Дијаспора

Живот поминат во играње шах

dimitar-mojanovski

dimitar-mojanovski

Димитар Мојановски неодамна беше награден за најголем читател на книги во Библиотеката „Григор Прличев“ при истоименото Литературно друштво во Сиднеј. Поводот на разговорот беше токму неговата долгорочна љубов со шаховската табла која отпочна од своето родно Чаништа да продолжи како војник во ЈНА, потоа гастарбајтер во Австрија и печалбарство во Австралија.

Димитар е роден во Чаништа и уште од своите млади години го напушти селото како и многут други младинци во 60-тите години за да си ја бара среќата во западно-европските држави. Во Австрија работеше на бродовите на Дунав па после преселбата во Австралија во 1971 год. некое време помина во Ливницата на железо во Порт Кембла за потоа да се пресели во Сиднеј и да се вработи во државното водостопанство, а повеќе од 30 години работеше како возач на автобус. Се ожени за Симјанка од Крушејца и е татко на две ќерки и еден син кои се сите родени и живеат со своите семејства во Австралија.

Димитар, со преселувањето во Австралија слободното време, иако не знаеше англиски, го користеше во дружење со познати австралиски шахисти и членување во клубови. Бидејќи беше искрено и неизмерно заљубен во шахот, одеше на шаховски турнири во повеќе градови во Австралија. Мојановски не само што се бореше на шаховската табла тој беше и главниот организатор во организирање на шаховски турнири во првиот македонски шаховски клуб кој прво започна да функционира токму во Литературното друштво за да продолжи во просториите на Црквата Св. Петка во Рогдаел под името „Македонски шаховски клуб Илинден“.  На повеќе турнеи самиот клуб и тој лично освојувале прво, второ и трето место, а најповеќе му значеше групното играње со познатиот руски шахиста Карпов кој беше еден од 72-те играчи.

Сега Мојановски своите пензионерски денови ги поминува во читање книги и играње шах на интернет и локалниот шаховски клуб во Сиднеј.

Душан Ристевски

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top