Дијаспора

Античката историја на Македонија и Балканот во делата на западните автори (8 дел)

anticka-istorija-janko-tomov

(од фалсификати до коректно презентирање)

Пишува: Јанко ТОМОВ

anticka-istorija-janko-tomov

Пишувања во врска со историјата

“Во меѓувреме во Теба се случија некои настани.Некои личности  со намера да ја соборат власта  повикаа  одреден број политички емгранти да се вратат назад. Овие луѓе влегоа во градот ноќно време, при што ги заробија и ги убија Аминта и Тимолај (Македонци – претставници на македонската власт во Теба, з. м.)… Потоа тие се претставија себеси на Советот и ги повикаа Тебанците на востание против Александар. Користејќи ги умешно старите добри зборови “слобода” и “автономија” тие ги  повикаа Тебанците на отфрлување на  товарот  на македонскиот јарем”.

Да го кажеме и тоа дека Гркот Аријан, иако живеел на крајот  првиот и во вториот век по Христа, своите записи за Александар Македонски ги создал врз основа на постари записи, направени од современици на Александар Македонски, кои денес не се сочувани.

Во продолжение Аријан пишува дека и Атињаните посакале да се приклучат на Тебанците, а овде секако дека биле и споменатите Лакадемонци (Спартанци). Но, Александар жестоко го задушил востанието на Тебанците, што било поука и за сите останати Грци. Теба била срушена до темел, а мнозина од востаниците и од нејзините жители биле убиени. Се смета дека биле убиени околу шест илјади Грци-Тебанци.

Омразата на мнозинството Грци кон нивниот окупатор Македонија доаѓала до израз и во многу други прилики. Така, на пример, Александар Македонски се биел против Грци  во првата посериозна битка против Персија, позната како битката кај Граник. Во оваа битка Александар заробил околу 2000 Грци, кои се бореле на стра-ната на Персија.

Можеби поради сето ова, во ударните единици на Македонската војска, т.е. во познатата Македонска фаланга, никогаш ниту еден Грк не бил поставен како заповедник.

Ќе наведеме уште едно фундаментално сведошто за тоа колку Грците и Македонците се сакале во тие времиња. Имено, по расчистувањето на односите до грчките градови на територијата на денешна Грција, Александар Македонски навлегол во Азија, т.е. на територијата на тогашна Персија. На тогашниот западен брег на Персија (денешниот западен брег на Турција што излегува на Егејско Море), тогаш имало поголем број грчки градови, кои биле окупирани од Персија. Населението во овие градови било грчко, па според тоа, кога Александар навлегол во Персија, ова население би требало да го дочека како свој ослободител од персиското ропство. Дури и самиот Александар верувал дека Грците од овие градови ќе се радуваат на неговото доаѓање, затоа што не само што ќе ги ослободи од Персија, туку и ќе им го врати хеленскиот дух и повторно ќе ги спои со останатите грчки градови, од кои, насилно биле одделени. Но,не само што не се случило тоа, туку и се случило сосема спротив-ното. Грчките градови во Мала Азија го дочекале Александар како нов поробител поради што му се спротивставиле со сите свои сили! Најжесток отпор на Македонците им пружил градот Милет. За карактерот на овој град, за неговото спротивставување на Македонците и за вчудовиденоста на Александар македонски од ваквата постапка на Грците од Милет, Артур Вајгал (цит. дело, стр. 182), пишува:

“Милет бил еден од главните центри на јонските Грци, неговата цивилизација била грчка, неговиот заповедник бил Грк од Грција. Оваа личност во првиот момент  покажала желба да се спогоди со Александар, но подоцна, решила да му остане лојална на својот вазален господар Дариј… Тие немале желба да добијат така-наречена слобода”.

И понатаму:

“Александар престанал да се однесува како грчки ослободител и ја презел поумната улога на македонски освојувач”.

Но, Милет не бил единствениот малоазиски грчки град што пружил отпор на Македонците. Ист таков отпор пружил и грчкиот малоазиски град Халикарнас. Главен бранител на овој град бил Гркот Мемнон, кој претходно се борел против Александар Македонски и во битката кај реката Граник, на страната на Персија. Мемнон дури испратил и писмо до Дариј, велејќи му дека ќе остане до смрт верен на Персија, а воедно примил и тајна помош од Атина. Но, по жестока борба, Македонците го освоиле и овој град, а Мемнон избегал, но подоцна умрел во Метилена од болест. Неговата жена Барсина подоцна му станала жена на Александар Македонски.
 
П р о д о л ж у в а

Најново од: Дијаспора

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Најнови вести

To top