Дијаспора

ТЕАТАРОТ ОД СИДНЕЈ ГИ РАСПЛАКА И НАСМЕА МАКЕДОНЦИТЕ

Mane_6

mane 3Турнеја во Мелбурн и Џилонг

Австралиско македонскиот театар од Сиднеј со познатата престава „Борење со мечка“ од Душан Ристевски во режија на Стефо Нанцу, престојуваше во Мелбурн, и тоа на 30 август, во Престон, се дадоа две престави и една во недела, на 31 август, во Џилонг. На преставата во Престон престојуваше и македонскиот конзул Бети Коруновска со својот сопруг.

Присутните беа воодушевени од професионалниот настап на глумците (Васко, Ирена, Никола, Валентина, Стефани, Јаворка, Самоил, Владо) кои преку карактерите дадоа една реална слика за две македонски семејства кои се борат со најтешката болест во својот живот. Со изведбата во Џилонг се најави симнување од својот репертоар на ова престава која инаку беше изведена 22 пати од кои три изведби беа дадени на англиски јазик за пошироката австралиска публика.

Пред самата престава во Џилонг, Др Ирена Вељанова ги престави двете наградени книги на поетите Иван Трпоски и Душан Ристевски. Инаку овие автори исто така беа преставени на 29 август на средбата со членовите на Литературното друштво „Браќа Миладиновци“ во Фудбалскиот клуб Престон-Македонија во Мелбурн.

Најголем поткрепител за одржување на овие престави ги даде Macedonian Community Welfare Association од Мелбурн и нивниот персонал предводен од Диана Стерјовска како и Игор Павловски од весникот Today – Денес.

Македонскиот театар од Сиднеј најавува нова престава за ноември оваа година под име „The Fence – Ограда“ а за почетокот на идната година на сцена ќе ја постават комедијата „Др Жими мајка“, двете од драматургот Душан Ристевски.

Иван Трпоски

mane 1

Фото: Конзулката Бети Коруновска со дел од членовите на Театарот од Сиднеј

Најново од: Дијаспора

Гордана Димовска: Клучни информации за гласањето во Викторија

Денес, сабота, 28 ноември 2026 година, се одржуваат редовните  шеесет и први државни избори во сојузната држава, Викторија. Се одржуваат континуирано од 1856 година, кога Викторија воспоставила дводомен парламент со одговорна влада. Тие доаѓаат по изборите во ноември 2022 година (60-ти парламент), а новоизбраните 88 пратеници во Долниот дом и 40 членови во Горниот дом […]

Македонскиот фестивал на културата во Williamstown ги обедини Македонците во Викторија

Како што е познато во Австралија секоја година се одржуваат фестивали на храната и масовно се прифатени од Македонската заедница во било кој град да се одржуваат. Во Викторија, Фестивалот на македонската култура во Вилиамстеон е секогаш со радост дочекуван затоа што е место каде се слави нашата култура, традиција, јазик, оро и песна. Токму […]

Друштва и асоцијации на македонските иселеници во САД од 2000 година до денес

Македонците во Соединетите Американски Држави се организирани во македонските православни цркви и во различни друштва и асоцијации. Така, според делото „Македонците во САД и во Канада“ од авторот на овие редови, во период од 2000 –та година до денес се формирани голем број македонски друштва и друг вид асоцијации во САД. Овие значајни македонски асоцијации […]

Илјадници наши иселеници летово во Македонија

Фиданка Танаскова Посети и дружење за незаборав Д-р Ицо Најдовски Перин од Мелбурн помина два месеца во родната земја, исполнети со средби, патувања и дружење. Летово, во своја Македонија, на балканската крстосница во јужниот дел на Европа, допатуваа илјадници наши сонародници од различни генерации, кои низ годините заминале на разни страни од светот. Оживеаја многу […]

Градот Мелбурн им се извини на Македонците

Градскиот совет ги покани македонските играорци повторно да настапат на парадата Мумба во 2027 година, со дозвола да го истакнат знамето со Ѕвездата од Кутлеш.   Градот Мелбурн на 16 ноември 2026 година официјално ѝ се извини на македонско-австралиската заедница поради одлуката со која во март на македонските учесници на парадата Мумба им беше забрането […]

Мито Алексовски од Полска во 2010 година: Името Македонија му припаѓа на македонскиот народ

Името и другите државни вредности на Македонија не се приватни сопствености на политичарите а, ни на било која партија. Тоа се сопствености на целиот македонски народ. Исто така тоа не е стока за продавање и не постои  начин не можат да бидат тема на политички разговори или дипломатски трговии. Кој го прави тоа е предавник […]

Се одржа Јубилејна „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип

Јубилејната „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип ги собраа Македонците од Грција, Бугарија и Албанија, како и Македонците од Егејска Македонија кои денес живеат во Република Македонија. Од средбата беше упатена порака за зачувување на македонскиот идентитет, поцврсти врски меѓу заедниците и поголемо внимание од институциите кон нивните права. Едмонд Темелко, поранешен градоначалник на […]

Апел на Друштвото на Македонците во Полска од 28 мај 1994 година

Друштво на Македонците во Полска Гдањск, 28 мај 1994 година До Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија АПЕЛ Ние, Македонци – бегалци од егејскиот дел на Македонија, здружени во Друштвото на Македонците во Полска, апелираме до Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија да не се откажуваат од името „Република Македонија“, знамето, сонцето – […]

To top