Дијаспора

Контрастите во Албанија

slave-katin

slave-katin
СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН

(ДЕЛ ОД КНИГАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА”)
ОД ПАТУВАЊАТА НИЗ АЛБАНИЈА (2)

Во бројни документи во демократските држави во светот, особено во Европската унија е запишано дека националните малцинства, кои и да се, и каде и да се наоѓаат, не еднаш, и не на едно место треба да претставуваат непроценливо богатство за зближување меѓу народите, мостови за воспоставување трајна соработка, што ќе придонесе за бришење на границите и создавање на идниот заеднички европски дом.

Во проучувањето и изнесувањето на многубројните проблеми од оваа област се ангажирани голем број експерти. За жал, ова правило не важи целосно во Албанија, чии сонародници во Република Македонија, наспроти Македонците во Албанија, уживаат толку многу права и благодети, некои и многу повеќе отколку што се пропишани со овие документи, како на политичко, национално, социјално или друго ниво. И не само еднаш, ваквите демократски права се злоупотребени, особено на политички план, додека на Македонците од православна вероисповед во Мала Преспа и на Македонците од муслиманска вероисповед во Голо Брдо, Гора и на други места ширум Албанија е неспоредлива ситуацијата, положбата и животот.

Денес Албанија, за разлика од минатиот период, е земја на спротивности. Меѓу скапите автомобили, сосема вообичаена слика е да забележите коњска запрега. Од другата страна на улицата пред хотелот „Еуропарк”, каде ноќевањето чини повеќе од 150 долари, пасат овци. Има нешто трагикомично во сите тие глетки. Како и во онаа глетка кога во дворот пред објектот во кој се одржува, на пример, прес-конференцијата на претседателот на државата, спокојно пасат крави. Никаде нема да видите на улиците, во секое време од денот, толку многу мажи кои ништо не работат, како што е тоа случај во Албанија.

Денес во Албанија за голем број Албанци, Македонци и други националности потешко се живее, нема доволно услови за нормален живот. Нема доволно работа, нема пари, нема вода…. Многу нешта се изградени, но исто така многу нешта се уништени, дури и она што беше стекнато, речиси, е загубено. Нема да навлегуваме во социјалниот, политичкиот, културниот и другиот живот, зашто нашата цел беше само да се сретнеме, да ги видиме, да разговараме и да оставиме скромен текст за животот, судбината, минатото, сегашноста и иднината на Македонците во Албанија.

Затоа тргнавме од хипотезата дека за нашата посета на Албанија, една од најважните цели се Македонците, особено во Мала Преспа, кои беа тотално отцепени од секаква можност, не само за допир со современото, туку и за контакти со македонскиот народ во слободниот дел на етничка Македонија, чиј дел се и самите тие. Тие слободно можат да се наречат херои, бидејќи со децении очајнички се бореле да преживеат не заборавајќи ги своите македонски корени. Како резултат на тоа, и покрај прекинот на односите со Југославија, што го наметна Албанија во 1948 година, Македонците во селата од Мала Преспа успеаја да ги негуваат и да ги зачуваат вредностите на националната самобитност како македонскиот народ. Всушност, тоа е прв случај на официјална употреба намакедонскиот јазикво РепубликаАлбанија. Тие постојано се бореле да ги негуваат вредностите на националната самобитност на македонскиот народ. Накусо, останаа Македонци на својата земја и огниште, со свој мајчин македонски јазик, култура, традиции, обичаи, вера, историја… 

Беше работен ден кога ја преминавме македонско – албанската граница кај Ќафасан и тргнавме по патот за Тирана,главниот градна РепубликаАлбанија кој се наоѓа во средишниот дел од земјата. Населбата била основана во 1614 година од страна на Сулејман паша, аглавен граднаАлбанијастаналво 1920 година. Патувањето беше интересно, бидејќи авторот на овие редови како секретар на Здружението на новинарите на Македонија, заедно со група новинари од бројни медиуми од Македонија за прв пат се најдоа на почвата на таа блиска, асепак, далечна земја. Целта на нашето патување во Албанија беше посета на Тирана, Корча и Мала Преспа.

Инаку, делот од Македонија познат како Мала Преспа, или Долна Преспа бил даден на Албанија по потпишувањето на Версајскиот „мировен”договор во 1919 година. Со тој неправеден договор завршила поделбата на етничка Македонија меѓу новоформираните држави: Србија, Грција, Бугарија и Албанија за потоа да започне ерата на денационализација,присилна асимилација и иселување на македонскиот народ од своите вековни корени.

При нашата посета во Албанија бевме информирани дека реалниот број на етнички Македонци во таа соседна земја е оценет на околу 200.000 лица. Притоа треба да се потенцира дека Македонците во Албанија имаат поголема слобода и човекови права од Македонците во Грција и Бугарија, меѓутоа, сепак сè уште постојат бројни прекршувања на човековите права. Албанија го признава статусот на македонското етничко малцинство. Уште од 1945 година во Мала Преспа започнала настава на мајчин македонски јазик во основното образование до петто одделение, образование за кое биле издадени учебници од страна на државата.

Се очекува дека правото на настава на својот мајчин јазик, во согласност со меѓународните стандарди, исто така, да биде продолжено со учениците од македонска  етничка припадност и во другите делови на Албанија. Тоа значи дека Албанија во согласност со договорите за соработка во областа на образованието потпишани пред повеќе години се обврзува да воведе настава на македонски јазик во средното и во високото образование, односно на факултет.

Треба да се нагласи дека Македонците во Албанија имаат неколку организирани и активни здруженија и партијата „Македонска алијанса”, но можностите за политичка активност се мали, бидејќи државата не дава финансиска поддршка на нивните организации. Уште од 1993 година започнало да излегува првото периодично списание на македонски јазик, „Мир”, а потоа „Преспа”и други, а има радио и телевизиска програма и на македонски јазик.

Меѓутоа, исто така, треба да се потенцира дека позицијата на етничките Македонци во Албанија е далеку од онаа на етничките Албанци во Македонија. Додека во Македонија етничките Албанци се и министри и пратеници во Собранието и нивната голема партија е коалициски владин партнер, Македонците во Албанија сė уште немаат можности за вистинско политичко учество. За жал, не постојат етнички македонски пратеници, а мал број од Македонците се застапени во институциите на државната власт и локалната самоуправа.

Кога се зборува за прашањето на статусот и положбата на етничките Албанци во Македонија и оние на етничките Македонци во Албанија, Македонија досега никогаш не инсистирала на реципроцитет, туку ги сметала правата на албанското малцинство како еден од клучните фактори на нејзината демократија. Но, мора да се разбере дека Тирана не може неограничено да го бара невозможното од Македонија, додека правата на етничките Македонци во Албанија остануваат под најелементарно ниво. И пописот, кој за жал не се спроведува во Република Македонија, а во Албанија и покрај тоа што се изврши со учество на европски и меѓународни институции, не го покажа вистинскиот етнички состав на населението во оваа земја.

tirana

Центарот наТирана

Најново од: Дијаспора

Гордана Димовска: Клучни информации за гласањето во Викторија

Денес, сабота, 28 ноември 2026 година, се одржуваат редовните  шеесет и први државни избори во сојузната држава, Викторија. Се одржуваат континуирано од 1856 година, кога Викторија воспоставила дводомен парламент со одговорна влада. Тие доаѓаат по изборите во ноември 2022 година (60-ти парламент), а новоизбраните 88 пратеници во Долниот дом и 40 членови во Горниот дом […]

Македонскиот фестивал на културата во Williamstown ги обедини Македонците во Викторија

Како што е познато во Австралија секоја година се одржуваат фестивали на храната и масовно се прифатени од Македонската заедница во било кој град да се одржуваат. Во Викторија, Фестивалот на македонската култура во Вилиамстеон е секогаш со радост дочекуван затоа што е место каде се слави нашата култура, традиција, јазик, оро и песна. Токму […]

Друштва и асоцијации на македонските иселеници во САД од 2000 година до денес

Македонците во Соединетите Американски Држави се организирани во македонските православни цркви и во различни друштва и асоцијации. Така, според делото „Македонците во САД и во Канада“ од авторот на овие редови, во период од 2000 –та година до денес се формирани голем број македонски друштва и друг вид асоцијации во САД. Овие значајни македонски асоцијации […]

Илјадници наши иселеници летово во Македонија

Фиданка Танаскова Посети и дружење за незаборав Д-р Ицо Најдовски Перин од Мелбурн помина два месеца во родната земја, исполнети со средби, патувања и дружење. Летово, во своја Македонија, на балканската крстосница во јужниот дел на Европа, допатуваа илјадници наши сонародници од различни генерации, кои низ годините заминале на разни страни од светот. Оживеаја многу […]

Градот Мелбурн им се извини на Македонците

Градскиот совет ги покани македонските играорци повторно да настапат на парадата Мумба во 2027 година, со дозвола да го истакнат знамето со Ѕвездата од Кутлеш.   Градот Мелбурн на 16 ноември 2026 година официјално ѝ се извини на македонско-австралиската заедница поради одлуката со која во март на македонските учесници на парадата Мумба им беше забрането […]

Мито Алексовски од Полска во 2010 година: Името Македонија му припаѓа на македонскиот народ

Името и другите државни вредности на Македонија не се приватни сопствености на политичарите а, ни на било која партија. Тоа се сопствености на целиот македонски народ. Исто така тоа не е стока за продавање и не постои  начин не можат да бидат тема на политички разговори или дипломатски трговии. Кој го прави тоа е предавник […]

Се одржа Јубилејна „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип

Јубилејната „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип ги собраа Македонците од Грција, Бугарија и Албанија, како и Македонците од Егејска Македонија кои денес живеат во Република Македонија. Од средбата беше упатена порака за зачувување на македонскиот идентитет, поцврсти врски меѓу заедниците и поголемо внимание од институциите кон нивните права. Едмонд Темелко, поранешен градоначалник на […]

Апел на Друштвото на Македонците во Полска од 28 мај 1994 година

Друштво на Македонците во Полска Гдањск, 28 мај 1994 година До Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија АПЕЛ Ние, Македонци – бегалци од егејскиот дел на Македонија, здружени во Друштвото на Македонците во Полска, апелираме до Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија да не се откажуваат од името „Република Македонија“, знамето, сонцето – […]

To top