Дијаспора

Славе Николовски – Катин: Од патувањата низ Албанија (3)

slave-katin

slave-katin
СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ-КАТИН

ДЕЛ ОД КНИГАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА”

ВО ДОМОТ НА ПИСАТЕЛОТ СТЕРЈО СПАСЕ

При нашата посета на Тирана бевме сместени во хотелот „Еуропарк“ во центарот на градот и тргнавме да го видиме тој за нас непознат град и свет. Се чинеше дека во тој кус период не можевме многу да видиме. Но, во сеќавање ни остана средбата со едно македонско семејство. Имено, во Тирана го посетивме домот на семејството на познатиот и признат писател Стерјо Спасе, во чиј дом бевме примени со љубов и топлина, со македонско гостопримство.

Инаку, Стерјо Спасе е еден од најпознатите романсиери во Албанија. Тој е од македонско потекло и е роден во 1914 година во селото Глобочени, Општина Пустец, Мала Преспа. Се школувал во Корча и Елбасан, потоа студирал педагогија во Флоренца во Италија, а магистрирал во поранешниот Советски Сојуз. По Втората светска војна работел како книжевен критичар, а пишувал за бројни албански списанија. Починал во Тирана во 1989 година.

Стерјо Спасе ја започнал својата писателска кариера кога бил наставник во селското училиште во Дервичане во близината на Гирокастро. Тој е автор на дванаесетина позначајни романи на албански јазик. Романот „Тие не беа сами“ (“Ata nuk ishin vetëm”) (1952) на Стерјо Спасе е објавен и на македонски јазик во 1989 година во превод на
познатиот учител во Мала Преспа, Никола Беровски. Исто така, Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ и Институтот за национална историја од Скопје, го објавија на македонски јазик делото на Стерјо Спасе под наслов „Македонски народни песни од Мала Преспа“ (1992), што го подготви д-р Благој Стоичовски. spase

Писателот Стерио Спасе

Посетивме и бројни други културно-историски споменици од минатите времиња кои зборуваат за животот, постигнувањата, тагата… Ја видовме и православната црква во центарот на Тирана и квартот на луѓето од власта кои се школувале по светот, а го оставиле својот народ во мрак.

При нашата посета во Тирана ги потврдивме нашите податоци дека Македонците се едно од малцинствата во Албанија кои претежно живеат покрај албанско-македонската граница во Мала Преспа, Голо Брдо и Гора, а ги има и во Корча (Горица), Елбасан, Драч, Тирана и други места. Така, во областа Голо Брдо во 1924 година, дванаесет години по формирањето на Албанија, била поделена меѓу тогаш-на Југославија и Албанија. Во Албанија областа Голо Брдо територијално е поделена на три општини: Требишта, Острени и Стебљево, со 16 села чисто македо-нски. Во општините Острени и Требишта живеат исклучително само Македонци, а во Општина Стебљево населението е етнички мешано и Македонци и Албанци. Во областа, пак, Долно Поле, по на север од Голо Брдо во Општината Маќеларе останати се само три македонски села и тоа Горно Крчиште, Долно Крчиште и Ербеле, кои во 1924 година Албанија ги добила од тогашна Југосла-вија во размената на територии по граничната линија.

Инаку, Македонците муслимани се етнички Македонци кој зборуваат македонски јазик и се познати под повеќе различни имиња. Македонците муслимани живеат во Република Македонија, во Албанија, на Косово, во Турција и на други места.

Македонците со исламска вероисповед се мнозинство и во македонските етнички територии надвор од границите на Република Македонија, особено во областите Гора во Албанија и Косово и во Голо Брдо во Албанија. Поради тоа што овие луѓе се Македонци, нивните здруженија и организации постојано апелираат да се престане со употребата на разните имиња (кои често имаат погрдно значење) и за нив да се користи само името Македонци бидејќи тоа и се.

Главна карактеристика за сите нив е што го зборуваат македонски јазик во дијалектна форма според регионот во кој живеат. Но сепак поради различноста на регионите во кои живеат секоја група има задржано свои специфични етнолошки и други карактеристики.

Првите податоци за исламизирањето во Македонија датираат од средината на XV век. Отпрвин примањето на исламот било доброволно и најчесто во ислам преминувале оние луѓе кои имале големи имоти и кои биле побогати со цел да ги зачуваат своите имоти и богатства од одземање од страна на Турците. Еден дел од Македонците христијани го примиле исламот со цел да ја задржат земјата и имотот и понатаму братски во задруги да ја обработуваат со своите роднини кои останале христијани. Подоцна имало и присилна исламизација, а денес, пак, се јавуваат нови форми на однародување на Македонците – муслимани од своето македонско ткиво, што се врши со големите националистичките апетити.

Денес Македонските муслимани од Гора (Горанци) во Косово официјално побараа да бидат вклучени во новиот предлог за уредувањето на Косово како посебна македонска национална заедница, со гарантирани пратенички места, со овозможено образование на мајчин македонски јазик и давање на културна автономија на областа Гора.

Голо Брдо, пак, е претежно планинска област во источниот дел на Република Албанија. Населението во овој регион е македонско, од кои мнозинството се со исламска вероисповед. Македонците од овој дел на Албанија се организирани во здружение наречено „Мир“. Тие се борат за добивање на своите човекови и национални права и имаат надеж и веруваат дека тоа ќе им се оствари во блиска иднина.

Во утринските часови ја напуштивме Тирана и тргнавме кон Корча и Мала Преспа. Беше убав и топол јунски ден кога пристигнавме во Корча, град којшто по многу нешта наликува на Битола. Тој е распространет на јужната страна на плодното Корчанско Поле. Во минатото, овој град бил еден од најзначајните трговски центри на тие балкански простори, со кој луѓето од Лерин, Битола, Охрид, Струга, Поградец, Костур, Ресен, Љубојно, Герман и од други места имале многу блиски и одлични трговски врски со заедничко живеење.

Денес градот Корча е административен и културен центар и еден од поубавите и позначајните поголеми градови во Албанија. Во него има неколку индустриски капацитети, меѓу кои, термоелектрана, фабрика за шеќер и фабрика за пиво, од кои и покрај тоа што некои од капацитетите се со стара технологија и со низок степен на продуктивност, сепак, претставуваат значаен дел на албанската индустрија.

Во Корча останавме една вечер во хотелот што се наоѓа во центарот на градот и претставува единствен туристички објект од таков вид. Таму се сретнавме со група Македонци кои чекале подолг период само да се видиме и да разговараме. Средбата беше блиска, пријателска, но трогателна. Секој сакаше да се поздрави, да каже или да праша нешто. „Јас сум Македонка од Корча; а и јас сум од Корча, ама моите се од Долна Преспа; јас сум Македонец од Билиште од…“ се слушаа овие зборови. А потече и некоја солза, но овој пат од радост, од возбудата предизвикана од средбата со свои луѓе.

1

Македонско оро од Требиште

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top