Дијаспора

Античката историја на Македонија и Балканот во делата на западните автори (10 дел)

anticka-istorija-janko-tomov

(од фалсификати до коректно презентирање)

Пишува: Јанко ТОМОВ

anticka-istorija-janko-tomov

Пишувања во врска со историјата

Се знае и тоa дека Грците честопати пружале отпор против македонската окупација на нивната земја. Грчкиот историчар Диодор Сицилијанецот ова го опишал мошне сликовито:

“Во оваа година (околу 330 пред Христа з.м.) во Грција стигнаа вестите за битката близу Арбела и многу грчки градови беа растревожени од растежот на македонската моќ, така што решија да се борат за својата слобода се додека случајот со Персијанците беше актуелен. Тие очекуваа дека Дарие ќе им помогне, поради што му испратија голема сума пари. Тие се надеваа дека ќе ги спојат обете војски, така што Александар ќе требаше да ја раздели својата војска за да им се спротивстави. Од друга страна, доколку Грците останеа само како неми набљудувачи на поразот на Персијанците, тие тогаш ќе останеа осамени без никаква шанса да размислуваат за својата слобода. Лакадемонците (Спартанците, з.м.) тогаш се побунија и упатија повик до Грците да се обединат во борбата за слобода”. (Диодор, 17.62.1,  17.62.3 и 17.62.6).

Значи, еве уште едно диреткно античко сведоштво, од кое се гледа не само фактот дека тогашните Грци се чувствувале окупирани од Македонците, туку и огромната омраза што тие ја чувствувале кон нив. Грците биле подготвени дури и да се спојат со своите вековни непријатели Персијанците, само за да  се ослободат од македонската окупација. Инаку, отпорот на Грците бил скршен од македонската војска, при што загинале над 5.300 Грци.

За јасните разлики помеѓу Македонците и Грците пишува и античкиот  грчки историчар Диодор Сицилијанецот. Тој опишува една случка поврзана со ранувањето на Александар Македонски во една битка, кога не се знаело дали тој ќе преживее. Кога слушнале за ова Грците, кои биле оставени да живеат во средно-азиските области Бактрија и Согдијана, помислувајќи дека Александар е мртов, се побуниле против Македонците, сакајќи да се вратат назад во својата татковина. За ова Диодор (17.99.5 – 17.99.6) пишува:

“Со денови царот лежеше беспомошен и под надзор. Грците, кои беа оставени во Бактрија и Согдијана и кои беа несреќни и се досадуваа живеејќи помеѓу луѓе од друга раса, разбраа дека кралот умрел од здобиените повреди и се побунија против Македонците. Тие се собраа околу три илјади мажи.На патот кон дома претрпеа многу тегоби, а по смртта на Александар сите  беа масакрирани од Македонците”.

Диодор пишува и за бунтот во самите грчки градови против Александар, кој бил предводен од Леостенес.

Подоцна,  по смртта на Александар Македонски, Грците биле едни од првите народи што се кренале на востание против македонската окупација на нивната земја.

Инаку факт е и дека бројни Грци учествувале на страната на Македонската војска, но како засебни единици, при што, во наративните извори од  тоа време биле јасно издвојувани од Македонците.

Македонците и Грците на неколку места одделно ги споменува и латинскиот историчар Квинтиј Куртиј Руф. Во врска со покорувањето на азиското племе Арахоси и во престојот во нивната земја, К. К. Руф пишува:

Таму (Александар, з.м.) ја соединил војската што била под заповедништво на Парменион. Тоа биле шест илјади Македонци, двеста благородници и пет илјади Грци со шестстотини коња-ници. (К.К.Руф, цит. дело, стр. 292).

И овде гледаме дека дека Македонците одделно се спомнати од Грците (под чие име, К.К.Руф ги третирал сите народи кои живееле во тогашните грчки градови-држави).

И Плутарх ги споменува одделно Грците и Македонците во својата биографија за Александар Македонски (глава 47).

 П р о д о л ж у в а

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top