Дијаспора

МИСИЈА НА МАКЕДОНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЗАЕДНИЦАТА ( MACO)

maco meeting-001

maco meeting-001Македонската организација на Заедницата (MACO) одржа своето генерално собрание на 13 јули во Sheldon reception. На собранието присуствуваа претставници на 30 организации од Македонската заедница во Мелбурн.

Повеќе од пет години успешно реализираат голем број важни проекти во Заедницата како што се афирмирањето на македонската храна на Македонскиот фестивал на храната, настани од историско значење како што беше и одбележувањето на 100 години од Букурешкиот договор, свеченост по повод 20 години од независноста на Македонија, учество на Мумба парадата во Мелбурн, традиционалните забави по повод 8 – март, Денот на жената и многу други .

Сепак најзначајно е тоа што ова организационо тело составено од голем број културно уметнички друштва, спортски организации,социјални, хуманитарни и други здруженија кои го сочинуваат имиџот на Македонската заедница во Викторија. Постојано активни и посветени, продолжуваат и понатаму со нови проекти за оваа година. Во тек е подготвувањето на веб страницата која ќе претставува “интернет огледало“ место каде ќе се информира, афирмира се што е поврзано со сите досегашни и идни активности на организацијата.

Од големо значење е фактот што Фестивалот на храната кој се одржува секоја година во Вилиамстеон, е еден од најпосетените фестивали од ваков вид и оваа организација ќе продолжи да ги инволвира Македонците во афирмирањето на македонската храна а истовремено и повеќе да инвестира во културни настани како и поддршка на сите активно инволвирани во Заедницата. Континуитетот на активности и воспоставување на односи со други етнички групи во Заедницата допринесува за развојот на мултикултурата во Австралија како и углед во очите на австралиската јавност.

Упорни и посветени, членовите на Македонската организација на заедницата, достојно одат по стапките на организираните движења на Македонци емигранти за кои се дознава дека биле први Македонци во Перт, Австралија во далечната 1900 година.

Организацијата е отворена за соработка со сите други здруженија во Австралија како и за зачленување на нови друштва и организации со кои би ја продолжиле мисијата за обединетост и посветено работење во интерес на целокупната македонска Заедница во Австралија .

MACO

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top