички народи, но од создавањето на модерната грчка држава во дваесеттите години на 19 век, со помош на Големите сили (а пред с# со помош на Русија) создадена е една силна државна грчка пропаганда, која била прифатена и од европските држави заради нивниот антагонизам кон Отоманската империја. На европските држави им одговарало да ги прифатат грчките фалсификати за наводните “историски права” на Грција да поседува голем дел од Балканот, токму како причина за да се избрка Турција од Балканот. Затоа во Европа беа прифатени грчките лаги и фалсификати и до денес истите по инерција се препишуваат.

Во книгата што е пред вас, ќе наведеме поголем број вакви цитати во кои се направени било намерни, било ненамерни грешки, но и чисти фалсификати. Оваа книга нема да ги поправи тие грешки, но се надеваме дека истата ќе влијае врз иднината, т.е. барем врз дел од идните автори кои ќе пишуваат на оваа тема.

Во оваа книга ќе се задржиме главно на западните автори од проста причина што нивната литература мене ми беше достапна, затоа што живеам во Австралија. Ова не значи дека не постојат бројни фалсификати за македонската историја и во останатите држави (Русија и во останатите т.н. “источни земји”), но тоа нека остане за некое следно истражување.

Секако дека овие податоци нанесуваат голема штета на Македонија и на Македонците, па со нивното разоткривање, се надеваме дека ќе помогнеме во преземање активности на “контра-офанзива”, т.е. спротивстаување на ваквите појави со помош на аргументи.

Паралелно со некои од цитатите во кои се застапени грешки и фалсификати, ќе понудиме и вистински аргументи за да може читателот да направи споредба помеѓу грешката и фалсификатот од една страна и вистината од друга страна.

Се надеваме дека оваа книга ќе поттикне и други истражувачи во други држави да вршат истражувања во оваа насока, а подоцна резултатите од ваквите истра­жувања да бидат презентирани пред јавноста на дотичните држави. Само така ќе можеме да се надеваме дека нашата историска вистина ќе биде правилно прифатена од меѓународната заедница, што сигурно дека ќе има влијание и врз дневната политика и сегашност во Република Македонија.

На крајот, пак ќе спомнеме, дека денес Република Македонија има пријателски односи со повеќето западни земји. Македонија својата иднина ја гледа во евро-атланската интеграција и со оваа книга никако не сакаме истата да ја доведеме во прашање. Напротив, со оваа книга сакаме да им укажеме на нашите западни пријатели за вистинската историја на нивниот пријател Македонија, но и за грешките што тие во одделни периоди, од различни причини, ги правеле во однос на презентирањето на нашата историја.

Од друга страна искажуваме голема почит кон оние бројни западни автори кои коректно ја прикажуваат нашата историја и чиј број е се поголем. Овие автори трајно ја задолжија македонската историографија преку правилното презентирање на нашата историја пред западната јавност.

Да се надеваме дека еден ден сите ќе живееме во свет кога разликите во културите ќе се почитуваат и нема да бидат причина за раскол и шовинизам меѓу народите.

Се надеваме и дека оваа книга ќе даде скромен прилог во таа насока.

Продолжува

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top