Дијаспора

Од патувањата низ Србија (4)

slave-katin

slave-katin
СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ-КАТИН

ДЕЛ ОД КНИГАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА”

ПРИЗНАНИЈА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ШИРУМ СРБИЈА

Со распадот на поранешна Југославија сите народи од другите републики, меѓу кои и Македонците што живееја во Србија, станаа малцинства и мораа да се организираат заради остварување на своите малцински права, според Уставот, републичките закони како и актите на локалните самоуправи во Србија. До тоа време никој не прашуваше кој сте и од каде сте, но, сепак, имаше регионални дружења со забавен карактер. Така, на пример, постоеја црногорски, македонски, лички, ромски и други вечери на кои луѓето се среќаваа, веселеа и го ширеа кругот на пријателство.

Во овој период, покрај македонските институции, во Војводина, кои работеле со успех во период од седумдесетина години, Македонците како малцинство во Србија имаат свои нови македонски организации, друштва, клубови, училишта, фолклорни групи и друг вид асоцијации, кои влеваат надеж дека состојбата ќе се подобри и дека ќе имаат посреќно утре.

Меѓу другите, треба да се споменат следните: Националниот совет на Македонците во Република Србија, Списанието „Македонска виделина“, Здружението „Гоце Делчев“ – Врање, Пејачката женска група „Тоше Проески“ во Качарево, Клубот „Илинден“ во Јабука, Здружението „Бели мугри“ во Пирот, Домот на културата „Кочо Рацин“ и Основното училиште „Гоце Делчев“ во Јабука, Здружението „Македониум“ од Белград, Здружението „Гоце Делчев“ од Врање, Културно-уметничкото друштво „Васил Хаџиманов“ во Јабука  и други. Се чини дека најголем успех е воведувањето на македонскиот јазик да биде во јавна (службена) употреба во локалната управа на Општината Пландиште кај Вршац и избор на пратеник од македонската заедница во Собранието на Србија.  

Во Белград бевме гости на академикот проф. д-р Антоније Шкокљев–Дончо. Тој е еден од оние доблесни Македонци кој својот живот го посветил на науката, на здравјето на луѓето, на напредокот на новите генерации во областа на медицинските науки, на палеолингвистиката и на древните корени на народите на Балканот. Во исто време, тој е посветен на добрите односи меѓу Србија, каде го поминува најголемиот дел од животот и на Македонија, неговата родна земја. Тој, како човек со голема љубов кон своите две татковини – Србија и Македонија, како тој умее да го каже, дал извонредно голем придонес во развивањето на српско-македонските односи и врски, пред сè, на научно и на публицистичко поле.

Животниот пат на академик проф. д-р Антоније Шкокљев-Дончо започнал во познатото македонско револуционерно село Д’мбени – Костурско, во егејскиот дел на Македонија. Селото во кое се родени плејада предвоени македонски борци и интелектуалци, кои се бореле за афирмација на македонските идеали. Во Д’мбени се родил и најголемиот донатор од македонската дијаспора, Атанас Близнаков, кој живееше во Гери, Индијана, во САД, и кој за иднината на македонската младина, за студентите, ја формира најголемата фондација во Република Македонија, Фондацијата „Близнаков“ на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.

За академик Шкокљев Белград е градот на животот, љубовта, науката, напредокот… Таму тој го завршил Медицинскиот факултет и специјализирал максилофацијална и орална хирургија на Воено медицинската академија во Белград и станал доктор на медицински науки. Тој е основач и организатор на Клиниката за максилофацијална и орална хирургија на Воено медицинската академија (ВМА), потоа бил доцент и редовен професор. Како воен стручњак и професор на Воено медицинската академија во Белград, добива чин  генерал-мајор.

Антоније Шкокљев присилно ја напуштил својата родна земја – Македонија, но спомените, мислата, љубовта, тагата и патриотскиот дух кон татковината и својот македонски народ не го напуштиле. Проникнувањето на овие хоризонтали во животот на академик проф. д-р Антоније Шкокљев-Дончо, ја откриваат сликата за библиската природа на земјата на неговото потекло сместена на балканските простори. Затоа, покрај неколкуте стотини стручни и научни истражувачки трудови, десетте стручни и други книги, уште како млад научник, започнува да се занимава со палеолингвистички истражувања за Балканот. Со голема љубов и познавање на повеќе светски јазици навлегува длабоко во историското минато на Балканот, особено на Македонија, со цел да даде свој придонес за вистината на Македонија и македонскиот народ во античкиот период.

Триесетина години се занимава и со лингвистички истражувања на Балканот, посебно за Србија и Македо-нија. Поаѓајќи од сопствените, оригинални претпоставки дека во врска со една од најстарите докажани циви-лизации во Европа, како што е Лепенски Вир, постои и јазик кој одговарал од тоа време, за што се публикувани многу интересни оригинални пронајдоци, смета дека таков јазик постоел и во другите древни културни цивилизациски центри во Македонија и пошироко на Балканот.

Животот и делото на академик проф. д-р Антоније Шкокљев-Дончо е тесно поврзан со научната и со публицистичка мисла на македонскиот и на српскиот народ. Тој ја потврди желбата на секој Македонец, без разлика од кој дел на Македонија припаѓа, да го промовира својот национален идентитет и земјата на неговите предци. Неговите научни, едукативни, историски, културни и други активности, оставаат длабоки траги во неговите две татковини, Република Македонија и Република Србија.

akademok-anotonije-skoklev-donco
Академик Антоније Шкокљев – Дончо

balkans

Најново од: Дијаспора

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

To top