Дијаспора

Античката историја на Македонија и Балканот во делата на западните автори (9 дел)

anticka-istorija-janko-tomov

(од фалсификати до коректно презентирање)

Пишува: Јанко ТОМОВ

anticka-istorija-janko-tomov

Пишувања во врска со историјата

Ваков бил и случајот и со грчкиот град Соли, кој се наоѓал на Родос. И Грците од овој град не сакале ни да слушнат за Александар, а камоли да го пречекаат овој туѓинец како свој ослободител. Поради тоа, откако влегол во овој град Александар им наметнал на граѓаните тешки давачки.

Поради сето ова се поставува прашањето: до колку Македонците биле Грци, зошто тогаш грчките градови и население, кои биле поробени од Персија им пружале толку голем отпор на Македонците? Нели би требало тие да се радуваат на своето ослободување? Да речеме дека до некаде бил оправдан отпорот на грчките градови-држави на територијата на денешна Грција против Македонија. Атина, Теба, Спарта и другите, сепак имале некаква своја самостојност, која им била одземена од Македонците, но како да се објасни отпорот против Македонците од страна на грчките градови и население од Мала Азија, кои се наоѓале под персиска власт? Овие Грци својата радост кон туѓите Македонци ја искажале со жесток отпор против нив, поради што и мнозина од нив платиле со животите.

Уште подрастичен пример за омразата на Грците кон Македоцните бил случајот со битката кај Ис, кога на страната на Персија, против Александар Македонски, се биеле дури триесет илјади Грци и тоа како елитни единици во составот на Персиската војска! По победата на Александар, некои од нив биле заробени, но над 8.000 успеале да побегнат во планините. Самите Грци во грчките градови на територијата на денешна Грција со голема потиштеност ја примиле веста за победата кај Ис од страна на Македонците.

Сето ова го опишува токму грчкиот историчар Аријан (цит. дело, стр. 115), кој вели:

“Кога Дарие разбрал дека Александар се движи напред за да нападне, тој испратил уште триесет илјади планински единици и дваесет илјади лесна пешадија преку реката Пинарус… Распоредот на неговата војска беше следниот: авангардата на неговата тешка пешадија беа неговите триесет илјади грчки наемници,кои беа распоредени токму наспроти Македонската пешадија, како и шеесет илјади припадници на Персиската тешка пешадија, познати како “Кардаки”, кои беа бочно распоредени и кои требаше да им дадат поддршка”.

Подоцна, за време на битката, најжестокиот судир бил токму помеѓу Македонците и Грците, а главна причина за тоа, покрај другото, била токму големата омраза помеѓу нив. Во врска со ова Аријан (цит. дело, стр. 119) пишува:

“Почнала жестока борба. Дариевите Грци се бореле со цел да ги потиснат Македонците назад кон реката и да ги задржат позициите на своето лево крило, кое веќе почнало да се повлекува, додека Македонците, во нивното свртување, со јасниот успех на Александар што го гледале со свои очи, се обидувале да го достигнат  неговиот успех… Судирот беше уште повеќе загорчен благодарение на старото расно ривалство помеѓу Грците и Македонците”. (Подвлекувањето е мое, з.м.).

Коментар на овој  извадок до грчкиот историчар Аријан мислам дека не е потребен

Подоцна, во битката кај Гавгамела против македонската војска, на страната на Персијанците исто така учествувале илјадници Грци. Аријан (цит. дело, стр. 158) пишува дека, од три илјади планински единици, кои го изградиле мостот на реката Таксапус, дури две третини биле грчки платеници.

Поради сето ова, навистина е смешно кога денешната грчка пропаганда тврди дека војската на  Александар Македонски наводно била грчка. Каква е таа грчка војска, која се биела против илјадници Грци, припадници на  персиската војска? И зошто Грците се биеле на страната на Персија, до колку војската на Александар и навистина била грчка? Се знаат вековните непријателства меѓу Персијанците и Грците, па оттаму нема никаква логика десетици илјади Грци да се борат на страната на Персија опротив сопствената војска. Одговорот на овие прашања е еден и единствен! Огромен број Грци ја мразеле Македонија повеќе и од својот вековен непријател Персија, штом дури решиле и да учествуваат на нејзина страна во војната против Македонците.

 П р о д о л ж у в а

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top