Дијаспора

Од патувањата низ Бугарија (5)

slave-katin

slave-katin
СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ-КАТИН

ДЕЛ ОД КНИГАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА” ОД СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ-КАТИН
ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО БУГАРИЈА

ВО МЕЛНИК – ГРАДОТ МУЗЕЈ

Брзо стасавме во Мелник, кого често случајните намерници го нарекуваат „град легенда“, „град на виното“, „град на минатото“, а тој, всушност е најмалиот град во Пиринска Македонија и на Балканот, ако не и во Европа. Во него живеат едвај 400-500 жители. Меѓутоа, Мелник пленува со својот необично живописен изглед и архитектонски остварувања. Сместен е меѓу песочните пирамиди на двете страни на Мелничката и Роженската река, претставува град-музеј, бидејќи секоја куќа е музеј за себе, а се зачувани и манастирот „Света Богородица“ и црквата „Свети Никола“, кои зборуваат за богатиот црковен живот на овие простори.

Исто така, Мелник пленува особено со старите куќи кои се ремек дела и ретки примероци во архитектурата. Тие се пространи, на два ката со големи чардаци и еркери, а во чии песочни почви се ископани огромни депоа, во кои се чуваат бочвите со прочуеното мелничко вино. Најкарактеристична, најголема и најубава од сите куќи во Мелник е, секако, куќата на еден голем трговец со вино, сместена на највисоката кота на градот во песочниот брег. Бевме информирани дека во таа куќа сe` уште постои бочва која собира до 30.000 оки вино и во која, како што ни рече нашиот познајник, во текот на Илинденското востание, по потреба, можело да се скрие целата чета на Јане Сандански. А сезнае дека овој трговец бил најдобриот пријател на пиринскиот војвода.

Мелник има многу интересно минато. Уште во времето на цар Самуил бил важен воен центар, а подоцна станал привлечно место, бидејќи тука континенталната клима се преточува во планинска, а и во алпска погоре кон Пирин Планина. Во минатиот век Мелник бил многу значаен трговски центар и град на престиж меѓу трговците каде што се отворале широки перспективи. Затоа во него, покрај Македонци – Пиринци се доселиле бројни Елини (Грци), Турци, Ерменци, Власи и други, чиj број на крајот од XIX век достигнал до 20.000. Во тој период градот доживува голем растеж и напредок на трговско поле; карвани од коњи и камили натоварени со буриња и мешини мелничко вино секојдневно заминувале на сите страни на светот. Така, карваните на југ оделе до Египет, на запад до Париз и Мадрид, а на север до Будим и Пешта.

При враќањето трговците донесувале многу производи од богатите европски пазари, а ја пренесувале и најновата мода во облекувањето. Затоа, често се вели дека Мелник е огледало на едно убаво минато, на големи богатства и раскош. Ваквиот живот бил особено изразен преку богатите куќи, ремек дела на дебарските мајстори, кои големо внимание посветиле на надворешноста и фасадниот изглед, во чии визби со иста температура се чувале големи количества вино.

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top